X Фактор - Србија (Сител) Леле катастрофа, ич не ми се допадна. Многу мразам кога македонец ми "прича" на српски. Или кога овие од жириво не не разбираат Бегај бе... Ова беше прва и последна епизода што ја гледам со Српсково Х Фактор. Иако имаше само 3ца или 4ца македонски натпреварувачи можам да кажам дека сите одлични беа! Стварно не бива за пеење, најдобри сме Досадно уфилмани членови од жири... хаха леле и помалку националисти приметив, ама ај се извади Желко и тој другиот не му го знам името.
X Фактор - Србија (Сител) Браво за девојчево Илма, секоја чест, гласиште !!! Знае ли некој како се вика песната што ја пееше, позната ми е ама не можам да ја најдам ?
X Фактор - Србија (Сител) Гледав,ми се допадна не е лошо како за почеток. Судии како судии, секој во свој филм,но реални се. Најмногу ми се допадна девојката која пееше своја верзија на Titanium,и девојчето на крајот,и секако македонците-навистина беа супер. Ќе продолжам да гледам,затоа што навистина ми е здосадено од турскиве серии. -.-
X Фактор - Србија (Сител) Многу голем фан на икс фактор сум али ова српсково потполно ме разочара.. очекував многу повеќе.. не знам али нешто не ми штима ко што треба.. Жирито катастрофа.. мноогу се уфилмани посебно Жељко а и Емина не е нешто по арна.
X Фактор - Србија (Сител) 3 или 4 наши ги поминаа за 1 минутка, не ги дадоа убаво, што значи дека шансата некој наш да победи е 0.
X Фактор - Србија (Сител) Исто и јас Не дека сум голем патриот ама тргнувајќи од водителката од Македонија...па што има да зборува српски?? Зарем ние немаме јазик? Срамота!! А и членовите од жирито што се занесуваат дека не разбираат македонски. Ма ајде бре...без врска
X Фактор - Србија (Сител) http://www.youtube.com/watch?v=d5Amj1hZK_U Типов не ми се свиѓа како пее, али развали у играње! И нормално некој на твитер ако не те изнасмее, нема кој - "If you're coming out of the closet,you might as well come out dancing. I da pevas Bijonse usput." Секоја чест за последното девојче, 2 пати ја премотував!
X Фактор - Србија (Сител) Браво за нашите македончиња, имаме потенцијал. Само на Мартинијан не му требаше да "прича" српски, па аман имаш преубав мајчин јазик- МАКЕДОНСКИ, или подобро фати го дијалектот на кумановски!!! Ама она девојчето што има 13 години, растури!!! До сега најдобриот 13- годишен глас што сум го слушнала на некоја ваква аудиција... А што се однесува до жирито, влезени се во некој филм, како да им се дигнала цената што се судии... А уште пак не разбираат македонски, како па да не!!!
X Фактор - Србија (Сител) Толку неталентирана девојка ми е, просто да се зачудиш како може пејачка да се нарече. Овој Кики кога го слушнав за девојката од Хрватска како кажа дека е досадна, се прснав од смеа. Па подосаден тип од него и Пилоти(те) негови нема. Жељко уана би Сајмон, а дава изјави дека поима немал кој е он. На вакво интернационално шоу он бара на мајчин јазик да се пее. Небаре англискиот кинески е, го учиме од 3то одделение. Колку ограничено мислење. Тој Петар Чола, ко чиче некое ми беше и во фаца и стас/глас, а само 15 години има. Си викам, ако веќе татко му се знае со луѓе, нема потреба `малиот` да се пријавува овде. За малата немам коментар, од кај го извади оној глас. Се пожали дека и љубомореле и немала пријатели, и тука сакав да ја отпишам, немаше потреба од такви глупи изјави, ама кога отвори уста. * За нашите нема што да се прокоментира, не им оставија многу простор. Арно што кажаа и дека поминаа. Мања беше во последното издание на М2 пред 2-3 години. Едит: еве го официјалниот канал на јутуб http://www.youtube.com/user/xfactoradria
X Фактор - Србија (Сител) Браво за Илма! Одлична интерпретација,прекрасно пренесена песна..се наежив од нејзиниот глас!
X Фактор - Србија (Сител) Во глобала ми се допадна. Ме нервира Емина од жирито многуу, мисли дека е центар пажња. Најмногу ми се допадна 13 год. девојчето, девојката што ја пееше титаниум, а од македонскиве дефинитивно момчето од куманово Мартинијан..аааа и танчерот да не го заборавам
X Фактор - Србија (Сител) Жирито е тотално промашено и некомпетентно според мене. Емина мисли дека заслужува да седи таму но јас баш и не мислам така. Пеачка под просек ми е она, да не се омажи за оној Сандал и да не сними 2-3 песни на турски мислам дека и ќе беше заборавена до сега. А и незнае да коментира, ме потсеќа на Бритни од Американскиот Х фактор само што оваа има доста поиритантни гримаси и коментари, пробува да направи некакво шоу ама само изгледа смешно. Жељко или Сајмон да го речам ? Значи толку многу се труди да го имитира, дури невозможно е. И баш ми беше без врска тоа што му кажа не, на кандидатот само затоа што не го сослушал добро. Од тука се гледа колку сериозно го сфаќа ова и колку сака да го изиграва најстрогиот у жирито. Па дури и кога излегуваа од автомобилите со се наочарите и ставот кој го има баш ме потсеќа на Сајмон. Ама и он е само бледа копија... Кики, речиси и да не го приметив дека постои во жирито, досаден, монотон и некако без мерак го работи сето ова. Кристина ми е нај ок од сите нив, барем засега. Најреална и најкоректна. Што се однесува до кандидатите ќе се сложам дека девојчето од Босна испеа најдобро. И Мартинијан и Мања ќе ги пофалам од нашиве, а пошто он ми е сограѓанин и имав можност да го слушнам на една свирка можам да потврдам дека детето навистина фантастично пее. И девојката што ја вратија, мислам дека беше од Хрватска и она ми се допадна, а останатото можам да кажам дека е просек. Искрено се разочарав колку неталентирани поминаа понатаму, на пример тој што играше и пееше песна од Бијонсе ми е потполна утка. Како и да е, се надевам дека впечатоците ќе ми се подобрат во текот на следните епизоди.
X Фактор - Србија (Сител) http://www.youtube.com/watch?v=Tj4yN8XNBh4 Душа ^ Кога рече дека сака да има пријатели Огромна поддршка за нашите претставници, денешните супер беа, требаше да им дадат повеќе минутажа, не само како пролазни, да пополнат време. И онаа Емина - I need a translation
X Фактор - Србија (Сител) Јас не се сложувам со вас Емина е баш слатка и такви луге требаат за да биде интересно шоуто незнам зошто ја мразите неа кога Желјко Јоксимович е негативецот тука очајно сака да го емитира Сајмон Ковел
X Фактор - Србија (Сител) Ееее ја уште не сум го изгледала, ме закопкавте вака со коментариве. Може негде онлајн да се гледа?