Mаид пее сељачка музика? Хмммммм... Незнам од кога Дино Мерлин, Мартин Лео, Здравко Чолиќ и ред други големи имиња на нашиве простори пејат сељачка музика.Без разлика ги слушале или не факти се факти.Глупо е и да коментираме на таа тема.Маид е екстра пејач кој сум сигурна, доколку има хитови од ваков тип ке биде слушан.Не гледам никаква причина зошто тој не би успеал, во рамки на неговите гласовни можности, харизма, однесување на сцена и сл.
Нивната група се вика MadLick и еве една од песните со која настапија вчера Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=2Dkjfzm0b7c
Rainbow драга не планирам никаков двобој само кажувам каков впечаток ми остави Маид со своите настапи вчера вечер. Многу добро ја познавам фан базата на Даниел затоа што и јас сум дел од неа ( а не сум тинејџерка) и во никој случај не можам да го оспорам неговиот исклучителен талент. Даниел најдобро звучеше со песни во стилот на Rеd и Counting stars па ќе видиме кој ќе успее да му направи такви песни овде на Балканот за тој да може да блесние во сиот свој сјај. А Маид ( како што кажа и Кристина Ковач) може многу лежерно да бира од кој автор на Балканот ќе земе песна која му одговара на стилот , на гласот. А дали е кафанска музика Одисеја и песните на Здравко Чолиќ мислам пиша некој погоре
Значи колку само неможе да му се погоди на човек ! Даниел, Даниел ајде се фино си победи, заслужуваше ама ние секако пак не сме задоволни дека човекот го носел знамето со себе !!! А и да не го носеше пак ќе беше лошо, дека ете од Македнија ама не го носел знамето ! Според мене е сосема во ред со тоа што го носеше сепак беше македонец, единец, наш претставник што остана до крај и Зошто не ви чини тоа што покажа од каде е ?? Без разлика дали е спортски натпревар, музички и каков и да е секаде ама баш секаде се носи знамето. Ајде поздрав И да кажам само.. многу ми е мило што победи Даниел, беше и мој фаворит, нека му се нижат успесите
Јас мислам дека најискрен од сите натпреварувачи беше Маид. Тој е една посебна прича,значи толку прекрасноо пееше,особено (Моја Мати) што во тој момент сите можеа вода да му носат .Толку ми е при срце што би сакала лично да го запознаам (i hope so).Значи човек -драма,Балкан у мало-ко што би рекла Кристина. Даниел го има она "шмекерското во себе",НО повеќе му лежат странските песни,отколку македонските и српските.Мислам дека не треба толку да се фаворизира. Доктори-искрени и интересни. Лукијан и Тамара во пакет,толку се занесоа што од горе паднаа долу. Ако до вчера ја почитував Емина,денес неможам да ја смислам.Лицемерна,дволична,плачка,улизица. Мислам дека Емина си одмогна сама на себе,изгуби фанови. Реален судија беше Кристина. Кики ми беше изгубен,но добар. Жељко ми е једно радим,друго причам.Слични ми се со Емина. Ќе го напуштел шоуто да не се врател Маид.Да,затоа ти го исфрли од куќата на судиите.Ќути си и трај си. Снеже-
Абе видете вака, пееше такви песни зашто било што да беше повеќе од тоа ќе беше претеризам за вакво поп шоу. Значи, поп шоу од светски рамки. Ќе видиме само каква песна ќе извади и кој ќе го слуша, па после ќе збориме. Он со онакво тресење на гласот не може ништо друго да пее, а јасно е како ден какви песни му лежат. До утре може да се убедуваме тука, ама останува само тоа, да видиме што кариера ќе направи и кој ќе го слуша.
да ми ги читаше мислите немаше истото што во моментов планирав да го напишам да го видам напишано од тебе искрено во првиот круг која ја пееше као моја мати потајно се надевав дека маид ке победи но сепак мило ми е што победи даниел не можам да речам не.. иако сношти не искоментирав а гледам сите сте дале по некоја претпоставка мојата беше 1-маид/даниел 2-даниел/маид 3-доктори
Тие што се по турбо-фолкот, мислам што преферираат да го слушаат и слушаат МАИД е бог. Х-Фактор е нешто поразлична приказна. Маид би победил на Ѕвезде Гранда Тв Пинк. Ама луѓе кога ке разберете дека балканот не слуша единствено уназадениот турбо фолк. Балканот слуша и друга музика многу поразлична од тој стил. Да нема забуни, Маид пее еден ист стил долги години, неговиот круг е тој. Тој во талент шоуто во Босна истите песни ги пеел-ништо различно. Не заслужуваше финале. Илма го мачка на леб Маид реално, а и многу други. Маид го извлече Емина последниот пат, инаку Босна не му бегаше. Немаше ни финале, ни ништо да види. Илма може е секаква ама заслужуваше таа да биде во финалето, а не таа вечер во двобојот Илма да замине. Ај замислете го Маид во Aнглија да пее-Красиваааа. Бидете реални. Сите натпреварувачи колку толку се трудеа различни стилови да пејат, а тој пееше едно исто па исто. Друго што тотално ме изиритира и уште еднаш ми потврди дека Маид е пред се добар глумец-со тоа плачењето вчера. Целта му беше да придобие гласачи на сентиментална база, на сожалување што нема мајка и сл. работи. 29-н дечко не реагира така, зошто после тоа кога помина во 2 круг беше екстра расположен како ништ да не се случило. Даниел еве на последниот лајф знете што се случи, но тој остана доследен на себе и продолжи да пее и не кажа ниеден збор. Професионалноста пред се. И вчера претпоставувам имаше обид да му се наштети на дечкото, сведоци бевме дека пак не беше во ред со мониторингот, на што Даниел ги тргна слушаките и продолжи да пее. За микрофонот но комент -па на што личеше тоа. Маид е Маид, колку ке успее ке видиме понатаму. Јасму посакувам се најдобро и успешна кариера. Друго Маид благодарение на Жељко повторно се врати во шоуто од нигде и никаде. Додека за другите неправилности не ни коментирам. Примерот со Александта Брковиќ. Во право беше девојката што не се ни појави вчера во финалето. Се на се шоуто имаше многу неправилности и непочитувани правила и концепти.
А баш ја чистев пушката, ме зафркна сега. Делот за двобојот се однесуваше на двобојот на Даниел и Тамара, ништо повеќе. Не те разбрав само зашто кажа дека го изгласале Даниел тинејџерките, а после испадна дека не мислиш така. Нејсе. Пак истото, може милион пати се кажа дека не е наш претставник, дека се претставува сам себе и ова е негов личен успех. Се носи знамето кога се претставува земјата. А да не го биваше тогаш немаше да го признаеме и да биде наш, ќе си беше сам за себе таму и ќе се плукаше по него. Македонска работа, тоа е.
Луѓе како бе вакви муабети? Свесни ли сте што зборите? Се надевам ги имаш живи и здрави двајцата родители. Знате ли што значи кога ти се случуваат убави работи, а родената мајака не е тука со тебе да ја споделиш радоста со неа, личноста која најискрено со цело срце ти се радува и подржува без разлика на се. Е јас знам и многу боли. Поминува времето но болката не поминува, туку учиш и се навикнуваш да живееш со тоа. Ќе кажете па он е возрасен, зрел, поминало време треба да биде јак, да знае да ги контролира емоциите, но понекогаш колку и да имаш оргомна моќ на самоконтрола колку и да си јак едноставно попушташ и во ред е , човек си. Па стајте се на негово место, преполна арена, сите тие енергии, менторите, камерите, свесноста дека неколку милиона те гледаат на тв, на останатите учесници родителите се со нив ги бодрат, се гордеат со своите деца (Знаете ли колку боли ова баш во вакви убави моменти кога можеш на родителот да му пружиш радост да му покажеш дека може да се гордее со тебе? Како шамар што во лице ти покажува што немаш.).
Мене покрај Даниел, еден од омилените финалисти ми беше Маид, токму поради емоциите што ги предизвикува кај повеќето кога пее. Според мене, факт е дека има моќен глас, а и самиот го знае тоа. Ако ви текнува имаше коментари - многу е препотентен, самоуверен, а тој на тоа врати нешто во стилот - "Имам 30 години, нормално дека на оваа возраст, со толку поминато, ќе бидам самоуверен", мислејќи на искуството и сè друго што поминал, претпоставувам и претходните натпреварувања. Затоа bubamara12345, (не се р'чкам ) ама морам да признаам дека не ми се допаѓа твојот коментар: Тоа секако е твое мислење, но не и мое Вистина е дека одбра две тажни песни, посебно првата, која очигледно беше посветена на мајка му, но јас не сметам дека е глумење за да добие гласови. И мене ме наежи, баш како што кажав, затоа што дефинитивно има моќен глас. На некому му се допаѓа и би ја слушал неговата музика, на некого не. Кратко и јасно А тоа дека 29 годишен дечко не реагира така, не можеш да тврдиш. Кога ќе почине родител не е битно дали имаш 19, 29 или 59 години, секое сеќавање понатаму на таа личност боли и предизвикува емоции. Дури и втората песна што ја одбра, беше исто толку емотивна. Ако песната е тажна и бара човек да се внесе во нејзината изведба, не мора да значи дека не треба да биде расположен откако ќе заврши. Мое мислење беше дека за првиот настап ќе одбере весела и брза песна за да ја размрда публиката, како останатите натпреварувачи. И последно, сметам дека Маид вчера им одржа лекција за говор на сите останати, било тоа лицемерно, дволично, мене ми звучеше искрено едит: гледам со A-j-a за истото сме се фатиле
Mаид во турбо фолк издание http://www.youtube.com/watch?v=rfFXEpABR2E http://www.youtube.com/watch?v=RbX7xzRrac0 http://www.youtube.com/watch?v=8Scm2FbJJ9U
Ме погодија муабетите против Даниел и патриотизмот. За кој патриотизам зборуваме? За оној за кој со душа чекаме да умри козата на комшијата? За оној за кој одвај чекаме некого да вреѓаме, исмејуваме, оговараме, вадиме муабети? Не бива нас за нешто друго? Каде беа сите вчера кога Даниел пеел некаде низ Македонијава, соработувал со некои познати? Никој никаде го немаше. Даниел беше никој за нас. Па, побогу не можел ни да се ожени зошто бил добар и простичок, а ние сакаме фраери со бесни коли и најнов модел на мобилен, нели? Да не беше Србија со нејзиниот Х Фактор, ќе го знаеше некој на Даниел? Немаше ни да го погледнете по пат.. Сите ние душа би дале да летнеме од оваа мизерна држава, каде цело време се жалиме дека се нема пари, рмбаш по цел ден, имаш прост газда над глава, уште поглупав шеф, не можиш да заштедиш ни за една половна кола, 3 години собираш пари за една свадба, луѓето отстрана се радуваат на твојата несреќа, комшиите знаат повеќе за тебе од ти самиот. И сега проблем е што Даниел одамна заминал од оваа мизерија и што не сака да се врати во оваа мизерија !? А, каде да се врати ? Кај сите кои го понижувале и омаловажувале? Распрашајте ги оние кои го знаат да ви кажат колку бил непочитуван и отфрлуван од овде. А, знаете зошто? Зошто ако си добар и поштен одма те јадат. Те користат. Душата ти ја цедат. Споредбите со Тоше ми се преку глава дојдени. Тоше е Тоше. Даниел е Даниел. Јас сум јас. Ти си ти. Сите сме засебно посебни и неспоредливи со некој друг. Да се потсетиме колкумина и по Тоше плукаа, се додека умре. Кога умре наеднаш стана ангел. Уф! А, пред тоа беше педер, лигуш, и со какви ли имиња беше нарекуван. Да бидеме реални ! И за волја на вистината, и Тоше започна да снима песни на Српски, Хрватски, Англиски...зошто виде дека овде крилата му ги кратат. Виде каде живее и колку е ценат. Паметам и тогаш беше напаѓан зошто пеел на Хрватски. Да потсетам, Даниел одамна заминал некаде странство, и многумина од нас заминуваат. Даниел е во секој од нас. Сите сме по малку Даниел. Зошто овде животот е тежок, нема просперитет, будалите успеваат, паметните црнчат, и многумина се би дале да можат да заминат некаде. Спојлер (ете ја и темата за Бугарски пасоши, се е јасно)
Тијана по не знам кој пат, повторно плеј бек. Па уште го врти микрофонот, видете што направив. У позадина музика, оваа си го врти микрофонот, бе. Ко кловновите што ги вртат тие палките, исто. Имала талент, имала школо... ама џабе, кога не ја симпатишам. Едноставно не и готово, крај. За нашето Снеже, што да кажам? Нема да биде доволно. Она е посебна... пилешка салама. Kristina Kovac Спојлер Summa summarum - jako sam srecna sto je pravda zadovoljena pobedom Danijela Kajmakoskog, sve drugo bi bilo ravno skandalu...Covek je sve ono sto jedan svetski pevac treba da bude - energican, posvecen, harizmatican, odmeren, pevacki precizan a opet sa puno emocije, i mozda najvaznije - odise jednom predivnom slobodom na sceni i ljubavlju prema muzici i i pesmi koju peva. Divan momak sa kojim se nadam da cu imati prilike da saradjujem u bliskoj buducnosti. Sto se tice mojih voljenih i divnih Doktora....jako sam bila tuzna sto nisu zavrsili u Final 3. Sigurna sam da su to zasluzili i bila sam ubedjena da ce ih glasovi njihovih postovalaca dotle i dovesti...Prosto ne mogu i dalje da poverujem da nisu... Ono na sta danas, nakon gledanja njihovog nastupa na You tube-u, moram da se osvrnem jeste sledece : bez zelje da ih nesto opravdavam i branim , cinjenica je da je citav jedan deo nastupa bio u ozbiljnom i teskom falsu, i to je neosporno. To znamo i oni i ja. Sa druge strane, uz svo duzno postovanje toncima, problemi sa slusanjem koje Doktori imaju kroz celo takmicenje, kao i Arminov mikrofon koji uporno iz lajva u lajv prekida i koji tehnicka podrska nije uspela da sredi za 9 lajvova su svakako razlog zbog kog su ova deca juce imala ozbiljne probleme sa intonacijom (u tako velikim prostorima svaki problem ove prirode bude multipliciran).... Ja sa ovom decom radim mesecima, znam im vrline i mane, mogucnosti i potencijale, i ovo sto smo sinoc culi nije varijanta "Doktori=losi pevaci"...to sto smo culi je bilo klasicna situacija ispastanja pevaca zbog tehnike. A njih je 5, ne zaboravite, i cesto pevaju svi u isto vreme. Nije kao kad si sam. E tako. Rad sa Doktorima je bio veliko uzivanje, uvek je predivno kada kompozitor i muzicar preko puta sebe ima talentovane, mlade, duhovite , a bogami i zgodne mladice.... Bilo mi je NEIZMERNO ZADOVOLJSTVO, pruzila sam im apsolutni maksimum kao mentor - svoje vreme, svoje znanje, svoju privrzenost i lojalnost, sma svoju ljubav, trenutke smejanja pa i urlanja....svasta nesto. Momci, IT WAS A BLAST. Thank you. Vasa mentorka K. Коментари: Nermina Jahić Ne vidim onda svrhu show-a,trebali ste ga odmah poslije audicije proglasit za pobjednika. Kristina Kovac Ja sam ga i proglasila, ako si pazljivo pratila. Ziri sluzi da da svoj sud, i zamisli, ja ga dala! Ajd'uzdravlje. Царица. Кристина за претседател!
е ај послем да не го сакам ем сум битолчанка ем го обожавам П.С. се молат хејтерите на Маид отровот да го сеат на др.место фала многу пријатно...
и тие погоре песните што се поставени, пак не се турбо-фолк. Можеби новите генерации не знаат кој е Харис Џиновиќ. Можеби е музика за кафана (Харис), ама е за кафана со стил, за друштво, за опуштање, за веселби, за радосни моменти, за долги муабети, за длабоки чувства, за слобода на искажувањето на емоции и за се друго нешто. А и не се грижам Маид и што го нарекуваат и турбо- фолкер, јас пак ќе го слушам и сакам и поддржувам.
Јас пред некое време си ја пеев Македонско девојче. И добив коментар: - Елена, ај доста со турбо-фолкот. И, сеа? А бе не викам дека нема некоја жичка натака што го тера Маид... Ама па сега Здравко Чолиќ и Дино Мерлин, ако се турбо-фолк... Па уште видов Жељко некој пишал дека е турбо-фолкер. Тогаш онаа песнана Плитак поток, а вода дубока што е? Екстра мега турбо турбо фолк. Ај малку со усул. Не е злато се' што сјае. Не е турбо фолк сe' што е српско. А што не идат вакви песни за на светско шоу, не идат... Ама што да очекуваме? Ово је Балкан, Балкан... каман.