Аман од ова турбо фолк та турбо фолк. Вие секоја српска песна ја ставате у ист кош - турбо фолк. Здравко Чолиќ, па и Дино Мерлин не пеат турбо фолк. И доста со тоа “ова X фактор е а не кафанче“, па може X факторот да го има и пеач на народна музика, никаде нема правило дека само забавно се пее. Ланскиот X - фактор во Америка победи 50 + годишен пеач на country музика. Победи! Што значи на никој не му беше гајле каков музички стил има пеачот! Кога сум веќе на темава, морам оваа Тамара да ја искоментирам, значи поима да се немало од пеење. Ужасно е, не само што фалшира туку и нема воопшто убав глас и високи тонови не може да фаќа. Полошо и од Мајли ја испеа песната Кокошка, не знам како стигна до тука
Се знаеше на кој натпреварувач ќе ечеше најмногу публиката -Ни мене сеуште не ми е стигната повратната порака Тамара стварно ја утна песната за финале, или мене така ми се чини ?
Каква награда бре,алоооооооо каков егзит.Нормални се овие?Сериозни се??? Не не не оваа има јаки врски некои,лелелеле ако победи оваа незнам .Еве јавно кажувам ќе се отрујам.
Ужас, не ја знам зошто бира таква песна кога знае дека не може да ја испее. Или пак овие фановите многу лажна надеж и дадоа, сега е уфилмана.
Изгледа се плаши жириво да ја искритикува Тамара да не изврши самоубиствен напад или да не ги нападне нив. Па уште господичнава ја издвојуваат да настапува на Егзит. Е ако победи, мене лекови ќе ми требаат!!!
Песна од Мајли во суперфиналее ??????? На Тамара уште една топка за да се ниша и требаше...И баш Мајли...
Си ја осигура иднината Тамара со посебна публика и посебен стил на музика. Ајде уште Маид до победа сега!
Со сета почит кон Даниел, ама Маид како испеа, немам зборови на гз паднав. Страхотно! Тамара па од сите лоши настапи, овој и беше најлош, шминкана па за у бордел.
Тамара најлошо испеа од сите суперфиналисти... Но, се гледа дека ќе биде победник...Уште со онаа со Exit... Ај сега да си кажам за сите што мислам: Доктори - Можеби нивниот најдобар настап досега. Не знам зошто имав нешто против дечкиве порано. Секако заслужуваат да одат понатаму. Лукијан - Абе арен беше, но не ми е многу симпатичен. Онака...има глас но со Даниел не може да се мери. А и нешто многу весел е денес, а? Даниел - Ретко го користам овој израз, но растури! Најдобар беше. Вистина,многу, многу непријатен настап и песна. Сепак прекрасен беше. Маид - Аман, и овој ли плаче сега? Е ова не го очекував. А и палтото му беше...како за маалска слава. Туку ајде. Добро испеа. Тамара - Ја отепа песната... и тоа толку лесна песна која и јас би ја испеала без грешка (а не сум некоја пејачка). Ако овој пат не отпадне, никогаш и нема...