И јас се сложувам дека знамето беше непотребно. Не го гласаа само македоницте, така што немаше потреба од тоа. Цело време се труби дека ова не е Евровизија и он на крај со знаме излезе. Како и да е, радоста уште ме држи, сега ќе го пуштам убаво да ги фатам моментите, вчера не можев баш. За Маид мило ми беше ептен што не беше во топ 3, мислам, сите пејат поп странски песни, он пее српско турбофолк. Онаа од Дино апла беше. Подобро ќе беше да завршеа децата втори, да се израдуваа барем, него оваа никаква, без душа, издишана целата.
Еј, од оваа Емина ми се згади. Многу бре олош жена била, глумица професионална, плачка, лигла, кралица на драмата, лицемерна и подла! Баш ми е мило што и искочи Лукијанче бананче лепотанче ужанче уште во првиот круг, казна за уши ми беа тие 3-4 минути кога настапуваше он. Искрено, жал ми беше за Доктори зошто излегоа во истиот круг, наместо нив требаше Тамара ама јебига, осудени бевме да го слушаме тоа крескало, пискало и втора драма квин во шоуво до самиот крај. Незаслужено ми е и тоа второ место што го зема, има нешто кај девојкава што ужасно ме иритира, таа нејзина слатка насмевка и невин поглед, не ми се уклопуваат со она што го имам како претстава за неа во целина. Хваља, не знае асално да го каже, него го пекмези. ХВАЛА, не хваЉа. Маид од друга страна пак, ми е срце од човек, не знам ете, емоција има некоја во него, некоја искреност, прав Балканец. Мислам дека него најдобра кариера го чека. Кристина дефинитивно најдобра од судиите, ептен убав впечаток ми остави уште од првиот пат кога ја видов, секогаш давала објективни коментари, реална, приземјена, вистинска успешна жена што не си лечи комплекси на некој што допрва треба да се пробива. Баш поради тоа често знаеше да се спречка со останатите од жириво смотано, али тоа е тоа. Требаше да се мачкаат очи тука, да се плаче и да се драматизира, за да се стане омилен на некој. Одвратно. Еве и на сите што викаа дека нема никаква шанса да победи македонец на вакво шоу, се надевам дека сфативте дека врска немаше тоа што го зборевте, лиценцата е Американска, шоуто е Американско, далеку од типично наместените, победи најдобриот, а најдобриот беше Даниел и тоа е тоа. Конечно правдата за македончето е задоволена! Уште една приказна е завршена, овојпат со среќен крај. За него,
Покажа и Докажа дека Вреди! Светско а Наше..а знамето е само доказ од каде е а не нешто друго.. Цел Балкан се гордее што победи Најдобриот!! А сега може мирно да спијат сите што мислеа дека е наместено...
А да прашам, на првиот настап на Даниел, каде што е со џемперчето окер боја, не му е наопаку ? Зборувам заради рабовите на рамениците, а и како да го давеше малце Онака само да си прашам ,не дека ми сметаше, убаво му стои тој стил.
Од Босанциве спас се нема, уште не можат да прифатат дека Маид не победи. Цел ден читам секакви глупости и банални муабети за Даниел, од нивна страна на фб станата на Адриа Х-Фактор. Се оди до таму да се обвинува продукцијата дека гласовите на Маид завршиле на контото на Тамара. Тоа се тешки обвинувања, без никаков доказ. Потоа било наместено, а сите видовме и сме сведоци дека правдата победи и дека не е наместено. Што да се прави, кој губи има право да се лути. Битно ми е и ми претставува задоволство на душава што Даниел победи и го исполни неговиот сон. Му посакувам уште поголеми успеси и да ја претставува достојно Македонија насекаде во светот. На истиот начин како што Тоше тоа го правеше за нашата држава. Даниел само напред, не направи горди сите нас. Ти си сонцето кое изгреа после големиот дожд на нашата естрада. Секоја чест ! Уште многу вакви радости да ни приредиш и донесеш. Ти живееш во наште срца. (Се надевам нема да се вообразиш од твојата слава и заборавиш од каде дојде)
Нека им е со среќа на сите што си зедоа награди. Маид беше мојот фаворит. Песните ги отпеа со емоции од срце и баш му лежат. За тоа што Маид не пее на англиски и го критикуваат повеќето сметам дека не се во право. Можеби не би го истакнал својот глас преку тие песни исто како што Даниел на македонските песни фалшира и е катастрофа не е тоа тој ист глас кога пее на англиски. За англиските да, секоја чест но со македонски или српски песни не би бил ни приближно блиску до победа. ( А и треба да поработи на сиромашниот вокабулар (иако можеби тоа што живеел во странство си го направило своето но не треба да се доведеш во ситуација да си го запоставиш мајчиниот јазик) ) Спојлер Она што не ми се допадна е тоа со знамето, форсирањето на "неговата трогателна приказна" по сите онлај весници и телевизии , неговиот начин на изразување...... Ова е само мое мислење.
Ај, ве молам не го тупете со тоа дали требало да излезе со знаме или без. Да, не само наше знаме имаа обезбедено ?! Па, сигурно имаа и српско за во случај Тамара да победеше. Се фаќате за ситници, крај краева македонец е, ќе си излезе со македонското знаме ако така се чувствува. Дали Србите би коментирале вака ако Тамара излезеше со знамето, се прашувам ?!
Баш ме израдува Даниелчо Ептен искрено се израдува кога слушна прогласување, а и Жељко беше среќен. Мислам дека сите на бината беа убаво расположени (освен Емина, во еден момент мислам дека ко здрвена седеше, што малку ми беше чудно зашто победата на Даниел и не беше некое изненадување, ама у реду, она си знае..) Се согласував потполно со редоследот на отпаѓања, едино мислам дека Маид требаше да е 2ор, но тој и сам рече дека не дошол да победи ( ?! ) што значи не морало да го гласат и ете му затоа, доста му е 2то место Во врска со тоа: Македонец дека победил - не беше ова балкаски натпревар, туку индивидуален. Победи најдобриот пеач, а не претставникот од македонија, па ајде сега да се ситиме што сме им отишле на србите во Белград и сме ги победиле малограѓански муабет...Па и уште не сте верувале дека македонец ќе победел, до кога ќе живеете во филм дека се на светот е намештаљка? Не сфаќам муабети како тие дека Тамара не требало да дотурка до тука - бре, она не требала, вие сте требале, а? Ајде реално малку гледајте на работите, да не не пее убаво? Кога можат доктори да бидат финале она уште повеќе заслужува. Тоа што самите си пуштивте муабет дека било местено да победи и од старт така си зацртавте и ради тоа ви стана антипатична е ваша лична грешка. Може да ве нервира и да не ја сакате, ама девојката фаќа тонови и нема тука што. И јас не ја поднесував Илма, ама никогаш не и го оспорив талентот. Сите што беа на бина, беа гласани и некоја публика ги сака и слуша. Се надевам дека сите од нив ќе имаат убави кариери. Најблескави желби му посакувам на Даниел. Спојлер п.с. Сакал да стане млад сопруг и татко... Брат, биди среќен што не си врзан, ќе се утепаш од вртење жени сега
Сеуште се чудам како можеше Тамара да го земе второто место..значи не беше фер за Маид.Такво гласиште,таков човек,многу ретко се раѓа! Сепак,што е тука,тоа е.Нема назад. Повеќе горди неможеме да бидеме за нашиот втор ангел Даниел! Бравоо!
Даниел на македонските песни фалшира и е катастрофа не е тоа тој ист глас кога пее на англиски. MOЛАМ, МОЛАМ ? Авторот што сакаше да каже, не ми се гледа убаво Даниел фалширал?????????? ОМГ ОМГ уште ова го немав прочитано, значи ти си прават што кажала такво нешо. Како заклучи експерту дека фалширал Даниел Изгледа Жељко, Кристина, Кики и Емина треба да се обратат кај тебе на часови.
И уште ова: Не можел да пее песни од Тоше? Виц! Си развали мајсторски! Секоја изведба на секоја песна му беше некоја нијанса различна од оргиналот и така симпатично ги изведуваше што просто не можеш да останеш рамнодушен на неговата уникатност и смелото внесување на нешто свое во песните.
Абе до кога ваква сељачана? Оваа па Снеже го јавна со знамето. Факт е дека Македонците би биле најголеми националисти кога би биле помоќни и поголеми како држава, не случајно сме натискани на грутка земја, па само скокаме за ова и она. Кога би била бивша Југославија како браќата од Таличниот Том, ние би биле најмалиот брат, кај неспособен и најмал, а најгласен и најлут.
Луѓе си се испорадував вчера како роден брат да ми е, ама буквално. Толку многу ми се наполни срцето не можам ни да ви опишам. На глава ќе се превртев од радости, дома славење беше. Премногу ми е мило, зашто најзаслужено си ја понесе победата. Среќна сум кога една личност со чисто срце, скромност и чисти намери ќе успее во тоа што го сака. Можам да замислам колку многу е среќен сега. Браво, браво браво. Се чувствувам исто како кога кошаркариве ни донесоа четврто место во Европа. Полно срце. Не сум можела да заспијам вчера од возбуда. А и како пееше вчера, тоа беше лудило. Цела арена на нозе ја крена исто како сопствен концерт да одржува, а не како да се натпреварува. Посебно Sex on fire, ух, ух, перверзии. Тука се виде и неговата друга страна (if you know what I mean ). Страшно добра изведба. Немам зборови. Искрено од срце му посакувам само убавини да му се случуваат, ваков човек одамна не сум видела, зрачи со позитивна енергија и чиста мисла.
значи многу ми е мило што победи нашиот даниел,тамара воопшто не ми се допаѓаше мислев дека ќе биде нешто од неа незаслужено ја доби нејзината награда барем да продолжеше лукијан криво ми како и да е македонија се гордее со нашето момче браво даниел