Дај ова Емина нека ми каже која и е тајната што така брзо се расплакува, некогаш навистина ќе ми притреба?
Го понесе атмосферата Маид, и ме наежи! И мене ми се наполнија очите со солзи, така едно пријатно чувство ме облеа. Се гледа дека има прекрасна атмосфера во Арената
Можеби ќе звучам злобно, ама кога го слушнав Маид одма на памет ми падна дека ако не друго ќе си обезбеди гласови од тие што слушаат турбофолк. Па добро бе, ова е X Factor не локално кафанче... Па колку и да незнаеш англиски, ќе се потрудиш една песна да научиш. П.С Ма немојте ве молам со солзи и лигавење, и тој и Емина(како и секогаш)
Песната ми измами многу солзи, посебно што ја пееше со најмногу емоција. Мислам дека негде беше спомнато дека мајка му е почината. Затоа и заплака. Браво, ми се допадна изведбата. Според мене тој му е единствена конкуренција на Даниел.
А зошто сте запнале со тоа дека Маид пее турбофолк? Песните на Здравко Чолич не се турбофолк. Човекот си избра насока, знае што може да пее и си тера така. И баш е интересен на сцената. За разлика од Лукијан, кој на моменти навистина ме разочарува.
Да, почината е, само вероватно јас имав поинакво очекување. Ама како и да е, тој останува мој фаворит. Го обожавам неговиот глас и се. И ма дајте луѓе, музикава не е турбо-фолк, што запнавте?