Абе одлични, требаше и да победат одма. Врска немаа, ама баш никаква, жалосно е што заземаа и толку простор. Ама ај, немаше доволно групи и поголема конкуренција па се провлекоа. Ваквите по другите шоуа ги заебаваат, а не да поминат до тука. А Даниел, па и да се крене малку сега јас не би му земала за зло. На крај краева песната секако ќе му ја слушам.
Ти сериозна си или се зезаш?? Во тема за музика сме не во љубовни врски или тема за семејство,немој да мешаш баби и жаби муабетот и сама знајш за што беше
1. Ме збуна изјавата на Даниел, ЗНАЕВ дека ќе влезам и пак се чудев..(нешто така) Како тоа знаел ??? Значи сите знаеле претходно, само ние пред екраниве како живи будали мислевме дека се е реално, а тоа тие унапред си знаеле и глумеле. Сега не ми е ни чудно како тие кои не поминаа беа насмеани, прифатија лесно. И сите изнапишавте за очите на Даниел како бил насолзен, весел, која емоција кога знаел дека ќе влези. Само не требаше да се издаде самиот со изјавата !!! 2. Зошто секој го споредувате со Тоше? Го имитираш Тоше, не го глуми Тоше, ова-она. Дај бе досадни сте, на човек да му е страв да каже нешто зошто ќе биде спореден со Тоше. Ве сакам. Ај Лов ју. Реченица која многу познати ја кажувале на концерти. Сега патентирана е не смее да ја користи Даниел? Свашта !
Бог нека го прости Тоше, трагедија млад си отиде ама доста веќе со него. Кој и а излезе со него го споредувате. Па не беше Бог бе луѓе аман! Искрено од толку зборење Тоше па Тоше ни песните не можам да му ги поднесам. Даниел е за мене морален победник на X factor. Тој си има своја звезда, своја харизма и свој стил и нема што да го споредувате со било кој.
Не беше во живо ова што одеше, беше веќе снимано. Затоа кога гледал знаел дека поминал. Ама не знаел во моментот на снимањето и во моментот на соопштувањето.
Работава е како Тоше да е граница и над неа никој нема. Истото беше и со Лозано, сите го споредуваа и критикуваа како го имитирал Тоше, како дечкото да е крив што му е таков гласот. Некако не им даваме шанса на некои потенцијали, колку и да бидат добри,секогаш важи она: Еј, нема да бидеш како Тоше. А, имало и ќе има и подобри луѓе од Тоше, дај да сме реални ! И истите душегрижници сега, до вчера плукаа по него, додека беше жив. *************************************************************************** Мене ме разочараа сите од групата на Кристина. И таа како ментор ми беше досадна, но и натпреварувачите се гледаа дека го немаат тој фамозен Х фактор. Што е до мене, никој не требаше од нив да помини. Со право и испаднаа од регрутниот камп, воопшто не требаа да ги враќаат назад.
Мој фаворит е Даниел. Исто така Илма и Маид ептен ми се допаѓаат, посебно Маид - растура дечково, штета што испадна, но сигурна сум дека ќе биде вратен во шоуто. Имајќи предвид како босанците на Facebook се организираат да гласаат за него, мислам дека е огромна веројатноста Маид да биде победник на шоуто. Младен ми е катастрофа, не требаше да продолжи!
Тој самиот си даде таква изјава за себе, дека ја претставува Македонија и се чувствува како Македонец, а не како Австриец пример, а за македонски песни потфрли. Требало подобро да се подготви на тој план. Имаше и друга членка која убаво пееше англиски, а не знаеше српски и уште многу порано излезе (Меги ли беше или така нешто). Ова твоево не е изговор.
Јас ова шоу го гледам како натпревар на таленти и да победи талентот кој го поседува тој фамозен х фактор кој ке го издвои од останатите .Многу погрешно се пристапува кога на ваквите шоуа приоритет се става на земјата од каде доаѓа кандидатот и повикуваји се на патриотизмот да се повикува за гласање и исто ме нервираат организирани гласања и затоа претежно победуваат кај нас погрешни кандидати ... туку треба да се остави слободен избор при гласањето каде приоритетот треба поединецот со неговиот талент и харизма ...А што се однесува на тоа дека Даниел потфрли на пеење на Македонски не се сложувам ,пред се тој пееше само неколку секунди во група каде не се знаеше кој што пее а сигурна сум дека им било кажано како да пеат ..има песна со Тони Зен па видете како пее на Македонски дали потфрлил и таму на Македонски
Тоа и мене ми е зборот. Тука и самите кандидати се повикуваат на родољубие (искрено, нормално, да не ме сфатите погрешно), а малку потешко им оди да го искажат тоа чувство преку песна на нивниот мајчин јазик. А јас како дел од публиката сум го очекувала тоа. Секој има право на свое мислење, јас никаде не реков дека Даниел нема харизма и талент, дефинитивно ДА, но победниците добиваат можност првин да се пробијат на ДОМАШЕН пазар, затоа и менторите сами коментираа за некои „ама не сум сигурен/а нашиот домашен пазар како ќе ги прифати“ за некои други учесници.
Ако еден пејач има талент и харижма ,тогаш пробивањето на било кој пазар па и на домашнив ке зависи пред се од кевалитетот на песните ,во зависност за кој пазар се наменети ,и од менаџерот и продуцијата а пред се од финансиите ,тоа е една огромна машинерија за која требаат огромни пари за да успее еден талентиран пејач
Домашен пазар малку потешко без песни на мајчин јазик и песни во стил на кој е навикнато увото на тој регион... тоа сакам да ти го кажам. Ако ова го нема, џабе квалитет...
Па затоа реков tessie песните да бидат погодени во зависност за кој пазар се наменети ,и зашто не ја слушнеш новата песна Слобода на Тони Зен каде гостин му е Даниел и пее на Македонски,па ке видиш дали незнае да пее Даниел на Македонски Toni Zen - Sloboda ft. Daniel Kajmakoski (OFFICIAL AUDIO 2013) http://www.youtube.com/watch?v=hzgRxe_i47k
Таа и оваа изведба не се мерат, треба да сме нереални и ја и ти ако кажеме поинаку. Требаше да се подготви подобро тогаш според мене и ништо не може да ми го смени тоа мислење. Башка не се споредува песна снимана во студио со настап во живо. Ja не реков дека не е квалитет или дека нема глас, напротив. И глас и стас и харизма и puppy eyes и се`. Но за овој мал аспект не може никој да ми го смени мислењето.
Ве Сакам Сите му беше како заштитен знак на Тоше,но сега често од овие нови непробиени пеачи се служат со тоа,и одма во око мава,тоа ме нервираше и во бугарскиот идол кога се натпреваруваа Бојан и Александар Тарабунов.
Чекај Теси, рано е. Има време, допрва доаѓаат настапите во живо каде најмногу се гледа кој што има. Го судиш човекот од неколку секунди што ги испеал во група. Јас се надеам дека ќе успее на многу поголемо ниво од нашево бедно естрадно сцениче. Не мора ич на македонски да пее, на англиски нека му бидат песните. па и може послушани ќе бидат. Многу ќар виделе нашиве познати дека на македонски пееле.
Kaj го осудив бе па јас? Си коментирав за настапот на македонски на Х фактор што беше далеку од очекуваното. Не смеам за Перчоли да пишам позитивно, за Даниел негативно, у политичкине теми има повеќе простор за хетерогеност во ставови, дајте одморете ме малку.
Како да се подготви не ми е јасно Даниел не испеа фалш испеа само повисоко од Тоше што ја пееше,ама пееше пак ке повторам групно каде песната беше испревртена и каде еден ден мислам имаа таму да се спремаат и каде оние Вукомановичи им беа тогаш ментори и тие им кажувале како да го испеат својот дел од песната го имаше тоа на тв каде Вукомановичи кажуваа дека скоро сите се бунеле на на тоа што им кажувале како да пееат
Епа го осуди дека не знае да пее на македонски за тие неколку секунди што ги испеа. Или јас некоја друга членка читав? Нема одмор, не стави нас Даниел на платен список и мора да си го одработиме своето.