Вечерва мислам се пораѓав, толку бев убедена дека ќе победи Тамара, што уште не можам да се освестам дека победи Даниел. Стварно мислев дека е наместено, многу ја форсираа, кога кажаа победник е-и траеше тоа, јас повторував Тамара, кога кажа Даниел, мислам земјотрес напраивме во зградава, 5 така дебелки рипаат и урлаат низ стан... Браво Даниел, браво Македонија-за се да сте вака сложни. И да не се заборави-ние го гласавме, да не се слушаат утре муабети како што ние знаеме. Браво, браво, браво---срцето и душата ми се исполнети.
...браво бе Кајмак ....баш ми е мило за победата а и за парите што завршија во негови раце......и конечно македонец да победи на нешто организирано од срби и бивши југословени..... сите пофалби до него.....само една мала препорака да се опуушти уште малку...мислам добар е тој, само уште малку му треба скроз да се ослободи од тремата и ќе го биде....... ...бтв Емина не знам дали приметивте и дали спомнал некој можда, не ја исчитав темава кога требаше да упати порака до финалистите, тоа верувајте во сништата за да ви се остварат или така нешто....му го украде на маид, тој истото го кажа 2 минути претходно добро, жената везе нема од живот ни од професија, ако не ти работи мозокот моментално, тогаш смисли нешто пред да идеш во емисија или побарај друг да смисли за тебе мајку му кога веќе од музика не се разбираш а те сместиле таму којзнае зошто, барем биди речита, забавна и пробај да бидеш уникатна со нешто.... ужас е типката..... инаку забораив да кажам, Маид е најхаризматичен, барем второ место заслужи.... првото секако резервирано за ёданиел...иако мора да се признае, со Тамара беа здрвени, Маид е прав шоумен
Ма браво! Срцко! Воздржаноста околу сите кукумјаци од типот, наместено е, а особено она КАЈ ДОЗВОЛУВААТ СРБИТЕ МАКЕДОНЕЦ ДА ПОБЕДИ (од овој чичковски муабет )... екхм. Исто како и сите лигушки суштествија кои лапаа трици за човеков до прошлата недела со особена иронија и сарказам, а вечерва ете така поштено го исцеливаа во задник пошто нели ред е да го примат во редовите на ѕвездите оти тие кажуваат кој смее,кој не смее да е во тоа друштво. Све о свему, шоуво има многу наравоученија да извлече од какви по конституција сме ние балканците, со нагласок на македонците, ама за тоа друг пат, да се нарадуваме сега како што доликува.
Океј, се собрав малку сега конечно, па ме немаше цела вечер да дадам асален коментар. Тамара гревна целата, нека биде среќна до тука што дотурка и самата не знам како. Целата беше како неприсутна на сцената, се смееше како квачка некоја на сред песна. Маид, следниот пат на ѕвезде гранда да се пријави, загарантирана му е победа дефинитивно таму. Доктори си испаднаа први, мада мене се исто ми беше кој ќе испадне, само ми е најмило Лукијан што не дотурка до првите тројца, и така незаслужено му беше возењето и до тука. Позаслужена победа здравје, иако реков не гласам, си го погазив зборот, пуштив некој глас после Д хардест тхинг, не ме додржа срце. Ама затоа рипав ко нездрава кога победи. Ај по стоти пат нека му е честито, уште ми се емоциите јаки. Ама срцка бе, морам утре снимката асално да ја изгледам.
Не знам на кој свет сум,возбудена бев премногу .Ваква бев ,мислев наместено беше за Tамара но фалу Богу имало правда.Прекрасна вечер,прекрасно беше супер финалето а Даниел гордоста наша совршен
Уште не можам да поверувам дека Даниел победи. Греота е ако нетко рече дека е наместено. Уште еднаш браво за него, заслужно си победи.
Бравно Даниел! Заслужено, оваа го велам за него како пејач, а не дека е наш.Срцка е ,толку мил на лик, а толку моќен глас, ма гласиште! Ми се чинеше како концерт свој да држи во арената.Како мало дете изреагирав кога го прогласија за победник )) Инаку многу го засакав и Маид и многу ке ми беше помило тие двајца да се најдоа во финалето, отколку Тамара која треба да свати дека незнае да пее и .Супер беше Маид исто така човек со гласиште, од мерак би му ишла на концерти.Одличен!
Ај и јас да кажам нешто за ова "спектакуларно" шоу Организација 0,водителка која задткува и незнае да склопи неколку реченици,вели гласајте иако вашиот фаворит не пеел(зборам за првиот круг) па како да гласаме кога не знаеме кој број е.... им рипаат цд,имаат микрофони кои се пред цркнување,Даниел нема појма дека треба да пее 2 песни,тешко ли било да го известат порано,на крај со прогласување на победникот требаше да му отстапат да каже нешто да се заблагодари,иако не е многу зборлив,ама ете да каже нешто,па макар и без врска.Од големите ѕвезди кои ги најавуваа ни трага ни глас.Ја викнале Тијана,за дивјациве во Арена да викаат. и да не и аплаудираат дури ни во моментот кога Ана рече,поздравете ја со аплауз.Ама што и да викнале некого,кога микрофоните им откажаа за да пејат во живо,плејбек им прескокнува и заглавува цд.Се на се,катастрофа. Ама победата отиде во вистинските раце Нашиот Даниел беше најдобар,ептен мерак ми беше на крајот. Тамара не заслужуваше да дојде до тука.Маид иако пее само српско,она што го пее го пее со срце и душа,и секако тој требаше да остане во дуел со Даниел. Се надевам дека нема да се заборави и ќе се прокоментира. и прочешла она со гласовите на Маид и Тамара,како е можно да се направи таква грешка? И најсмешно од се во тие прекрасни 3 мин кога пееше Даниел по прогласувањето,беше глупавата Снеже која буквално го бркаше со знамето по бината
Екхм, а ти да не си мислиш порано не беше така? Да се воздржеше од коментар зашто не знам како ќе ги објасниш сите оние Македонци на музички шоуа избачени у финале а на сите претходни гала вечери со најголем број гласови. Само очигледно тој период е или надминат, или карактерот на лиценцираното шоу не дозволуваше местенки. Инаку јас за Маид навивав. Не е мој тип на музика тоа неговото, дури и ме одвраќа, ама нели шоуто се вика Икс Фактор, а освен него останатите немаа ни приближно нешто такво. Тие што викате сељак бил додајте екстремно харизматичен сељак.
Е искрено и мене не ми беше јасен делот околу гласањето.Првата реченица,по вклучувањето и беше 'Гласањето почнува веднаш', па не дај боже да си се вклучил 5мин покасно, ке си чекаш цела емисија Ана да каже дека може да гласаш. Друго како да гласаме кога незнаеме по кој редослед ке настапуваат, требаше цело време да си стојат броевите на кандидатите. И најголем пропуст, што излегува дека цела Босна уствари гласала за Тамара!