Многу ми е мило што победи Даниел, дека еве овој момент на слава и најголем достиг во животот и покрај својот талент го доживеа на 30 години и ќе биде и понатаму инспирација за сите да не се откажуваат од своите сонови. И сам кажа дека сакал нешто конечно да истурка до крај и еве успеа, нека остане скромен како што беше до сега и ќе доживее допрва уште поголема слава. Браво Даниел, за ова финале на X Фактор можам да кажам ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ!
И од мене честитки до Даниел и мислам дека ,кога ке размислам за машки пејачи во Македонија како Влатко морал, близнаците, билбилов, ламбе, мартин,панчо, данчо и останати.....освен онај Влатко Лозаноски ние немаме пејач со добар глас како Даниел.....
Дури и кога си мислиш дека она патриотското одамна изумрело во тебе, победува човек со огромно срце, со прекрасен глас и неодолива харизма и сфаќаш дека уште проклето многу љубов имаш за оваа држава и овој народ. Белград ечи од песната на Тоше, истовремено боли и чувствуваш како нешто ти подрипнува од возбуда кај срцето, ти се превртува желудникот, ти се ежи секој дел од кожата и ти навираат солзи. Може и да сме најмала точка на оваа планета ама овој вечер верувам дека се чувсвтуваме поголеми од било кога. Македонијо, го имаш Даниел, не е битно каде ќе живее или каде ќе пее, важно наш е и се надевам дека уште долго време ќе биде наша гордост. И убаво е чувството кога ќе видиш дека сепак не е се наместено и правда сеуште постои.
А бе пополекате, не можам убаво на сите лајк да ви стаам. Исто ми е чувството ко за тројката на Илиевски. Ахххх.
Конечно им се затна устата на тие што збореа Даниел ваков, таков немал талент! Уфф волку радосна не сум била од времето кога тепавме на Баскет Уште кога настапи со песната од Тоше викам готово тоа е таа победничка песна. Кога дојде време за последната песна т.е песната со таа што се прославија финалистите ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИ! И не дека е наш ама фалената Тамара зезна работата уште на првата песна со интонацијата. Останатите 2 песни онака ништо посебно. И најискрено досадна беше глупата водителка со тоа дека има една дама останата и дека треба да и отстапат победа. Реално Маид заслужуваше 2ро место! Убав говор одржа на крај, не се испонаша. Напротив спортски го прифати 3 место. И на крај да кажам тотален промашај беше дегенската група Mudlick! Подобро реклами да даваа врмето што беше наменето за нивнниот настап!
Сакам да кажам... Многу ми е мило што победи Даниел.Тој навистина го заслужи тоа.Не само поради неверојатниот глас,туку и поради своето однесување.Колку скромна личност.Никогаш не се преценува. Сигурно мисли дека сонува,но навистина си беше заслужено.Немам зборови. Не знам дали само мене,но ме потсетува на нашиот ангел Тоше! Даниел,продолжи понатаму,бидејки ти момче ''растури''.
Леле луѓе 100% бев сигурна дека Тамара ќе победи! Кога кажаа Даниел Кајмкоски буквално скокнав од радост!!! Сеуште не ми се верува, целата се тресам Дефинитивно заслужена победа, најдобар е! Спојлер Колку страни сте испишале за неколку часа, секоја чест! Заборавив да. кажам дека треба да ги частам домашниве Со брат ми си рековме,ако поведи Тамара тој части, акопобеди Даниел јас.
Јас бев во веце нејќев да слушнам неможев и така од веце шољата рипнав кога кажаа Даниел мислам ќе се качев на кров и ќе викав така по ѓакиии хахахаха
БРАВО ДАНИЕЛЕ! Заслужи! Денес се осетив толку убаво со победата на Даниел на Икс Фактор.. Искрено онака се почуствував гордо што со него сум од почеток, и има една група за него направена и све си пишуваме и све е ок, но никад не се надевав дека ке победи тој.. Уште чекам баба ми да дојде, да ме здрма ко некој земјотрес и да ми каже дека доцнам на школо. Проуд СОНЦЕ, Проуд Македонче.. А и денеска прво Металург ми победи после Барса (дека се кладев со брат ми не дека сум фан) и сега Дниел со Икс Факторот, е можам да си легнам мирно да спијам
Ете бе гледате,не било се политика,како што ние умееме да си кажиме... Горда сум што од почеток си навивав за него
Лелелелееееееееееееееееееееееееееееееееееее!!!! Ах, веќе го пишав тоа. Не можам да ви опишам колку ми е убаво на душава што конечно некој заслужен победи! Очекував да рече Тамара и кога рече Даниел во транс паднав, колку и смешно да звучи, мислам дека Гласот го изгубив. Немало позаслужена победа, браво,браво, браво! Тамара очајна како исекогаш, нити харизма, изгубена негде во себе, злостор ќе беше да победи. Така што сосема задоволна сум со победава, се надевам само дека ќе успее како што и заслужува!