Оф бе Реин, на македонски имаше само ЕДНА изведба. Првичен заклучок извлеков од неа. Како што јас не можам да гарантирам и да судам дека ќе пее лошо на македонски, така и ти не можеш дека ќе пее добро. Toa само времето ќе го покаже а ние публиката носиме суд според лично доживување на тоа што го гледаме. И Марија Калас била прва за оперско пеење додека не го изгубила гласот. Кој можел да го предвиди тоа? Не значи дека мислењево нема да го сменам понатаму, но тоа ќе биде поради неговата изведба, а не од убедувањава и наметнувањава на ставови тука. И не ми го менува истото ставот дека дечкото има ангелски глас и се` останато што треба да има. Самата си рече погоре, можеш да имаш различно мислење, но не можеш да ми го наметнеш твоето. Нека важи тоа и за другите.
Заштитен знак не може да биде да биде ВЕ САКАМ и никој да не смее да го употребува тоа ...разберете еднаш ,и странски пејачи на концери и фб го употребуваат тој збор и нив ли треба да им забраниме да го употребуваат тој збор ,немој да бидете смешни со вакви изјави ,и обично вакви глупости доаѓаат од лажните фанови на Тоше кои му станаа фанови по неговата смрт,истите тие кои го вреѓаа него додека беше жив ,а знаејки го Тоше пред се каков човек беше најмногу ме нервира кога се користи неговото име за да се нападне некој пејач
Па не станува тука збор за гласот, станува збор за јазикот. Ако не знае на македонски ќе пее на српски, на англиски, ќе се пробива човекот со таков глас. Тоа ми беше муабетот, ако ти не сакаш да го слушаш освен ако не пее на македонски, ќе сакаат србите да го слушаат како пее на српски. Не е ова македонски икс фактор на крај краева.
Рејн да ја стават ментор во следната сезона на X Фактор Повеќе коментари за шоуто, како за нашево, така и за американското и британското, никој нема пишувано
Никаде со закон не е забрането да се користи Ве Сакам Сите па да никој не смее да го каже,само глупаво е што се служат со тоа,едноставно ја губат оригиналноста,од прееска некои работи ги мешаш,прво дека на дечко/девојка,родител да не смее да се каже Ве Сакам,а сега споменуваш странски пеачи,небаре Лејди Гага или Бруно Марс (на нив ми текна во моментов) го знаеа Тоше па го копираат,зборувам за нашиве тука во нашава држава Пишаното воопшто не е смешно туку има Поента.за какви лажни фанови зборуваш ти??? Како тоа процени лажни фанови? Ти имаш свое мислење јас мое па друг сосема поинаку размислува,нормално е размислувањата да ни се разликуваат,ама да кажиш дека нечие мислење е смешно само заради тоа што не се совпаѓа со твоето Голема грешка си не реагирај така нападно молим те
Да не ви се мешам многу многу во дискусијава имам само нешто да кажам Овие зборови „Ве сакам сите“ сигурно ги користел некој пред Тоше,а ќе ги користат и уште долго време после Тоше и на македонски и на турски и на англиски.Не се нешто посебно креативни и оригинални(ова не како навреда за Тоше) ама стварно така е.Тие се како знак благодарност на публиката,па стварно мислам се излишни коментари дека секој што ќе ги каже го копира Тоше.
Marossa баш убаво што се вмеша во муабетот,и на културен начин го изнесе твоето мислење,без да навредиш и нападнеш туѓо мислење
За Даниел на Македонски јазик... Мислам дека Македонски зборува на почуден акцент (нели приметивте?) и затоа и кога запеа пееше некако селски, кафански... Мислам дека треба да поработи малку на јазикот, говорот, акцентот, и ќе го среди тој проблем. Знам дека некој на Англиски пее супер, а на свој јазик не е тоа-тоа, но ако имаш талент, Х фактор во себе, МОРА да те бива во се...!!!
Па секако дека ќе зборува чудно и јас да сум многу години во странство и јас не би го зборела мајчиниот јазик како што сум го зборувала. Но сепак мене многу ми се допаѓа момчето како пее, иако песната што ја испеа на македонски не ми се допадна.
Глупави и прости луге ке ги заебаваат, а оние што се разбираат од ваков тип на музика знаат што е она вистинското. Децата се гледа навистина дека се труделе, и делка поминале низ доста тешки работи во животот,а плус и предрасудите кои ги трпеле..не реков дека требаше и да победат го заслужија она што го постигнаа. Точка.
^Океј, штом стави точка толку од муабетот. Инаку ќе кажев дека прост и необразован народ може да каже дека групата беше талентирана. Ама точка си е точка, поштувам. Британското не сум го гледала. минус ми е тоа, нема сега да ме земат за ментор. Инаку ако требаше да бидам ко некој ментор, нели така оди работава, Жељко ко Сајмон, јас ко Никол ќе бев.
Девојкава сега случајно ја видов, солидна е, а нејзината аудиција не ни беше емитувана. http://www.youtube.com/watch?v=x7TNuTsCrP4 Којзнае уште колку има такви, што не ги ни видовме.. Продукцијата сама си избра кои ќе бидат фаворити очигледно. Маринела Џогани подобро да не пее од девојкава, или Фифи и уште многу кои според мене дотуркаа подалеку од што треба.
Нормално дека Даниел ќе има потешкотии со зборувањето/пеењето на македонски јазик. Тој цел живот го поминал во Виена. Го сфаќам, познавам личности што после толку години се вратиле во Македонија и не му оди баш лесно. Забележав дека доста добро зборува српски, но не му замерувам, 100% се дружел со србите во Австрија. Кога ја пееше песната од Тоше тогаш се изреволтирав, се разочарав, а тоа е така бидејќи очекував многу повеќе од него. И пак ќе очекувам да ме воодушеви како што тоа го направи некни. Како и да е, заслужено му е местото, не мислам дека го копира Тоше ( не ни имам забележано дека некаде напишал ВЕ САКАМ СИТЕ, барем на профилот и фан страната не сум видела, освен на лажната! Се си мислам дека ќе победи, некако убедена сум, најактуелен е за разлика од другиве, дури и србиве се повеќето за него. Можеби е прерано но кој друг би победил ако не тој...
Нормално дека сакам да победи Даниел, но некако не ми е за верување да победи Македонец. Така беше и на операција триумф Александар Белов беше секоја емисија до крајот на шоуто најдобар и на крај победи некојси безврска никој што не се надеваше. Некако ко да го форсираат Младен, убаво пее ама не е интересен... за да бидиш ѕвезда не треба само да знаеш да пееш, треба да има и харизма. Ајде ќе видиме рано е, ама секако дека ќе си навиваме за Даниел, и нека пее само англиски песни, дека на македонскиот не е навикнат и уште не му стои.
Јас пак мислам за Даниел дека не би требало да му е тешко да пее на Македонски,сепак Македонскиот му е поблизок јазик од англискиот,англиски пее супер а на Македонски треба да е уште по добар.Некој спомна дека имал победено на Валандово,штом пеел и победил на Македонски фестивал јас мислам тука ќе нема никаков проблем.
Од сите кандидати што влегоа во изборот на Жељко , единствено не ми се допаѓа Младен Лукиќ. Мислам дека дечкото пее добро , ама за мене нема харизма . Премногу ми е намќорест, безличен .... Ќе видиме понатаму ама мислам дека Жељко потпадна под влијание на Тони . Тони беше одушевен од неговата емотивна изведба , но мислам дека кој и да ја отпееше неговата песна ќе звучеше преубаво . Сепак мислам и дека изборот на песни беше многу важен.
Никако неможам да поверувам дека би можел да победи Македонец. Така да и најдобар да е Даниел (и е најдобар) не верувам дека ќе победи.
Точно, Тони безвезен беше искрено, тој е таму само за поддршка, а не да донесува одлуки, му се наметнуваше на Жељко. Дечково добро пее, но требаше Маид да влезе, многу и е симпатичен, елоквентен, топол, отворен. Сметам дека има Х фактор.
Тие двајцата Лукa и Јана требаше да поминат, наместо четирите кокони од бендот на девојките.. Ама тоа е тоа, баш ги поистоветував со Алекс и Сиера, онака машко-женски дует, иако се многу послаби од нив и не се декларираат како пар.. Гарант ќе поминеа ако признаеа дека се клецаат, они се праат френдс. Народ то воли, да има љубав... али добро бидна
Ова не е мис или мистер шоу туку шоу за таленти за пеење. Ако Младен нема талент и тој глас што се бара за шоуво, не знам кој има. Да де знам, не ви е убав па затоа никој не го сака и заради тоа нема Х-фактор. Даниел да не беше убавичок и хариматичен, се кладам дека половина немаше ни да го приметат. Да бидеме искрени, мене ми е супер и навивам за него ама харизмата си го прави своето, несвесно. Но со гласовни можности е позади Илма и Младен. Онаа Сузан Бојл беше велелепна лепотица и има страшна харизма па затоа победи на Британија има талент. За кореографија и движење на сцена, Адел прави шпага на секој спот и секој настап! Нина Симон исто, велелепна лепотица и манекенка. Бeт Дито од Госип го има може најдобрите гласови на денешницата без разлика на тоа како изгледа физички и колку е она витка, убава, мила, харизматична. Ама ве сфаќам, после толку Лејди Гаги, Бритниња и остали извитоперни поими за таленти мислите дека сите така треба да изгледа ѕвезда. Затоа пеачките и пеачине во голем дел се се повеќе манекенки и старлети, и што се не, само пеачи не. Сиромашни сме во културолошка смисла, кога при очи не препознаваме прави таленти.