Кога пееше Даниел имав чувство дека ќе помине. Одговорот го пронајдов кога Жељко рече дека е светски икс фактор. Даниел има голем талент, а богами луѓе многу е згоден. Некако на карактер ми делува како мирен,свој и повлечен,маж со големи надежи и соништа и незнам како да ви објаснам во него гледам светла иднина и чувствувам дека тој ќе биде победник. Фифи ми е океј има концепција има глас но нема некако боја, и нема искуство. Убаво звучат со Маријанела но без неа некако ми се губи. Браќата Раденови ич не ми се свиѓаат немаше боја нити емоции многу глумеа. Тој босанецот кој остана на крај заедно со Даниел кога бираше Жељко меѓу нив двајцата ми личи на Николас Кејџ. Актерот што си замина назад во Белград како девојче настапи. Плавата има убав глас звучи како Кели Кларксон и може ќе му биде конкуренција на Даниел но ќе видиме.
Ахх сега видов сами се откажале Vedad MouseMiles Mešanović Hvala Vam što ste pratili večerašnju audiciju X Factora. Grupa MouseMiles nije nastavila takmičenje iz razloga što Jasmin Bigga Alic i ja nismo bili u mogućnosti da potpišemo ugovor sa produkcijom X Factora zbog naših privatnih obaveza i postojećeg ugovora sa muzičkom kućom. Like · · Share · 2 hours ago Штета а баш беа добри и укикатни...
На почеток фаворити ми беа Илма, Даниел, Стефан, Тамара, Милош и ќерката на Луис (мислам дека не заборавив никој). Освен Илма и Даниел ниеден друг не успева да ме наежи и тоа е тоа. Како што кажа Реин сите останати се (под)просек. Не успеав да ги гледам сите, но би сакала да се врати Стефан, Александра Бркович има убав глас, но на моменти ми делува како да плачи, а за фаците што ги прави... За бендовите искрено нема што да се каже, со причина испаднаја, ги вратија океј, но не ми е никој од нив нешто посебно. Мислам дека борбата ќе биде меѓу Илма и Даниел, ми се чини уште од почеток се знае тоа, а така и би требало да биде.
Жељко направи вистински избор според мене,иако сите ми беа одлични,а Кики незнам мене баш ми беа прекрасни дуетот што не влезе,а можеше наместо девојките да влезат тие,а Фифи и Маријанела некако не ме бендисаа баш нај нај,но сепак мило ми е што влегоа само поради Фифи и ке гласам за нив само поради што е од Македонија,а не за тоа што ми пее убаво сепак рано е да се каже има долг пат пред него,сите скоро имаат извежбан глас верувам во него ке се среди до настапите во живо. Фаворит ми е Даниел,а после него Илма,керката на Луис,и ќелавиот висок дечко.
А го видовте ли сјајот во очите на Даниел кога Жељко му кажа дека поминува?Непроценливо! Ама некако ми се чини дека Жељко се ќе направи да му отежни.Не знам зошто имам таков впечаток.Нема да се изненадам ако следниот пат му даде некоја од македонските песни,што лично мислам дека не му лежат.Не мелодијата како таква ,и не дека тој не може да испее туку дека македонскиот јазик му е некако туѓ.Се кладам дека на англиски нема песна која не може да ја испее дури и подобро од оригиналот. Другите не ги пратев баш,ама Даниел го следев со отворени очи и уши. И многу ми се допаѓа неговото однесување.Многу.И мислам дека на тоа собира најмногу поени,кои секако можат само да му помогнат.
По изразот на Жељко,според мене, беше премногу задоволен од изведбата на Даниел и одлуката која ја донесе...Но,знаејќи дека и позади нив стои некој кој го диригира сето ова,можно е на Даниел да му ,,наместат,, убава сопка во полуфинале. Дечкото испеа брилијантно, факт е дека не е за на наш пазар, како што кажаа сите, тој е СВЕТСКИ Х- фактор. Не знам зошто, но мене ми се допадна и изведбата на Маид и сакав да влезе во полуфинале на местото од професорот(името му го заборавив). А што се однесува до групите, девојките не ми се допаднаа баш баш, и требаше да влезе дуетот од Јана и Лука место нив. Гордост наша е што имаме наше македонско во полуфинале!!!
Ова е страната кај што може да се гласа кој од останатите да оди понатаму ако мислеше на неа... https://www.facebook.com/RaiffeisenClub ... app_data=2
Да на таа мислев На тие што испаднаа во регрутниот им дадоа уште една шанса и ги споија со други натпреварувачи во групи. Затоа многу што си отидоа како поединци ги видовме во групи...
Не би рекла дека Даниел би го “сопнале“ од продукцијата, чисто се сомневам. Баш му беше посветено и внимание и посебна емисија и пофалби и медиумско внимание од таму и тука... Професорот, Младен, мене многу убаво ми испеа и мене ме наежи. Избра доста тешка и емотивна песна и ја долови...wow! Маид беше најдобар од испаднатите од кај Жељко според мене, признавам, ама и на листа со резултати од испит, мора и меѓу паднатите да има некој со најмногу поени. Но, веројатно ќе го вратат. Само се надевам дека тоа нема да биде на местото на Младен. Капа му симнувам на Даниел за гласот, изведбата и се` останато, но што е право-право е, требало да се поработи на пеење на македонски песни затоа што сепак ова е Х фактор Адриа а тој ја претставува Македонија. А искрено Илма не ја чувствувам како конкуренција на некои од подобриве, затоа што девојчето, факт, убаво пее, но ете, ми го нема оној жар (кој веројатно би дошол понатаму со годините) и онаа некоја естрадна харизма за да победи на вакво шоу. Едноставно во неа гледам слатко (многу сериозно за годините) девојче со прекрасен глас.
Мислам дека нема да враќаат некој, а од веќе поминатите да исфрлаат. На американскиот имаше по четири натпреварувачи од секоја група. А којзнае на српски дали ќе може да пее Даниел. Инаку ако сакаа да го сопнат мислам дека ќе го направеа тоа уште сега.
Полека, но сигурно, ни ги освојува срцата. Можеби затоа што имаме потреба навистина некого да сакаме од срце... http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... kajmakoski Колку убав текст, баш така е.
Немам зборови за Даниел веќе,се е кажано мислам! Вчера ме воодушеви повторно,иако на почетокот се плашев каква песна ќе му даде Жељко,ама се покажа искусен лисец! Толку светски отпеано,со толку чувства и сенс бре за музика... Правата дефиниција ја даде Жељко-тоа е тој светски х фактор! Иначе од групата на Жељко не е по ќејф Младен!!! Да,ок, има глас некој таков длабок,добар, ама мене он ми нема х фактор,ми ја нема онаа мила звезда што привлекува народни маси.. Мн.ми е како дибек некој(со извињење) ,млитав,без емоција.. Го видовте ли Даниел за разлика од него како се израдува кога му ги соопштија вестите за поминување натака? Па од очите му искачаше радоста,тоа е таа искрена емоција и мислам дека Жељко го препозна тоа! За Фифи исто сум мн.среќна затоа што и покрај интонативните ситни грешки( Маринела имаше многу повеќе киксови реално),се гледа потенцијалот а и гласовите одлично им се совпаѓаат! Групата на Кристина убедливо најлоша беше,само момците беа добро спремени,убаво испејаа,браќата Раденови не оставија ама баш никаков впечаток а и според мене Иван сам требало да се пријави но добро,што е тука е,се надевам ќе имаат среќа понатака! Како заклучок на крај можам да кажам дека Емина и Жељко излегоа најдобри ментори!
Мислам дека и тука сами си ги бираат песните. На настапите во живо ќе им бидат задавани песни. Знам кога беа во куќата на Кики и ја прашаа таа Катарина (девојката со моќен глас која пееше нешто блуз стил) зошто ја избрала баш таа песна, така што мислам дека и во оваа фаза натпреварувачите бираа песни.
Маид и вака и така ќе го вратат гледачите,зошто очигледно е фаворит.А Даниел вчера беше феноменален ( секој втор збор на судииве) ,ама за него не знам како ќе се снајде ако треба да пее нешто на српски или македонски.
Заради Даниел почнав да го следам шоуто.Сега Си ја слушам неговата изведба во позадина.Каква изведба,и атмосферата додека пееше,море и зајдисонце... Жељко му се дивеше додека го следеше и мислам дека се гордее со својот кандидат.Мене ми се допаѓа што му се падна баш Жељко за ментор,има многу што може да се научи од него.
Дека не си ги избираат сами песните, не си ги избираат сто посто, инаку Младен не би избрал песна од Луис која е навидум многу етно песна, а он има тотално различен стил и гласовни можности. Побогу човекот студирал класична музика, има соул вајб на гласот, етно никако не му лежи. Ама како ја изведе секоја чест, подобро не можеше да не личи на оригиналот. Сепак изборот на песна според мене е ептен пресуден, за мене барем е многу, песна од Луис до мене не допира, па така со таква песна и реално не може нит да ме наежи нит да ме освои, додека другите имаа каде каде подобри и поубави песни кои ептен доловуваат чувства, па и сите ги знаеме, големи хитови беа и се. Паѓаат во очи полесно. Мене Даниел ми се допаѓа, ама не ме воодушеви како првиот пат мене лично, иаку имаше добра песна. Исплашен ми беше малку, несигурен. Девојката која ја пееше Аланис Морисет имаше прекрасна песна, со таква песна треба да се растури, а таа ми беше подпросечна. Ќерката на Луис исто, Маид е подобар од неа, и сто пати пошармантен и поискрен ми е. Босанец, ретко кога може да ми биде антипатичен, имаат некоја невидена топлина и искреност во нив. Жељко имаше најтешка работа, сепак имаше најголеми таленти, со исклучок на Славко, кој не знам како се протна до овде. Другите се сите добри пеачи, релативно многу талентирани и зрели. Младен е дипломиран тромбонист, има познавање страшно од музка, нема Жељко сигурно да му објаснува кој тон како треба да го пее, па тука од сам старт си имаше помалку захтевна работа, ама па тешка работа кога треба да избере кој да го избаци. Кристина ја имаше најголемата и најтешката група, ај бендовите како такви, па и ново создадените бендови, некоординирани и неуслогласен, успех е што и тоа го постигна. Никој од таму не ме воодушеви, поединечно има предобри пеачи ама кога ќе ги склопиш заедно не ми штимаат баш баш. Јана и Лука си одговараат гласовно, ама мислам дека дечкото ќе постигне поголем успех ако настапува сам. Она е многу ладна, а он е баш супротно, харизматичен и пее со чувства. И кога излегоа од собата после веста дека не поминале он ќе заплачеше, не можеше да зборува, а она беше некако незаинтересирана, како сеедно да и беше. Следната година он сам, ќе постигне повеќе. Машкиот бенд ми беше онака, некои поединци се супер, некои баш беа пратечи вокали. Женските беа подобри од нив, покоординирани. Фифи и Маринела мене не ми беа толку лоши, може не најдобри ама не ми беа најлоши. Рома Бендот, што знам, специфични ми се, ама па мислам дека реална беше Кристина и донесе правилна одлука, зашто не се за да победат. Дoдуша јас на никој бенд не сум за да победи, но тоа е некое мое размислување. Дефинитивно ќе победи на крај некој од групава на Жељко, зашто тука мислам дека имаше најталенти. Илма ми е предобра, ама е мала, ќе ја изедат буквално во тој свет, да имаше барем 17-18, ама со 13 е прерано, детство си крати. Јас би размислувала за тоа. Инаку вака беа доста реални и Жељко и Кристина, сите забелешки им беа на место. Колку и непатриотски да делувам, мене фаворит ми е Младен па дури и пред Даниел, зашто мислам дека подобар вокално многу од него, после е музички образован што секогаш е голема предност, само па пустиот нема некоја лепота и став кој се бара за пеач, тука може да изгуби, малку е ладен и озбилен кога зборува, нема некоја топлина и харизма како што ја имаат Даниел, па и Маид, и машкит до 27. А тоа се бара за на сцена, не само гла, туку и стас и харизма. Глобално земено, мажите ми се подобри од жените, типувам дека некој од дечките ќе победи. П.С кога чув дека некој пее на англики во групата на Жељко, инфакрт ќе ме стрефеше И он во себе по малку умираше, подбљуцнуваше од мака, си вика, требаше некој тешка српска песна да им дадат, не требаше да се праам модерен
А зошто Кристина ја искритикува Лана, не фатив баш а ме интересира Нешто у стилот, дека нешто што направила не било симпатично ...
Хипи, Младен спомна дека таа била песна на мајка му и многу сакала кога тој и` ја пеел. А и оваа на Луис ќерка му нели викаше, кога ја пеев „што те нема“ мислев на татко ми.. Затоа мислев дека сами ги бирале или им биле дадени да ги бираат од неколку.