Колку ми е полно срцево, и Тоше, и тој се радува од небото, и тој се радува со нас.. Ја пееше песната на Тоше, со македонското знаме.. ГОРДОСТА МАКЕДОНСКА ПОБЕДИ КРАЛОТ, ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ ! Пола година чекавме, и дочекавме
Фино е коа ќе чуеш дека наше дете успеало у нешто...ете победил Кајмакоски, алал нека му е. - Нек си ужива дечкото у слава и нек си гради кариера, честитам!
Конечно праведно избран победник!!!!!! Уште не ми се верува! Инаку,моментално темава е најпосетена на форумов.
Луге што да се каже прво Честики и едно гоооолемо браво за него му симнувам капа. ЗнаЧи неверојатно беше Чуството кога го видов со знамето. Фала ти Даниел што незнам по кој пат ме направи горда што сум Македонка. Сосема заслужено не дека си наш но најдобар си.
Премотајте до 1:15 за песната. http://www.youtube.com/watch?v=_lrSTud6EK4 Only the sky is the limit now. Daniel can count the stars. Се покажа дека една индивидуа може да е над цело општество и да ги сплоти народните маси и стварно квалитетот да победи, а не да се гледаат други работи типични за ова поднебје. Се' освен победа на Даниел ќе беше ептен нефер. Правдата е повеќе од задоволена.
Секоја чест, конечно е правдата задоволена иако очекував Тамара да победи, пријатно се изненадив навистина. Браво Даниел, 100 % заслужено! Сега можам мирно да спијам.
Дали ја видовте Eмина како се смееше додека пееше бендот од Германија, лелел се замале жена од смеење. Без култура. Може беа смешни, вакви-онакви, но и имаат и тие свои фанови и поддрувачи т.е луѓе ги ценат и почитуваат. Нека оди таа Германија па да видам што ке кажат за неа. Што се замислува таа, која е. И да беше кој знае колку смешно, ма да не беше, требаше од култура-сепак е јавна лицност да се воздржи. Кој високо лета, ниско паѓа-Еминче со здравје да си го носиш. Со таквото твое однесување загуби и уште ќе губиш многу фанови. Јас ја сакав, ценев и почитував. Кога видов што човек е ми стана одвратна и не можам да ја смислам. Вечерва беше на страната на Маид-ептен очигледно беше. Чао Емина, фацата не сакам веќе да ти ја видам.
Лелелеееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее Победи не ми се верува, излегов надвор вриштев на цел глас, од срце, од душа!!!!!!!!!!!!! Ко најголема тинејџерка се осеќам, ама толку сум се израдувала страшна работа!!!!!! Браво, бравоооооо!!!!
Во целава наша ситуација, јас сум му благодарна на секој кој ќе ни даде причина да се израдуваме. А факт е дека беше најдобар во целава оваа трагикомична фаријанта на Х Фактор. Само уште паметно да изигра после ова, ама за тоа требаат многу пари (кои не го доби, брука жива, 10 000 евра за ваков натпревар, иди прави кариера, кола една чини повеќе) или многу јаки спонзори. Ма, нека му е со среќа, можам да замислам колку е среќен сега-а и заслужува.
Реков - нема да победи само ако е наместено!! Ете не било Браво, алал да му е, најдобар беше и тоа е тоа!!! Многу се израдував
А нели ја видовте разочарувачката фаца на Емина кога слушна дека Даниел ПОБЕДИ. На кутрата мислам дека по изјавата дека нема да победи да не и текне да прај концерт тука. Никој нема да и дојде пак ќе биде со емоција.