http://www.youtube.com/watch?v=Tj4yN8XNBh4 Според мене, Илма е најдобра. Има и други кои се многу талентирани и имаат шанси...
Младен не ви е убав? Можеби нема типична убавина, ама луѓе мене ме освои човекот. Најмногу што ми се свиѓа кај него е што си е свој, не се смее со сила и не се улизува како повеќето. Тој си е тоа што е, и мене баш ми се допаѓа што е ваков, не обожавам ни приватно мажи отворени ко буквар, а мистеријата па..мх мх Младен - најдобар си! Е сега, Даниел мене искрено не ми е убав - не ме пукајте, има харизма има, ама пред се е македонче, па мојот глас оде кај него. А дека е талентиран, страшно многу е. За разлика од Илмето, него му се годините да конечно успее и се пробиее, Илме душо оди си, пиј јајца и вежбај, премлада си, живеј душо, има време, уште цицките не ти се пораснати. Срцка ми е и се, ама нема шанси да победи, да бидеме реални. Фифи не ми испеа воопшто убаво и според мене воопшто нема х фактор во себе, ама со оглед на целата група на Кристина, сфаќам зошто е тука, а да победи нема шанса ни он. Навивам за Даниел, Младен и Тамара, но на Тамара песната воопшто не и лежеше според мене, неа и треба некоја бомбастична да го изваде гласот од пета, а не вакви. Другите не ни ги коментирам.
Хипстер да не те цитирам, ама во ред, ти ја сфаќам поентата, не бираме мис или мистер, ама факт е дека изгледот продава, и не само тука, ами во било која професија. Дечково е ок, не ми остави некој впечаток, дали дека не го проследив со внимание неговиот настап, не негирам дека нема глас, ама не го гледам како победник на шоуто. Исто и оној Милош. Даниел ми е цел пакет, иако некни не ме воодушеви како на аудициите, ама мислам дека на сцената ќе блесне. Оваа Маја е жива катастрофа и се чудам како продолжи понатаму, ама ете читам чија ќерка е. Исто и со Маринела. Па и Фифи бре. Сериозно Кристина ја пушти понатака или пак презимето Џогани значеше нешто. Искрено се разочарав од Кристина. Лош избор.Очекував повеќе. Во ред, немаше избор ама можеше Раденови да ги пушти, барем не фалшираа. Не ми се јасни ни браќата, јас не знам дали сте им биле на свирките, ама дечкиве буквално растураат, а овде свенаа, бледа сенка од онаа што го прават на настапите. Иван дефинитивно има Х фактор и е далеку подобар од Фифи. Уф па јас не би ги ни споредила. Се изненадив од Емина и од Жељко, и тоа пријатно. Очекував лош избор, но изненадија. Победникот ќе е некој од нивната група, а мислам дека ќе се вратат Маид и Стефан. Маид и те како заслужува, нему е местото на настапите во живо, а не на онаа Маја. Кики, очекувано, немаше некоја мака при изборот, како да се знаеше од страт кои вредат да одат понатаму.
Силвер мислам дека малку си се збунила, тоа го пиша после премиерната емисија. Нормално е, овие епизоди се снимени од пред месец дена. И пак заплакал кога ја гледал снимката. Незнам што е тука чудно. Не знаел он пред снимањето дека ќе помине. Туку тие емоции му дошле вторникот вечер кога ја гледал емисијата, се потсетил како поминал тој ден.
Cега глупаво испадна што треба да се гласа некој да се врати Cигурно ќе се врати Mаид и мислам дека ќе победи или он или илма или тамара. се надевам дека даниел ќе освои 2ро место ако веќе не прво видовме дека не му лежи баш да пее наше но англиското му е врв,затоа луѓе да се ангажираме со телефоните и да гласаме кога ќе почнат настапите во живо нека биде наше а светско
Абе, а што се случи со едно девојче од Гевгелија или Богданци што беше, што растури на првите аудиции?? Никаде не ја видов потоа...
Јас сум за она детето од Македонија за она чупето со 13год и ода детето колку беше 14-15 год.Фала му на Господ шо испадна ПЕРЧОЛА-леле колку ме нервираше
Нема врска убавината тоа е сепак релативна работа ,тука најголема улога игра харизмата т.е тој фамозен х фактор со други зборови кармата ,која немозе да се глуми туку или ја имаш или не ,по кој го носи и името на шоуво ,може да биде и лепотан некој а да биде одбивен ,и обратно .А Младен да бидам искрена ,настрана изгледот ,не зрачи со никаква позитивна енергија ,едноставно човекот кај мене прави да бидам рамнодушна ,едноставно ниту ме нервира ниту ме привлекува,единствено што запамтив за него е дека изјави дека се пријавил на шоуво да стане познат за да факал повеке девојки .А тоа дека бил свој ,па нормално дека се сите свои а со тоа и различни ,дали некој се смее или ќути и само гледа,дали некој покажува емоции или не ...Јас незнам по што заклучи дека Младен е мистерија а другите се отворени ко буквари кога сите горе доле кажаа само тоа што беа прашани општо за своите животи и сите горе доле им беа одговорите слични во зависност од тоа каква им била животната приказна. Тоа е исто кај сите кандидати по сите држави во ваквите шоуа.
Апсолутно,убавината е релативна работа и не треба да се тегнеме сеа за уши кој ни бил убав или не И анушка најискрено како можеш да знаеш дека Младен е свој? Зборуваш небаре го познаваш лично? Истото и за Даниел го мислам,да не ме сфатиш погрешно...сите си правиме слика за некого според она што го претпоставуваме,не можеме да знаеме дали навистина се такви и зад камерата! Даниел можеби и премногу си истакнува детали од приватниот живот и маката што ја имал ама пак ова е шоу и сите ние сакаме да дознаеме нешто повеќе за секој кандидат! Младен буквално мене ме остава рамнодушна(бар за сега). Има одличен глас,ама аурата која ја шири околу себе не ме привлекува и мислам дека не е тип што привлекува широки народни маси,би рекла дури дека си е алтернативен! Но добро,тоа се вкусуви и мислења секако! Нека победи најдобриот,се надевам народот добро ќе избере!
Испадна за жал уште во првата епизода,во тие групите што одма ги пратија дома! Уште не можам да им ја сфатам оваа одлука,а какви пропалитети пројдоа...
Јас плачев само за Маид има негде да гласам да се врати? Преубав глас, предобар настап шо требаше поќе?
Маид беше пре предобар за да испадне Може комотно да им дава часови по пеење и на Желјко и на Тони Ама си излезе машки насмеан,горд ,самоуверен,со став бе а не да плаче и да го сожалуваат. Респект за дечкото,се надевам ќе го вратат
Многу сте бре контрадикторни ,тука го утепавте Раденов зашто се пријавил повторно на друго шоу кога веке учествувал во едно ,а Маид го подржавате ,а исто и тој доста бил експониран во Босна после учество на некое нивно вакво шоу . А друга приказна е тоа што неговите фанови од Босна кои се доста гледам организирани сигурно од тоа шоу ,и се многу безобразни вреѓаат по другиве кандидати особено му се нафрлија најмногу на Даниел ни крив ни дужен
Маид ми беше многу некако нескромен, како да кажам...не велам дека не го бива ама штом испаднал значи не е толку добар како што се опишува.
Кога некој плаче дали заради тага или радост ,не плаче да го сожалува некој ,туку искажува емоции дали тажни или радосни ,тоа го може само некој кој е доста емотивен ....Ретко кој може да пушти брзо солзи ради глума ,дури и најголемите гумци ги мачкаат под очите со средство за да можата да одглумат плачење ,солзи...А сожалувањето обично може да се предизвика и со одредени добро избрани зборови кои ке бидат кажани ...
Кога ги покажаа Жељко и Тони како разговараа, свртеа еден муабет околу некој од кандидатите, Жељко посочуваше дека е добар, а Тони викаше нешто во стил „Овај нема икс фактор, не зезај. Овај нема никакав фактор..“ нешто во тој стил. Мислам дека муабетов беше за Маид, убедена сум дека Жељко ќе го задржеше, ама Тони се умеша, како немал икс фактор, не требало да пројде и Жељко падна под влијание. Тони нашол да зборува за икс фактор, тој како оџачар изгледа на сцена, ни харизма, ни некој сценски настап, ни ништо.. Нека се крсти на моќниот вокал, ама тоа е се што има. Даниел заслужи да помине, Маја исто беше подобра од другата девојка, која изгледа како потресена додека пее.. Но помеѓу Маид и Младен, навистина беше тешко. Младен е одличен, вокално предобар, можеби кога не пее делува незаинтересирано па изгледа дека не посакува доволно да победи, како да не му дошло до ова, НО кога пее се претвара во ѕвер. Многу емотивно испеа, се внесе во песната, според мене заслужи да помине. Е сега, Маид е многу похаризматичен, комплетна личност е за естрада. Стилски специфичен и изграден, сценски настап солиден, вокал одличен. Максимално ги искористи своите пет минути, кога пееше како да викаше I want this more than anybody else.. Ептен покажа колку му значи ова, мене ми е многу криво за него. За разлика од него Маја како незаинтересирана беше додека пееше. Не е се до вокалната точност, многу е побитно да покажеш дека се бориш, дека со цела душа го посакуваш тоа да поминеш, тоа ти значи повеќе од се. А мислам дека од сите кандидати на Жељко, Маид највеќе тоа го покажа. Што би рекла Никол: Sing your heart out, а тоа единствено кај Маид беше присутно и мислам дека жељката требаше тоа да го забележи.. Јас би ги задржала Маид, Младен и Даниел. Баш ми е гајле што би немало девојка, кога многу подобро се покажаа. Се надевам ќе се врати Mаид, заслужи.