Картите за концертот почнуваат од 350, 400, 700 (овие од 700 ден. биле фан влезници, и нивниот број бил ограничен, 500 влезници имало само) и влезници од 1000 денари.
Вип мислам дека само поубаво се гледа и има столчиња,а Фан пит е директно пред сцена.Јас баш пред некој ден си купив фан пит,едвај чекам да дојде 7 јуни. Инаку да точно е дека е ограничен бројот на влезниците има само 500 влезници за фан пит.
Еве излезе и песната на Доктори...Искрено не ме воодушеви.. https://www.youtube.com/watch?v=vdamHve0z-c#t=21
^ Песнава е стара,не е нивна,иако на неколку страни пишуваше дека е нивна оргинална..Сепак ми се допѓа мене.
^Не беше Јас си поминав преубаво.Мојата најубава вечер хаха, пресреќна бев што конечно ги видов сите во живо. Настапите им беа супер, за тоа не се изненадив.Многу се разочарав што не успеав да се сликам со нив, а од дома си правев филмови како ќе се сликам со Даниел и Харис. Единствено не бев многу задоволна од местото кај што седев зошто цело време ги гледав во профил, но ајде, тоа и не беше толку битно. Се на се, прекрасно беше!
Бидејќи Теодора имала испити и училишни обврски и не можела да дојде. Инаку јас бев на концерот и феноменално си поминав.Ги видов сите али криво ми беше исто како sweet-star си напраив филмчиња со Даниел како се сликам,ама ништо од тоа. Инаку една од поубавите вечери во мојот живот,единствено успеав да го гушнам Урош од Доктори.
И јас бев вчера и најубаво си поминав Бев пресреќна што ги видов сите во живо. Настапите им беа одлични,песните онака баш погодени. Се на се супер беше, само многу брзо ми помина