Најреалното шоу досега. Во врска со настапите,Докторите беа добри и песните исто така, а на Лукијан кој му ја избираше песната? Позната е песната во ред, ама не прикладна за пеење во живо и не во стилот на Лукијан, на крај краева самиот во едно интервју има кажано дека има проблеми со англискиот. Маид со првата песна ме купи тотално а после голеема утка, можеше многу подобра песна да избери. Тамара како Тамара, првата песна воопшто не ме бендиса,не ја гледам баш Тамара во стилот на Мајли . А другите ме бендисаа, и песните и нејзиното пеење. И не дека е наш, но дефинитивно синоќа (како и многу други лајвови претходно) Даниел имаше мноогу добар избор на песните и прекрасна изведба. Неговата победа е доказ дека ни Србите не можат да замижат пред вистински талент! Браво Кајмак!
Иначе морам да прокоментивам како и беше криво на Емина кога победи Даниел,колку и да сакаше тоа не можеше да го сокрие.Ми се расипа добриот впечаток неа.Да не очекуваше Лукијан да победи?Да очекуваше може и се сонило. Кристина женава од срце се израдува за Даниел,и беше најреална не само со Даниел туку и со сите кандидати.Не е се во лепота ЕМИНА!!
Prvo nekorektno od produkcijata, na sred natprevaruvanje na Tamara i se dava nagrada i vtoro nekorektno Daniel ne e reprezentacija, toj e Daniel Kajmakoski, do sega nikoj vo Makedonija ne slusna kolku ubavo pee, a znameto ekspresno go najdoa.Daniel pobedi so glasovi od cel Balkan, da cekase nie Makedoncite da glasame uste ke rabotese na gradiliste vo Bec! DANIEL BRAVO !!!!!!!!!!!!!!!!!
Бев утрово излезена и колку убаво сите по улици збореа за Даниел, седнав на кафе сите маси зборат за Даниел(се разбира само позитивни зборови слушав)
Еве јас прва ќе кажам огромно БРАВО за Кристина која уште на самиот почеток оцени кој заслужува да победи и кој ќе победи. Цар е женава! Браво Даниел! Прекрасен како и секогаш,позитивен,насмеан,скромен.. БРАВО! Преубаво ги испеа сите песни и даалеку подобар од Тамара Маид требаше да биде 2ро место Незнам шо им беше финтата со таа наградата за на Егзит?Знаеа дека нема да победи,па колку за утеха. Без врска.тоа можеа да и го кажат неа а немораше на ТВ, впрочем заради Тамара 10 души ако одат, појќе нема.. (и тие не ми се сигурни) Најомилен дел ми беше крајот кога сите заедно ја пееа од Тоше песната,па знамето.. Аман престанејте со тоа политиките,без веза е.Да,Даниел победи за него и не ја претставуваше официјално Македонија но сепак гордост е да победи Македонец во кое било шоу надвор од Македонија.И шо има врска националноста?Србите толку го засакаа,видоа дека нема подобар од него, а особено ко рече дека Белград ќе живее.. Македонец бил во Македонија требало да живее... ма немој! Кај сака ќе живее.Доволно е паметен за да свати дека тука не може да просперира со музика. (не дека таму боље ќе му биде). И не ги мешајте Грците и Бугарите,смешно е
Марија не кажа јавно кој и е фаворит, меѓутоа сигурно Даниел и беше фаворит бидејќи му го дала срцето што го носела на евровизија кога победи
Значи кои квази пратриоти сме... Не видов ни српско, ни босанско знаме, само нашите со знамето па и уште го нагрнаа Даниел со знамето. Па Х фактор беше, не Евровизија, ај да му организираа гласање на држано ниво, со гласачки списоци со пораки од работа, од партија, со мк броеви за тие од Пустец и сите работи ќе сфатев, ама вака многу безвезно. Ако толку беа патриоти, оти никој досега не го зеде Даниел во закрила, да му напиши песни убави, да го испромовира секаде, требаше Жељко да чекаме да го земи, а? Секој втор менаџмент студира, секој втор менаџер е(убо некој велат дека тоа е нов назив за магационер е, ретки се вистинските менаџери) и никој не се најде, а? Па уште и предавник бил оти зборувал српски или оти ќе останел во Белград, па жими Лозано не пропадна што не отиде во Белград. И Тоше се прослави повеќе од кога го испромовираа во Србија, Хрватска па нагоре до Словенија и Каролина исто и Калиопи... Даниел победи со гласовите од цел Балкан, да беше на Македонија уште денес ќе се вратеше на скеле. Третина Ел Класико гледаа, третина вчера дури разбраа кој бил Даниел, една шетина гласаа, другата шестина велеа скапо е, шо ќе гласам и така србинката ја местат. Значи како народ треба да заслужиме некој да не претставува и да се наметнува со државното знаме, а не тој да заслужи.
Ај некој ако може да ми даде линк од тоа што го објавила емина, даниел нема шанси против мојот лукијан, така нешто?
Се израдував вчера ептен, не ми се веруваше дека ќе победи Даниел. Едно големо право до продукцијата. Реално и заслужено. Горди македонци.
Makedonska rabota gomna da se jadelo samo, da pobedese tamara ke placevme site namesteno, da pobedese bosanecot ke jadea pak gomna, i nasiot da pobedi pak gomna se jade... Nema nekoj sram vo toa sto covekot rabotel gradeznik, sramota e da ziveete od tatkovite pari do 30god ili da kradete za da preziveete, prosti mamini deca.
Конечно нешто нормално заслужена победа за најдобриот, неможев да заспијам ноќеска од среќа Спојлер а 2 требаше Маид дефинитивно не глупачава првата песна катастрофа и беше ко да го вадеше гласот од пети мислев ќе почне да стенка уште малку
Ете испадна дека не сум во право и баш ми е мило што Даниел е победник на овој годишен Х - фактор , тој испеа навистина подобро и од Тамара и од останатите финалисти , барем еднаш победникот да биде од оваа наша Македонија и да се докаже дека и ние имаме врвни таленти . СЕКОЈА ЧЕСТ ДАНИЕЛ
Даниел ми беше фаворит уште од самиот почеток на шоуто и многу ми е драго што првпат наш Македонец победи на едно такво регионално музичко шоу затоа што победата е навистина заслужена,победи квалитетот,а не добрососедската политика!Браво за Даниел,срцка ми е многу!
Логично ќе беше да победи Даниел и да е местенка. Тамара награда од Егзит доби и не би било фер да и дадат 2 награди, затоа прво место на Даниел, второ на Тамара. Ма, да, Тамара со врски се извлече, но важно нашиот победи!
Само да напоменам, Тамара не заслужи да биде ни во топ 3, не па 2 место, тоа 2 место го заслужи МАИД!!! Човек-глас, човек-емоција, човек-Балкан, ова шоу е светско и може не е најсоодветно за него, ама е подобар од Тамара милион пати. За мене Маид е втор победник. A за онаа ретарда по име Тамара, имам само да кажам дека не можат неа да ја гураат колку што можеме ние чесно да го гласаме Даниел, тоа и се покажа. А тоа фаворизирање и привилегирање се покажа со наградата за Егзит што баш и ја дадоа после прв настап и баш кога линиите за гласање беа отворени. Крајно безобразно еј, ми зовре!!! А уште повеќе коа прочитав за во Босна тоа мешањето на бројките за гласање по грешка којзнае колку гласови отишле за Тамара, да не беше таа збрка таа може ќе си отпаднеше наместо Лукијан или Доктори! Ауф!!! Не може шоу на овие простори да пројде без скандал, нервоза, стрес и постојан страв од местенки, среќа што на крај си испадна се како што треба и фер, а и онака прочитав дека Даниел ги имал околу 70% од гласовите така да, и да сакаат не можат со него, + беа под постојан мониторинг од странциве од Х фактор... ТАКА ДААААААААААААААА ПРАВДАТА СИ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ДАНИЕЛ И НЕГОВАТА ПОБЕДА, а за 2,3 место итн. не би рекла.
Кој рече дека Македонец не може да победи? Браво за Даниел прекрасен беше. Уште сум под импресии, денов е прекрасенн Сите за Даниел зборуваат Како си толку совршен? Нашата гордост
Со многу феминки ќе се сложам дека знамето на сцена беше претеризам! Непотробно беше и во публика пошто беше и единствено, никој не извади нит босанско нит српско. Данилел не ја претставува Македнија, туку цел балкан! Не треба да се прават национални поделби, ама нејсе, се е простено, радоста за сите беше преголема. А Снеже, туку му се лепи со знамето, овргалена цела, мн ми беше смешна, како таа да победила Останува сега на Даниел да не го прегази славата и да му направат добри песни, сирома Белов, од глупи песни не можеше да пркне, не дека не пееше добро или немаше харизма. Чекаме некој хит сега од Жељко! Тамара не го заслужи второто место!