Бρаво Даниел, κонечно заслужена победа! На почетоκот мислев деκа Тамаρа ќе победи и деκа е наместено , κога слушнав деκа е Даниел победниκ ептен се изρадував.
Јас искрено не очекував да победи Даниел зошто е македонец на балканско шоу, баш поради нивниот национализам, но среќна сум сепак за него.За мене тој имаше само одличен глас но ми ја нема појавата која треба да ја има една ѕвезда, да бидам искрена и малку антипатичен ми е,како и да е нека му е со среќа победата и нека реди успеси.
Исто така и јас, не очекував дека ќе победи, поради тоа што е балканско шоу...ама ги зезна сите. НЕКА МУ Е СО СРЕЌА!
Мене би беше се исто дали Тамара или Даниел ќе победо и двајцата си ги сакам Ама баш се израдував кога кажаа дека Даниел победи И ФАЦАТА НА ЕМИНА НЕ МОЖАМ ДА ЈА ЗАБОРАВАМ
Станувам наутро, се вклучувам на фемина и гледам вистина е не сум сонувала Даниел навистина победил. Иии многу сум среќна поради неговата победата, сега повторно си го гледам и си го слушам. Очекував да победи навистина бидејки заслужи победа најмногу од сите и неможе сите шоуа да се местенки. И тоа. Уште еднаш ќе кажам БРАВО ДАНИИЕЛ БРАВООО СОСЕМА ЗАСЛУЖЕНО.
Имавме сите фаворити некои испаднаа и во претходните лајф емисии но, нели сте среќни македончиња што токму македонец победи? Конечно му се насмевна среќата на едно скромно и поштено човече. Сега се останува во рацете на Даниел. Да се надеваме дека ќе ја оправда поддршката што ја има и ќе ја има од сите независно македонци, срби, босанци
Браво Даниел, само успеси понатаму. Најзаслужена победа,немаше конкуренција,единствено он беше константен немаше лош настап. Балади и брзи песни, на англиски ,српски,македонски.Глас,однесување на сцена,харизма. Браво! Супер што победи,се радувам за него само да не се случи она што продукцијата сака,да пее песни што они ке му ги изберат и да го контролираат ептен. Се надевам ке се бори за себе,нема да слуша други,до сега супер карактер покажа посебно со изборот на песни во финалето,покрај секакви предлози од фановите он ги избра песните што најмногу му лежат. Браво момче македонче
Намерно не се уклучив синоќа,знаев дека мислењето тешко ќе се постнеше,и у право сум била,затоа сеа да си кажам. Најпрвин БРАВО за Даниел,гордост е за Македонија.Победата беше повеќе од заслужена,а конкуренцијата голема. Тамара пееше исто прекрасно,ама ееееееептен е онаква ладна,камен.Маид не знае ништо друго да пее освен песни од рангот на Чолич,Хари Мата Хари и Лео Мартин.Тоа НЕ Е пеач.Глас има,да,ама само за да не речам кафански песни. Даниел баш се покажа,и пријатно ме изненади.Не очекував дека ќе победи(иако гласав 6 пати),ама ете,ме израдува.
Е де, сите не очекувале. Ако толква количина на народ гласале, нормално дека ќе победи. Реално гледано сите го поддржуваа, не само Македонците. Неговата фан страна фрчи со коментари од секаде, чисто се сомневам дека на страната на Тамара се случувало слично нешто. А и самата Тамара си кажа дека највеќе фанови имала од Македонија. Повеќето за неа гласале ради реда. Србите и не ја сакаа нешто нај нај. Нема врска тоа со Србите, не може да поништат гласови... Ако никогаш до сега не сме победиле на некое вакво шоу, не мора да значи дека било местено. Туку се чувствува дека овој пат, највеќе го поддржуваат сите и дека е достоен претставник. И покрај тоа што потенцирам дека ова не е натпревар меѓу државите! Туку ај кажете, на кое било друго шоу, сме имале ваков претставник? Што е пар екселанс, туто комплето? Да не сум прочитала друг коментар, во врска со тоа! Дека Србите биле националисти и слично.
Што фанови има бе онаа црекалото одвратно нешто само писка кога ќе пее,сите натпреварувачи барем по еднаш ми оставија впечаток со некој нивен настап таја ниту еднаш како стигна до финале незнам не ми е јасно...
Со душа чекам Даниел да направи албум со свои песни, и секако едно концертче да организира, ќе се изнаскокам и таму ќе ја исфрлам среќата за неговата победа, бидејќи синоќа немав каде ќе ме направеа нездрава.
БРАВО за Даниел!!! Вчера растури! Ептен ми направи мерак што испеа песна на Роби и на Тоше, одличен избор на песни, одлично ги испеа, заслужено победи. Тамара сеуште не сфаќам како стигна до финале, не ми е јасно кој гласаше за неа!?!? Вчера ептен исфалшира, ниту една емоција на покажа, требаше втора (после Лукијан) да испадне, а не да биде втора. Маид беше мој фаворит (после Даниел, се разбира!), одличен беше, требаше да биде втор. Иако пее само на српски, има многу моќен глас, харизма, одличен е на сцена! Пак ќе кажам БРАВО Даниел!!!
Браво! Ние сите си знаевме дека Даниел си има талент и дека X-factorот е во него, само не бевме сигурни дали тоа ќе го препознаат сите други. Не дека е наш, ама стварно си го бива човекот. Многу сум среќна што во едно вакво шоу каде што никој не очекуваше, победи најдобриот. И како се радуваше на крајот леле, срцка изгубена, не знаеше кај се наоѓа.
Се гордеам на тоа дека премногу бевме сложни како нација барем за првпат!!! Како што видов немаше човек (така се зборот) што не испрати барем една порака за Даниел! Браво и за нас,а најголемо браво за Даниел!
Полно ми е срцево што на крајот победи правдата. Многу се изнервирав на почетокот со тоа фаворизирање на Тамара Награда сред емисија како она најдобра ќе има настап на Егзит , а другиве карти да ја гледаат Тоа не беше доволно па и интервију со мајка и , брат и .... (а семејствата на другите никаде ги немаше). Нејсе, најважно е тоа што најдобриот кандидат од почетокот до крајот си победи.
http://www.youtube.com/watch?v=S6Q5p4Lx ... 9Hlttg2Jsi Срцето ми се полни со убавина кога го слушам како ја пее песнава http://www.youtube.com/watch?v=kP8SK4Al ... 9Hlttg2Jsi Песнава со години ми е омилена ,ја испеа оригинал