Ke go stavam vo spojler oti e mnogu golemo,c c c odma se javia hejteri Спојлер Даниел Кајмакоски: Славата го надвладеа патриотизмот?! 24.03.2014 | 17:20 Македонија по долги години чекање конечно доби свој победник во еден регионален музички натпревар. Даниел Кајмакоски со својот настап ги засени останатите финалисти во суперфиналето на регионалниот X-фактор-Адриа. Навивачка еуфорија и радост по победата и кај него и кај бројната армија обожуватели која се забра од сите краишта на неговата родна Македонија да го бодри и да навива за него. Победата му ја донесоа СМС гласовите на неговите фанови. Воглавном наши, македонски. И патриотскиот чин по победата со наметнувањето на македонското знаме истата таа победа ја направи уште повеличествена. Daniel-Kajmakoski-Pobeda-12 Сепак радоста остана недоискажана, вкусот на триумфот се измеша со вкусот на горчина и чувство на бес од сознанието дека Даниел по победата ја напушта Македонија. На прашањето на својот ментор Јоксимовиќ, дали ако победи ќе остане во Белград, ќе замине за Виена или ќе се врати дома, во Македонија, Кајмаковски пред целиот ТВ аудиториум без двоумење изјави: „Останувам во Белград. Тука ќе ја градам својата кариера. Белград ми е на половина пат помеѓу Струга и Виена“. Daniel-Kajmakoski-Pobeda-4 Нашиот Даниел, истиот тој Даниел по кого девојчињата минатата недела еуфорично врескаа во градскиот парк во Скопје, стотиците илјади фанови не ги штедеа своите сметки на мобилните телфони за да му го дадат својот глас, можеби трошејќи го последниот кредит за својот нов идол, медиумите безрезервно му ја даваа својата поддршка од самиот почеток, а истото тоа го сторија и огромен дел колегите од македонската естрада! DSC_02361-650x433 Татковината ширум му ги подаде рацете уште пред да стане ѕвезда. А, ѕвездата почна да се гасне уште и пред да блесне. Ги извиси и медиумите и фановите на скопската прес конференција, беше откажан концертот на кој беше најавен, иако неговата воглавно малолетна публика, масовно купуваше билети собирајќи ги последните пари од својот скромен џепарлак, не им дозволи на медиумите да му земат изјава при минатонеделната посета на Скопје… И сега несреќната изјава дека Белград му е „подобар“ од дома! Сето тоа боли! DSC_0256-433x650 Сетете се само колку го болеше токму неговиот ментор Јоксимовиќ сознанието, кога во една од претходните лајф изданија на шоуто, речиси сите изведувачи одбраа да пејат филмски теми, односно музика од странски филмови. Тогаш беа дојдени и претставници на странски дискографски компании да го следат настапот на „Доктори“. Јоксимовиќ тогаш јавно го искажа своето незадоволство од изборот на песните на учесниците, посочувајќи дека во оваа земја има прекрасни домашни филмови. Зборови искажани заради патриотизам или страв да не ја загуби „композиторската тезга“ по завршувањето на шоуто, а „Кајмакот“ да пред нос да не му го соберат, таму некои си странци!? Боли, нели? Е, боли! И тоа многу! Така не боли и нас. До срж! Го поддржувавме, му помагавме, навивавме, не штедевме ниту пари, ниту зборови, ниту медиумски простор… За на крајот ретко и тешко стекнатата македонска гордост, сервирана на послужавник да му ја подариме таму, некому. Daniel-Kajmakoski-Pobeda-2 Македонија со душа и срце го чекаше враќањето на својот нов идол дома. За уште еднаш да му ја отвори душата, да му го подари срцето, да ги сподели со него чувствата. Ама Даниел, одлучи да биде поинаку! По се изгледа дека славата го надвладеа патриотизмот. Од незнаење или моментална заслепеност со успехот, една искажана мисла им го урна сонот на стотици илјади Македонци, дека можеби по заминувањето на единствениот Тоше, го добивме новиот…! Само што за разлика од Даниел, Тоше успехот и кариерата, и домашната и регионалната и интернационалната за цело време ги градеше од овде, од дома, од својата родна Македонија, која никогаш и не помислуваше да ја напушти. Освен кога Господ Бог не посака да го земе својот ангел кај себе. Затоа и остана еден и единствен. Вечен! Daniel-Kajmakoski-Pobeda-24
^До каде бе со вакви глупстои и сра*а, уште не може да се собере човекот какви работи му прават. Кој го измисли овој црн портал, каква вистина какви бакрачи, само некакви измишљотини има. Па му згасна ѕвездата, вас да ви згасне порталот шугав и мизерен. Идиотизам.
И во пеачко шоу измешавме политики, национаности, лични животни причи и слични срања. Мизерија сме бе мизерија. Мене па ми сметаше тоа што одма Снеже истрча да го покрие со знамето, Даниел е македонец колку што ја сум италијанка. Човекот си отишол пред 20 години од Македонија, сигурно од убаина не си отишол, а и кога дошол и пробал да направи кариера видовме колку го забележавме и нашите тако звани менаџерчиња го забележа и вложија во него. А ние сме земјата на менаџерите, секој втор е менаџер па видете сега вие. Според мене нема потреба од лупање во гради, Македонија не победи, Даниел победи и негова е заслугата. Да и на гласачите, ама не гласаме само ние, јас сум сигурна дека и по другиве земји гласале за него. Реално како комплетен фактор, икс, ипсилон, зет како сакате кажете го, никој го нема комлетно, сите треба да се градат доста за да бида ѕвезди, прво балкански, па тек светки. Ама се со време, пари и труд, нормално. Само штета е што имаше многу чљ фактори како Тамара, Лукијан и други, што ни за на поле да пеат не ги ставила па тек во арена, но вајда е прашање на вкус па нема да дебатирам дополнително. За Маид, онака сакам да ви кажам дека Маид си е балканче и си е само за тука, да ни пее по некоја сцрепарателна песничка по свадба да плачат мајки, тетки стринки да се емоцираат. Има глас дефакто, и држење на сцена и се тоа, ама до тука му се границите. Она онли д скај ис д лимит не важи за него, он си има стрикно зацртани граници до каде иде и каква публика привлекува-балканска. Нема да је препее Дај је туга снег на англиски сигурно на концерт во Лондон пример, освен ако не пее на нашите иселеници од таму, па они со силни патриотско чувство да му лепат 10 фунти на чело. Ако ви текнува него Жељко не го одбра, па после го земаа назад, па тука Ж нешто му глумеше џек, а реално ако толку го сакал можеше него да го земе а не Маја и Младен. Тони Цетински убаво го прецени него, многу убаво кажа дека го нема тој уникатен шмек што го имаа други и дека е веќе видено и чуено. Кај нас има многу пеачи па и таленти кои ги пеат се едни исти песни од екс-ју и тоа е стилот, шлагерски за сечење вени и кршење чаши. Реално Дино Мерлин се слуша во такво некое стање, Чола не времето имаше доста хитчиња, ама во последниве години новите песни му се во некој етно стил маваат накај народно да не речам турбо а да претерам. Ма ни Белград, ни Скопје ни Беч, туку даље на запад нека киниса Даниел, како што се пее во дотичната песна, ние сме ти балканчињата прости малкуцка, затуцканкии и ужасно големо националисти. Кога светот се бореше за без граници и глобализација, ние тука на Балканов а гледам и низ некои други држави почна оној ужасен тренд на национализација, онаа опсесивнана, јас хитлеровска ја нарекувам зашто ми е налик тоа величење на една нација а потценување и омаловажвање на другите. Нека си појде Холивуд и тамн да не го викаат ни шваба ни странец како кај нас и во Австија, туку да биде ист како и сите. Зашто не сме ние за вакви таленти, одма му извадија длабоки психоанализи на човекот а само пеач е, мислам будичи пеач сега за сега ни пеач уште не е. Али нека го отрака некој, многу е наивен и не знае да се изразува, инаку со вакво понашање и гаќите сега што ги носи ќе му ги земат и ќе остане гологаз и без тоа и што сега го има. Хиени, душебежници сме ние на балканов претежно, и само за мучки и местење не бива и за јадење буреци по твитер и вејсбук, како демек тука е оствауваме ние интелектуално, бруки. А со тажните приказни што зборите, па ако те го гледале шоуво ќе видите дека пола и повеќе имаа по некоја таква прича. И Маид и Лукијан и Алекса и оној Стефан многу други. И концептот не е само кај нас така во оргиналната веризија ги покажуваат нивните приватни животи зашто народ сака и за тоа да чита. Ако веќе зборете бидете реални и споредете ја приказната на Маид со мајка му, на Алекса со финаниската состојба, на Фифи со трансџендер, на оној Стефан со брат му и тако даље. Вака така истеравме една сезона од пародијава, ја хејтавме ја критикуваме ама скоро сите ја гледавме. Моќта на фрашизата упм тоа ти е, само уште да знаевме како подостојно да се носиме и топ ќе беше, ама што е тука, добро и ова што го имаше, зашто до сега бевме само на фарми, големи браќа и мењам жену, ова е сепак мал чекор за човештвото ама голем за балканот најискрено!
Наш е дека е добар и дека победи, да не беше ќе го колнеа зашто кажал дека потекнува од Македонија. Многу битни фаци имаме во државава, што сметаат дека нивното мислење е стварно релевантна ствар. Патем не го гледав шоуво, на јутјуб пратев само некои изведби.
З’Ш НЕ ГО ПРЕПОЗНАВМЕ ДАНИЕЛ Даниеле, Даниеле, и сам кажа дека дури сега почнува твојата голема борба. Успехот никој нема да ти го прости. Ама, ќе успееш „з’ш покажа дека знајш да се бориш, но и да простуваш“.
Станав рано, за да учам. Ама ај си викам, да го погледнам убаво настапов на ↓ http://www.youtube.com/watch?v=c2Pu1Aov ... Ig1_i2AtDg Стигнав до 2:15 и си решив да си учам.
Гласовите беа од цел балкан, читавте и гледавте какви коментари имаше по фб и по сите српски портали! Даниел одамна веќе не живее во Македонија, и освен во шестокласна емисија на Лила, никој никаде не го видел. Освен тоа, бидете горди што воопшто кажува дека потекнува од МК, и засрамете се на вашиот срам од признанието дека живеел од фрлање малтер. Не ви пречи што една искусна Калиопи отиде во Белград, зборува чисто српски, соработува строго со српски музичари, се за поголем успех и поголем достиг во кариерата, ви пречи што овој останува таму, кога и самите сте свесни дека ова му е можеби единствената можност со правилни луѓе да си направи кариера(е сега и тоа е под знак прашалник, зашто никогаш не се знае дали ќе се погодат вистинксите луѓе, ама да се надеваме на најдоброто). Стварно ли? Дотолку што Латас заборави и воопшто да спомне за неговата победа две минути по завршувањето на шоуто?! Смешно и страшно. Кој медиусмки простор го остави ти, што си ја напишал статијава, фејсбук? Или Панчо шорти, истиот тој кој за Тоше кажа дека е провинцијалец, и чија песна јас во моментов не ни знам? Или евентуално Тамара, која да можеше со две раце да го задави на Бубамарата, и беше толку очигледна со „којвеебе“ фацата? Татковината си бери гајле за политиката. А ние како народ се плукаме меѓусебе и се криеме по аеродроми и возови, бегајќи главом без обзира по подобро утре. И колку само ѕвезди не сме ги виделе ние... Организаторите на шоуво потфрлија со банални работи, а не па со ова. А медиумите па за тоа не пропуштија шанса да пишуваат за врските на Даниел, за разведената му девојка, за гаќите на сушало, за тегет чорапата...А извинете, не ве удостои сите со целонеделно претерување и одговарање на повици кога се спремаше за финале. Жарко па замисли се искуба?! Жељко како човек остана достоен на неговото убедување, ама како ментор па ниту еднаш не го присили да пее песна од „Отпишаните“. Сите песни што ги слушнавме беа од речиси ист стил,она што Даниел најдобро го умее. Чекајте, да пропее нешто негово, па после кажувајте, и јас се плашам да не го натоварат со српски жалопојки, ама додека не слушнам немам што да коментирам. Она што ќе го прави Даниел, ќе биде за сите. Без разлика дали ќе снима во Белград, во Струга, да се надеваме дека неговиот глас надалеку ќе се слушне. освен што ако ви е криво што нашиве квазикомпозитори не ќе можат да му земат стотици евра за смотани рими и песна со текст-пцуење Остана вечен затоа што умре. А не заборавајте колку само сите црекавте кога Тоше замина во Англија да одработи еден албум кој можеби ќе беше пресуден за да запее на МТВ наградите...Истото го правевте ко Лиља го зеде под закрила, кога ја испеа „Чија си“, кога отиде на промоција во Белград...истите вие додека беше жив го растргнувавте и неправилно го обвинувавте едвај чекајќи да отиде некаде па да се нафрлите на неговиот патриотизам како гладни говеда. И откако си замина, тек тогаш му признавте „ама Тоше беше патриот и секогаш свој“ Е па не вредеше. Зашто додека беше жив неговиот народ ниеднаш не му заблагодари за прекрасните песни кои ни ги остави во наследство. И крај краева, Даниел не е Тоше, дај Боже да стаса до неговата популарност и конечно да ја надмине, а ние да не дозволиме да го снајде истото, да уживаме во добрата музика и да се радуваме на неговиот успех.Зашто музиката нема граници, ограничен е нашиот сирот менталитет и завидливост!
Хахахахах и јас реков ќе учам ама ај реков прво да видам шо има на форумов , па го видов видеово и ко стасав до 2:15 реков поубо да седнам да учам
Гостувањето кај Ами Џ: https://www.youtube.com/watch?v=y6x90Datf4c Де бре овие, покусо да не останат, следен ден одма во емисија. Човекот здив не може да земе, тоа е моќта на Пинк.
....ама што се замарате со вакви колумни некои, статии...анализирате....вистина.мк ...... тие само сакаат повеќе кликови да ви извлечат, да не ги споделувавте ваквите одамна ќе пропаднеа ....
http://tocka.com.mk/4/122491/ilma-karah ... e-pogledne "Не разговарав со Емина бидејќи таа постојано работи, но ја сретнав на финалето и не сакаше ни да ме погледне, што страшно ме погоди. Разговарав со Кики и тој исто така е разочаран", изјавува Илма и додава дека е разочарана што пеела пред такво жири Девојчиштево ИЛмА неможам да го поднесам!!!!!!!!!
Кој X factor adria?? ние 7 Б сме најбољњ http://www.youtube.com/watch?v=8Akudfv6tPo нашиот клас=само будали
Панчо не ни знае што е углед, никогаш го немал Па зошто ја викаат неа во емисии? Наместо целото внимание кон победникот да го насочат тие намерно привлекуваат внимание. Малава никогаш нема да се спушти од облаци ако продолжат вака. Ќе напишев сега уште нешто тука, што би било кога Маид би победил, нешто во негов прилог, ама некој погрешно ќе ме протолкува, пак ќе ме свртите против Даниел, а нема врска и подобро не пишувам. Само што мислам дека малку сте го прецениле шоуто, викате Маид е балканче само за тука, а заборавате дека ова е Икс Фактор Адриа, балканска ѕвезда и се бара, не се калемат светски пејачи кај Жељко Јоксимовиќ и Емина. Какви таленти се родиле на Балканот, ниту еден не станал голема светска ѕвезда вие од Икс фактор чекате. Тоа е тоа, такви се околностите, за некои работи важно е местото на кое си се родил. Ако Даниел нешто направи во иднина, здравје, излезе некаде надвор од Балканот, тоа со Икс Факторот ќе му биде само дел од биографијата, а не ми се верува дека самото тоа ќе го поттурне. Барем да беше поголема наградата, ќе можеше самиот да вложи во кариерата, со 10.000 евра го врзаа за нив. Кога ќе ми текне дека на почетокот сума од 200.000 се спомнуваше И уште нешто, на шоуто вистина нешто не штимаше, или се неспособни, или намерно си играа со микрофоните, Даниел вака по емисии звучи далеку подобро отколку некогаш на лајвовите. Фала што не извести, многу ќе испуштевме да не го видевме ова.