1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Ајде и јас да кажам нешто за Х факторов да не останам покусо. :)

    Прво што толку се фативте за македонското знаме? Вие знаете која среќа е тоа, срцето ќе му испукаше, гласот му трепереше, сигурно Даниел не појде зад сцената да си го земи знамето. Мислам дека Снеже или некој друг му го стави. Нема врска, но за тоа да имам замерки - немам. Даниел мислеше дека сонува, не знаеше кај се најдува. Јас треперев, се радував, солзи ми течеа, а можам да замислам како му било него.
    Се радувам премногу се радувам. Покрај сите сопки што му ги направиа и случките со микрофонот тој пак победи. Едноставно ја има публиката. Ми се допадна и неговиот контакт со публиката, како да беше на концерт. Очекував повеќе пари да земи, ама и со тие награди е супер.
    Тоа што сака да остани во Белград не ми смета. Да сум на негово место и јас така би размислувала.
    Едноставно го поддржувам во секоја негова одлука. Од почетокот ми беше мој фаворит.

    Сакам кога успеваат луѓето, кај некои можеби подоцна како кај Даниел, но сепак му се оствари сонот и премногу ми е мило.

    Маид признавам дека не го љубев. Не мислев дека ова ќе го кажам но, тој го имаше најдобриот вокал од сите таму, ако гледаме реално. Премногу моќен глас. Но ми ја немаше харизмата, оној х фактор кој се бара ми го немаше Маид.
    Ме наежи Маид со првата песна и очекував дека Даниел и тој ќе бидат во двобојот. Не знам и јас како не очекував дека тука ќе се најде депресивната Тамара. Верувајте не можам да ја гледам, особено не сакам во очи да ја гледам. Морбидна е. Кога пее намалувам тон.

    Лукијан беше катастрофа особено со стајлингот. На сила ли сакаше рапер да биде? Смешки :D

    Докторите ми беа срцки. Сакав да бидат трети, но ништо...
     
    На Izaabella, SparkyAngel, x-MajaEsposito-x и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Денеска цело школо за Даниел зборуваше :D Душа... Колку ми беше мило кога ја видов фацата на Емина кога го прогласија Даниел за победник :devil: :D Глупача, Даниел неможел против нејзиното жуто пиле Лукијан, хахаха ма немој... Ко печурка беше вчера |( Само не ми е јасно со кое лице Илма се појави пред нив? :fubar:
    Нели едно време се зборуваше дека после финалето ќе имаат заеднички концерт сите од Х фактор? Што биде со тоа? Баш вчера ја убедив мама да одиме, сега ако е откажан :(
     
    На SparkyAngel и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  3. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Можеби јас не сум експерт а ти уште помалку да ми кажуваш дали сум или не сум во ред? ;)

    Јас си кажав дека тоа е М-О-Е мислење како што сите си имаат право на свое мислење и свој фаворит.
    Ако тебе ти е убаво на увото да го слушаш како пее македонски песни Даниел слободно слушај си го не мора да ме цитираш и да пишуваш глупости.
    Мене ми звучат убаво само песните што ги пее на англиски и не може сите да имаме ист вкус и ист слух затоа те молам непотребните коментари задржи си ги и слободно смеј си се пред компјутерот ако толку ти се смешни.
    А уште помалку што имаш 28 год. (кои не знам дали ти се вистински според коментарите.)

    Убаво имаше една феминка коментирано погоре, дека фаворит и е се додека си пее, ама кога ќе прозбори се пропаѓа во вода.
    Исто и со коментарите дека е ерген (епа ете сега ќе има еден куп женски што ќе го бркаат а нему ќе му спласне желбата за семејство на 29 год. ) :rock:

    И ве молам доколку нешто имате против моето мислење пишете лична порака а не да ја спамираме темата во препукувања секој има право на свое мислење а ова е само МОЕ мислење околу х фактор и не принудив никого да се согласи со истото со тоа што не исмеав ниедно друго мислење очекувам и другите да не се потсмеваат на моето мислење, секој си има свој фаворит и си има причини зошто некого сака а некого не.
    Поздрав
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не се докажав синоќа од возбуда...
    Иако Тамара ми беше фаворит од почетокот,мислам дека Маид требаше да ја земе втората награда.
    Го игнорирав човекот дека пее кафанска музика, а јас не слушам таква,ама има вокал чудо.Уште побитно многу поголема емоција и подобро изразување.
    Синоќешните изведби му беа најдобри од цело натпреварување,посебно првата.
    Липав буквално.

    http://www.youtube.com/watch?v=pC5yYbOr07o
     
    На unlucky, Elennaa и kala21 им се допаѓа ова.
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    На unlucky и Elennaa им се допаѓа ова.
  6. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Ај бришете од овде некои изгубени патриотски и антипатриотски квазифилозофски расправи. Секаде тоа го читам. Ако некоја будала како онаа Снеже Велков со знамето, на фб пишувала нека пукнат Грците па после плачела зошто Даниел останува во Беград, не значи дека цела Македонија сме малоумни.
    Ете, ние сме биле најголеми националисти на Балканот, само не војни, не претензии туку Икс фактор бил потребен да излезе валканиот веш после долги децении |( . Каква глупост, да си пука у колено човек.

    Даниел сега кога ќе почне да добива свои песни се надевам дека ќе го помни текстот, не како досега.
    Инаку за тие што не сфаќаат, тој освои симпатии пред се заради неговата личност. Да беше на негово место некој арогантен деген како што ни се пола пејачи, многу ќе им беше гајле на повеќето дали е од Македонија, никој немаше да навива за него.

    Ааа... Икс факторот беше во Маид, ама друга приказна. :)
     
    На unlucky, x-MajaEsposito-x и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Значи секоја чест за победата,сосема заслужено за Даниел ! Искрено до самиот крај мислев дека тој нема да победи,сеуште се држев до тоа дека на македонец никој нема да му даде да победи.Но ете чуда се случуваат :D

    Инаку не знам кој колку прати твитер,но јас вчера се утепав читајќи хејтерски коментари за она откако кажа дека ќе живее во Белград.Мислам ало луѓе,колку и да сте патриоти без потребно го хејтате дечкото.Тој одамна излегол од Македонија,и не гледам зошто би се вратил тука :D Mислам и јас не би се вратила да сум на негово место .. Тоа само сакав да кажам,ме изненадија големите "патриоти".
    Нема потреба од хејтање за такво нешто...
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Затоа што на Даниел сакаа да му направат сплетки со микрофонот ке кажам


    НА СЕНКАТА МОЖЕ ДА ТИ СТАПНАТ НО НА СРЕЌАТА НИКОГАШ !
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    13.036
    Пол:
    Женски
    Еве јас да си кажам мислење, како пристрастен гледач, пошо ниедна емисија немав гледано од Хфактор, сега за финалево првпат седнав. Жими за Даниел само знаев, другиве првпат ги гледам. И не дека сум нешто музички компетентна да судам, ама еве да си кажам што мислам.

    Маид со "Kao moja mati" не да требаше да победи, требаше одма тука да го прекинат и да го прогласат за победник. Таков глас со ништо не се споредува. Само не знам кој му го бираше тоа змиското сако, ама ај... :D Само дека Даниел е наш, само заради тоа не ми е криво што победи. Мило ми е за човекот, си има убав глас, верувам ќе има и убава кариера, не беше грешка што победи. Мислам дека мене лично презентација многу не ми е битна, и затоа како квалитет на глас повеќе ми се свиѓаше Маид. Во друштвото кај што го гледавме финалето едно девојче дури и се расплака додека он пееше. Едноставно си има дарба човекот. Али да се живи и здрави двајцата, со убаво да им тргне кариерата. :clap:

    А онаа кокошкана Тамара уште да и дадеа да го води Хфактор, толку форсирање не сум видела во живот, дури ни една професорка во средно што ја имав, имаше ќерка во мојата генерација, па сопствената ќерка не ја форсираше толку како овие на Тамара што и правеа. Срамотилаци... :fubar:
    Таа ако имала толку поддршка, нека си праи песни приватно и да си пее како сите други девојки на естрадата. Па ако ја бива ќе си стане позната. А не да се бламира до овие талентираниве. Башка што све последна пееше, па и стварно да била добра, после другиве е само греота. Неспоредливи се, а не да ги ставаш сите заедно во топ3 или топ5.

    Ете тоа си мислам јас. :)
     
    На unlucky и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе се се, ама кога ке прочитам коментари од типот "сакале да му направт плетки со микрофонот, намерно било тоа"...хахаха не ми се верува дека некој размислува вака.

    А друго максимално го подржувам што одлучил да остане во Београд, па зарем да се врати во оваа вукојебина?Па тука кариерата може да му појде по надолна линија, нема шанси за напредок, бидејки немаме квалитетна музичка продукција, немаме естрада, немаме ништо што е потребно за да станеш ѕвезда и да успееш.Така да секоја среќа и добро му посакувам во Београд, таму му се смешка убава иднина.

    Исто посакувам и Маид да успее, бидејки е вонсериски, феноменален во секој поглед.Со Даниел ми беа одлично и посакувано освежување помеѓу, кичот и шундот што го гледаме почесто на тв.Требаше да го земе второто место, но нема врска, најбитно е сега после Икс фактор што ке направат, а се надевам многу.
     
    На Izaabella, unlucky, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    И јас читав. Сељачана народ |( Тие истите што го пишувале тоа, рака во оган ставам дека да би имале прилика веднаш би се спакувале и би заминале... само да се мрчело.

    :fubar: Па кај сака ќе иде. Башка ако не се лажам продукцијата е во Бг, па и да не живее звнично таму, ќе мора многу често да е на тој терен. А и сам кажа дека тоа му е на половина пат од Австрија и Македонија, па геогравски најмногу му одговара. А и што викаш, тој 30години не живее во мк, нема пријатели што би го врзале за тука, само фанови, кои и вака и така можат да го пратат од кај и да пее.
    Немам зборови колку малоумни можеме да бидеме. И тоа сликите и твитовите со кајмак.. :x мислам трагедија!!!
     
    На rhcpfan, Silver.E, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Без разлика на фактот што си Маидов фан.. биди фер и биди човек, па честитај му на Даниел :) Ти се гледа исфрустрираноста. А она за патриотизмот и Снеже си во право.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Кој те тебе оспорил да немаш свое мислње. Друго како фалшираш тоа те прашав јас, немаш што да се фатиш со мене и да ми реплицираш па сега за моите години се фати-Алал да ти е на паметот- немам што да ти кажам друго.
     
    На kikiviki32 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Груевски :
    „Даниел во времето на Бранко ни на Охридски трубадури не победи, а сега видете го каде е !“

    КРАЈ! :rofl:
     
    На loverangelx3, Hipster, Name и 12 други им се допаѓа ова.
  15. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    :D :D :D Ме насмеа :D :D :D :rofl: :rofl:
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Хахаха...зарем е можно да се толку мизерни?Нека го остават Даниел на мира, сега сите ке си го препишуваат неговиот успех, а каде се кога немаше кој да го гурне, ма нека си тераат работа мизерии во раскош.Уживај Даниеле во Београд, што подалеку од тука толку подобро.
     
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Среќна сум што победи Даниел. Конечно Македонија да победи во нешто, а и редно беше, секоја му чест.
    Искрено мислев дека Маид ќе победи-на почетокот. А, мислев дека на крај ке ја наместат "Тамара" ама немаше како, резил ке беа и фала богу сепак го кажаа резултатот искрено без мештаљки. Ама неможам да се помирам како Тамара толку ја форсираа и зема второ место, ако таа зема второ место тогаш јас ако се пријавам догодина на Х фактор кое место треба да го земам ПРВО?
    Да, среќна сум што победи Даниел, вотро место требаше да биде Маид а трето Доктори ама како и да е, тоа. Оваа година немав среќа да одам на аудиција, ајде можеби во наредната сезона и мене ке ме гледате :rofl: (I hope)
     
  18. Sarence

    Sarence Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    623
    Ако кажам дека се радувам на победата на Даниел ќе дојде како да се изневерувам себеси и како да не си ги почитувам своите ставови и мислења од претходно. Но кога веќе победи не ми преостанува ништо друго освен да му посакам долга и успешна кариера.
     
    На Elennaa и vampiregirl5 им се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Да не бидам погрешно сфатена шала е, не дека стварно е изјавено. :lol:
     
  20. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Е полека малку де :) што треба сега јас за ова да одговорам? Ти се гледа игнорантноста? Зашто ти се гледа, во случајов погрешно го процени моето мислење. Темата не мислев дека е за честитки, победникот и онака тешко дека ќе чита овде. Немам ништо против тоа што Даниел победи и не ме лути воопшто, баш напротив, ниту се фрустрирам што Маид е трет иако заслужи повеќе. Инаку не можеш да знаеш дали на друго место не сум изразила задоволство ако тука не го направив тоа. Еве ќе кажам ако е тоолку потребно, со среќа на Даниел понатаму во кариерата и понастрана од завидливи скопски погледи, како оној на Тамара Тодевска на Бубамара пример.