1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Добро бе луѓе, зошто сте вакви националисти?
    Да, Даниел е македонец. Но Икс Фактор не е евровизија. Даниел не ја претставуваше Македонија.
    Даниел беше најдобар таму и токму затоа навивав за него. Не затоа што беше македонец. И Филип Јаневски е македоцен па сакав да отпадне и не ми се допаѓаше.

    Друго, тоа дали Даниел ќе живее во Струга, Виена или Белград е негов личен избор и не е нешто претерано важно.
    Мене ме интересира само каква кариера ќе направи Даниел, дали ќе ја направи, дали ќе има добра музика...
    А дали ќе живеел таму или ваму не ми е гајле.

    И досадни сте веќе со ова. Аман, ситни националистички души. |(
     
    На LittlePinky, x-MajaEsposito-x, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ... па мене и мило ми е што вака им спушта на „жирито“ :lol: без везе ми се фаците.... ;)
     
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ајмо! :rofl:
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Someonespecial, Golden и 4 други им се допаѓа ова.
  4. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Јас дури сега гласав на анкетата погоре, ама не знам зошто уште ви е отворена :D Затворете и онака е веќе време, па да завршиме со мојот глас.
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^И во темата за Македонски Идол сеуште стои анкетата,нема врска..
     
  6. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    ^ Ама не можеш да гласаш таму, само резултатите стојат. Овде сега гласав.
     
  7. Cholipam

    Cholipam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    445
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    https://www.youtube.com/watch?v=y6x90Datf4c#t=225
    Залудно потрошено време...
    Очекував цела емисија ,ајде не цела,барем пола, да биде наменета токму на победата на Даниел и повеќе да му е посветена него.Од цел саат,него му поставија само неколку кратки прашања и му оставија само неколку минутки за една песни,која ја прекинаа на пола.И тоа заради кого ? Заради една Илмица.Е браво. :clap: |(

    Стварно очекував многу повеќе,за на крај да го стават во сенка...Дури и на Илма и дадоа повеќе време за зборување и и` поставија тродупло повеќе прашања. |(
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
  10. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    10.140
    Намерно решив да се тргнам од компјутер за финалето, се гледа дека горело тука :D
    Ако имаше било каков друг исход вечерта ќе беше апсурдно, покажа дека е класа над сите уште на аудицијата, а за понатаму па да не правам муабет. Искрени честитки и му посакувам плодна и успешна кариера.
    За сите злобници што зинаа деновиве да земат парче од колачот, немам друг коментар освен дека беше скроз очекувано. Лицата одамна си ги покажаа, сега само не потсетуваат дека уште се тука, останати исти, па дури и позлобни од што сме ги запамтиле, спремни да гледаат сечие туѓо гајле освен своето.

    Во главно има доста членки со коишто се согласувам, да не се повторувам сега и јас. Прашината ќе си стивне, ќе го остават да диши човекот на раат кај и да е, а он до тогаш нека не си ги зема при срце коментарите и критиките што наидуваат од сите страни. Само се надевам дека ќе налета во прави раце, и дека нема да верува на секој среброљубец на Балканов што ќе сака да го земе под закрила. Квалитетот и гласот ги покажа па за другото нека се труди и надоградува.

    Како и да е правдата си е задоволена, помина и оваа прва сезона на балканскиот Х фактор. Имаа многу грешки и пропусти, се надевам само дека ќе им бидат за памет наредната година и дека ќе го подигнат малку квалитетот, затоа што сепак шоуто си има стандарди коишто не смеат да се прекршуваат никаде, па ни тука. Тоа што ние сме си навикнати на вакви работи е друга работа, ама сепак треба од надвор да заигра стапот.
     
    На QueenElena и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Се согласувам значи стварно чупиштето ги помина сите граници уште уста не затвори,мала била имала 13 години да за све мала е а за да фрла клевети и устата 3 метра да му е отворена за тоа не е мала,значи кој простотилок и невоспитување која глупчка,се запна во Емина само таја не гласаше за да испадни па сега само таја е крива жирито така одлучи и готово точка неможам да ја поднесам поќе :envy: глупачка
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    По победата на Даниел Емина изјавува"Би сакала да соработувам со Даниел".
    А пред финалната вечер Емина во едно интервју вели" Даниел нема шанси против мојот Лукијан".

    Лицемерна жено ти падна рејтингот. Ајде собери си ги вересиите.
     
    На Heartbeat, Bile15, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Само да не падне во раце на некој опасен турбофолкер, нека си напраи студио и нека си пишува и компонира самиот, не му требаат такви таленти ко Емина, па и Жељко си влече некој корен од тоа нивното српското, нема врска, ако си дојде у МК па Џеј Џеј не му бега тоа е... Се надевам ќе стане голема ѕвезда дека нема се да згасне ко секое чудо за 3 дена и после да го заборавиме, ко што е случај задниве години со слични шоуа. Go Daniel go! СУм пуштила 3 пораки бе еејјј! Ова ми е првпат да гласам за нешто у животв!
     
    На MiloMalo и Rubiii им се допаѓа ова.
  15. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    http://www.youtube.com/watch?v=y6x90Datf4c
    Значи типичен пример како не треба да изгледа и да се однесува едно 13 годишно дете. :x
    '' Znate kako je to kad se dete razocara'' :o А не е дете со тоа деколтето што го облекла :fubar:
     
    На kikiviki32 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Јас го гледав вчера Даниел во Ами Г Шоу, мене лично воопшто не ми се допадна емисијата. Со оглед дека е снимана првиот ден после големото финале, никаква достоинствена емисија која би требало да биде. Даниел цела емисија одговори 3 прашања и отпеа половина песна-Срамота. Ок сваќам имаше многу гости, ама според мене требаше малку повеќе да се опфатат впчатоците и самиот тек на финалето. Ако Огнен решил да го повика на гости како победник, нели и по тој повод беше гостин негов требаше да му се обрати повеќе внимани нему, а не да се поканети уште 4 гости. Искрено на ништо не ми наликуваше. Почнувајќи од Гоца која демек ептен јака пејачка се најде да коментира дека на Даниел тешко му оделе српски песни, таа видела замислите. Потоа Огнен во највата рече и потенцира дека 80% од неговите изведби биле на англиски јазик. Што им беше целта и филмот. Илма веќе по не знам кој пат да кажам дека е одраз на домашно не воспитување и основна култура. Лицемерно дете од мали нозе. Кога ке порасен се прашувам на што ке наликува-Олош претоставувам. Отворено кажа дека гласала за Маид и дека на нејзините фанови им рекла да гласаат за Маид. Од друга старна на Даниел на фб му пишуваше-Ти си мој фаворит, гласам за тебе -Тата и слични глупости. И замисите таа не и напишала на Емина такво нешто хехехеххехе. Детето по не знам кој пат се избламира, а не знам какви родители има да до овој степен е изопачено детево и не наликува на 13 години. Ова е мое видување. Мене лично не ми се допадна емисијата.
    Немаше време за цела песна :( :( :( голем респект као му укажаа :(
    https://www.youtube.com/watch?v=X47bRsy3cvM
     
    На kikiviki32 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    А,да се затвори темава?
    Толку од Х фактор.
    :)
     
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    За АмиЏи шоуто...
    Па тоа е таква врста на шоу, сега тој е повикан токму поради победата, и никој никогаш не е добил повеќе или помалку време од некој друг, ниту воопшто гледам дека Даниел беше потценет со нешто. Напротив. И самиот Даниел знаеше како вид на емисија е, така да можеше и да не пристане да биде гостин.

    Друго, Гоца Тржан (без разлика колку да ми е антипатична како личност) е добра пејачка, има глас и може да се мери со Даниел... Така да ајде да бидеме објективни барем.
    Јас го поддржувам и Даниел, ми се допаѓа како пее, ама па сега мене ми е чудно како тоа да толку ограничено се гледа на работите, па цел свет ли треба да застане, замолчи , само затоа што е Даниел победил на х фактор. Да се разбереме, тој допрва треба да се пробива, да си стекнува публика, симпатии, почит- за она што ќе направи и ќе успее понатаму!
    Каква и да е Гоца или било кој друг гостин, ниеден не е помалку битен или помалку постигнал во животот од Даниел, туку и повеќе за сега.
    Патем, го сакам шоуво, секогаш добро се насмејам, и морам да го пофалам Даниел, дека и покрај лош српски , со многу граматички грешки, тој беше сладок и смирен и мислам никој не му го замеруваше тоа.

    За Илма, не сакам ниту да коментирам, дете е... Белким ќе научи и ќе учи понатаму во животот. Има глас, тоа е факт, и и посакувам да дарба што Господ и ја дадел, може да ја користи и да биде исполнета.
     
  19. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    НЕ планирам да губам време на Ами Џи. Ќе гледав може, да беше Маид срцката гостин :D Не онде Илма ми ја носат. А требаше Даниел сам, што е право.
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто да се затвори?
    Можеби некој/а што подоцна ќе се зачлени а го гледала шоуто ќе сака да каже нешто за него.
    А и ако има втора сезона темата повторно ќе се користи.
     
    На Primadonna и Papillon.Papi им се допаѓа ова.