Мој фаворит беше Маид, и ако го има во друго шоу пак би навивала за него. Кога кажаа дека Маид не влегува во финалното финале, ќе се шекнев. Човекот заслужува било каде во било кое време да победи на било кој пеечки натпревар... Ме трогнаа сите зборови што ги кажа и дури и заплакав. <3
Да нема што алал да му е знаев уште од почеток дека он ќе победи најдобар е гордост на Македонија Во нешто и ние да победиме
Mora da kazam deka ova bese namesteno!!! Kako e mozno Doktori da ispadnaat pokraj tolku broj na fanovi?! I Lukijan isto taka... A za Tamara pa da ne zboram... Ic ne peese ubavo vcera, falshirase!.. Prvo site ja obozavaat, a vcera ova ona ja navreduvaat. Ako Daniel e od MK nemora da znaci deka jas ke glasam za nego... Poveketo ne me razbiraa zosto glasam za Doktori. Sto ako bile od Srbija? Daniel ne mi bese favorit, i ne mi se dopagase kako pee!!
Хах колку само Даниел беше најдобар од сите каков глас има,за доктори да беше наместено исто и за маид тамара требаше да испадне требаше да останат доктори маид и даниел,даниел ја заслужи оваа победа најдобар беше нема што!!
И сега после се ...преспиена ноќ и стивнати емоции..пак да си кажам... Ептен ми е мило и драго што си победи Даниел,некој ќе каже заслужено некој не,факт е дека тој е прв победник на шоу од ваков вид,во овој регион. Она што не ми се допадна(сега може да ме распнете на крст) е прекривањето со знамето.Не е ова Евровизија или нешто слично да се слави нацијата ,туку победник единка. На Даниел му посакувам да продолжи со градење на кариера,да биде стабилен,да не се покондири, да си ја земе кариерата во свои раце и да не дозволи да го згазат.Некако имам впечаток дека ептен му беа наклонети ѕвездите и хороскопот. И мора да поработи и на пеењето на српски јазик,гледам дека тоа најмногу им смета на соседиве.Тоа може лесно да се среди. Тамара исто .Од неа зависи дали ќе направи нешто.Или ќе си го земе пасошот и ќе си ужива со момчето во Сеул. Маид е на граница.Некако сум убедена дека се шлепа во последниот вагон на животот.Факт е дека е човек - шоу,дека знае да се постави но....којзнае...И она ми се допадна изјавата негова како наводна трета пратиља на мис... Во секој случај позитивен човек. Лукијан веќе зборавив кој беше... Докториве тешко дека ќе функционираат како група.Колку Кристина да се труди сепак се многу различни меќу себе...не гледам иднина за нив како група... Жирито...ех...тврдам дека само Кристина остана своја од првиот до последниот момент.Многу ја сакам зашто е паметна и остра на јазик.Ме насмеа кога му аплаудира на Даниел,градите ќе и побегнеа. Тврдам дека е подобра риба од Емина. Кики расеан . Емина Немам што да кажам.Ќе остане позната по своите бисери. Жељко мислам дека 100 пати се покаја што прифатил да биде дел од жирито.Цело време покажува колку му е досадно.И тоа постојано инсистирање да се пее на српски .Крајот кога Даниел го гушкаше имав впечаток дека му е се преку глава. И мислам дека сите освем Кристина ги боли пудрата на нивното лице за победникот.
Луничка извини јас не се согласувам со тебе во врска со жељко,он беше многу среќен што Даниел победи се гордееше со него,и жељко знаеше уште од почетокот дека ќе победи Даниел
Во ред е мила,тоа е твое мислење,јас само се сеќавам на првиот настап колку беше негативен спрема него.А првиот впечаток не ме лажел никогаш.Се друго понатака може да се стави на конто на лукавост.
Како и да е што ни е гајле за него Битно нашиот Даниел победи тоа е најбитно а Жељко нека биде каков што сака
Еве сум и јас,конечно. Се радувам заедно со Даниел за неговата победа,ептен заслужено. Мило ми е што не направија местенка,барем не на крајот.Но,знаеа дека Тамара ке остане до крај со некого,но ке изгуби,и и дадоа утеха-оној албум ли или што веќе беше. А со паричките што Тамара ги доби да ми плати за на ушно затоа што ушите ми ги отече со првите неколку песни.Ама ете,како посебна ке ја издвојам Wrecking Ball,ја уништи песната.Подобро да си ги откорнав ушите отколку да го слушнав тоа.Можеби на телевизија поразлично се слушало,али в живо луѓе....нешто погрдо од таа изведба тешко дека ке се види повторно... И кога на крај останаа само Даниел и Тамара,што е било во арената...Те се спомне Даниел -врескање,пискање,ракоплескање.Те се спомне Тамара - едно гласно „УУУ„ со по мали вресоци и ракоплескања.Се навреди девојчето. За другите; Доктори да ги слушаш во живо е стварно поразлично бидејќи го сменив мислењето кон нив накај мноогу позитивно. Маид,има јак глас,убаво пее ама странска песна барем еднашка да испееше?Ако дошол за српски песни тогаш нека си оди во кафанче. Лукијан го сакав многу на почетокот од причина што слушав cover-и од него уште пред да започне x-factor,ама се влоши човекот.Почна да фалшира. И да,ја имав таа можност да му честитам на Даниел,ама не и да си имам спомен од него. ( ) Во целост,ми се допаѓа организацијата на шоуто,освен начинот на кој испадна Александра Брковиќ,секако. Мило ми е што немаше местенки,мило ми е што не победи „врескалото“. И јас како и многу други не верував дека ке победи македонец,ама ете луѓе,се случи.Нека му е честито победата!
Во последно време почна да ме нервира незнам зошто,но вчера уште кога ја слушнав првата песна што ја испеа знаев дека то е то,најдобар беше морам да го пофалам и MAID ме воодушеви преубав глас има, све друго што испадна испадна вчера заслужено ниту еден не ми остави убав впечаток како за во финале, како и да е гордост за нас е што Даниел вчера победи заслужено...
Зошто воопшто се замарате со непотребни коментари ? Оние кoи немаат друга работа нека хејтаат само... Даниел е победник,радувајте се,не се замарајте со глупости. Ова навистина е ГОРДОСТ!
Најреално, од сите најдобар беше Даниел. Му немаше конкуренција, беше еден и единствен. Навистина ми е мило што победи, навистина заслужено и фер !!! -Дел од кандидатите, како Лукијан, Тамара ме изненадија негативно. Стигнаа до финале, а пееа како во првиот лајф. -Маид беше коректен, но здосади само со онаков жанр на песни. -Докторите беа супер. -Жирито можеа да кажат и дадат повеќе, некако како збунети беа цела вечер. -Организацијата не баш на високо ниво. -Барем сега нема да мора да ја гледаме Снежана, навистина беше катастрофална вчера со зборување, заборави на кој јазик зборува, турско-ресенски.