Лелее и јас ова го заблежав секогаш се смеам кога го гледам со ова фаца хахахахах сите преубав настап имаја само некако ме разочара плавата што ја пееше stronger. даниел, алекса, илма, тамара, младен, харис...апсолутно суперр сите ама баш ме изненадија жирито кога видов дека биле UK на финалната вечер
http://hitportal.com.mk/Show_Bizz-detai ... -od-toshe/ Еве доказ дека Даниел знае да пее и на македонски и тоа песна од Тоше. Мене премногу ми се допаѓа како ја испеал, посебно што песната си ја изнесол на свој начин. Браво. Јасно е дека има неверојатен талент и дефинитивно има се' што треба да поседува победникот на ова шоу. Дали ќе победи ќе видиме бидејќи тука многу фактори влијаат, додека пак сигурна сум дека му претстои одлична кариера.
Тој што има глас и знае да пее никогаш не би требало јазикот да му е пречка па дури и ако станува збор за туѓ јазик.бев изненадена и не ми беше јасно зошто толку се сомневаа луѓето за тоа како Даниел ќе пее на Македонски (неговиот мајчин јазик)?
И јас сум за тоа дека Даниел има прекрасен вокал и дека ги исполнува критериумите кои ги бараат "судиите". Ама скептична сум за неговата победа,зошто сепак ова е шоу на друга држава. Ќе го држат Даниел до крајот само за да земаат пари од нашите гласови.. Така правеа и со Александар Белов,кој искочи од Операција Триумф како морален победник,но сепак вистинскиот победник беше друг. Само ние како држава,треба да знаеме да го цениме тоа што е наше и тука да го почитуваме. Ама ние за жал,сме таков народ што прво "плука" па "лиже". Фифи ми е интересна појава.Има и тој/таа некакви квалитети,и додека на многумина не им се допадна изведбата од Бијонсе,мене ме импресионира.Дали дека беше во нивна верзија,во дует...појма неам што беше,ама мене ми се допаднаа.
Бидејќи првпат во 2014 пишувам на форумов најпрво ви ја честитам новата година и празниците кои следат со најубави желби,една од нив е Спојлер Даниел да победи или бар да стигне до финалето .Мала шала,не верувам дека Македонец може да победи на некое регионално шоу,ама ете бар нека направи некоја кариера човекот,заслужува. И јас мислам дека коректно ја испеа вторава песна,можеше многу подобро но се надевам веќе работи на изговорот и дека може да звучи уште подобро. Инаку пробите за во вторник веќе почнале,на ФБ на х фактор страната ја ставиле сликата од сцената и морам да кажам дека изгледа прескормно да не речам лошо во однос на британскиот ХФ,ама може на тв ќе изгледа се подобро. Најавиле дека утре во 15 ч на овој линк ќе има директно вклучување на пробата,еве ви го линкот https://www.youtube.com/watch?v=lOOfA4aIrCQ А ова е Даниел на вчерашниот концерт во Бања Лука,какво врескање од девојчињава па и солзи паднале http://www.youtube.com/watch?v=EjBmaLluLzQ
Сите што стигнаа таму каде што се, се разбира дека имаат талент. Успех е меѓу толку лица да се пробиеш меѓу најдобрите 12. Јас лично фаворит немам зашто сите ми се фаворити и не можам да одвојам некој, сите пеат прекрасно и им посакувам среќа. Па ќе видеме како ќе се претстават во настапите во живо.
Катарина со кој е во врска, што толку ја закачка Уна. Марко и Теодора ептен ми се слатки хаха Едвај чекам 7ми да дојде да видам што подготвиле
Младен ја пеел Crazy од Gnarls Barkley. Tолку имам да кажам само, немам зборови повеќе, каква комбинација, тоа е тоа, совршенството за кое зборев дека му лежи ненормално многу. Можам само да се поклонам
Некаде прочитав дека Младен свирел во бендот кој ја прател Маја на свирикте ,и као не знаеле еден со друг дека се пријавиле за х фактор ???
Да да,таа се провлекува цело време,ништо не пее,само отвара уста... Уште кога кажа дека знае да пее само пред мајка и и татко и... А од друга страна сака да стане позната и да пее пред цел аудиториум... Не ја биват