Леле добро што ме потсети и јас треба. Иначе зошто Тијана плејбек пее во последно?? Јас пак да си прашам со гласовите дали знае некој што се случува? Дали после секој круг ги бројат од 0 или се рачунаат и тие од претходно? Оти реално ако гледаме, на пример ако влезат во финале Тамара и Даниел , по претпоставка да гласаат србите повеќе за Тамара бидејќи се побројни од нас македончињата може да победи Тамара. Мислам ова чисто хипотетички.. ама ништо не ме чуди на крај.
Првата се прати, втората ја пратив во 22 и 30 и немаше ни репорт дека е пратена, а камо ли повратна порака.. Сега пак пратив и повторно ништо..
А дали тие двајца што ќе останат до крај ќе пејат една иста песна? Обично во другите Икс-Фактор така е
Прекинете со тој патриотизам, гласајте за Даниел ако стварно ви се допаѓа и зашто реално е најдобар а не зашто е македонец. Нема врска патриотизмот за мене со шоуво, го гласаат и срби и босанци и црногорци зашто го има тој х фактор, не зашто е македонец па ај да се сожалиме или не знам што. Ако беше пример Лукијан македонец, ќе го гласавме и зборевме толку? Не, јас не би искрено и исто би го хејтала како што го хејтав зашто е за никаде. Ушите да му јадат на Даниел, има уште за што многу да работи на себе, ама реално и каков ваков е три класи над Маид и над Тамара.