Од тие 4ца што беа на сцена ќе се гласа цела недела и на следното шоу ќе се знае кој оди понатаму.Само малку не ми е јасно ни број не дадоа за гласање ни ништо.
Какви глупости. Требаше да се знае веќе, почнуваат настапите во живо. Сега тој покасно ќе се приклучи. Глупости. Организација нула ќе испадне на крајот.
По антипатична и попретенциозна со фациве од оваа Брковичкава ми нема мене. Искрено не знам што гледаат сите во неа. Ми глуми премногу кога пее, ама премногу со фациалните потресуванки. За Славко што да кажам, после Снеже мислев не можеа да утнат поише, али згрешив.
Изгледа дека пак на Фејсбук ќе се гласа една недела, по истиот принцип, зборам за тие од бараж што ќе помине само еден. За кандидативе што пеат вечер се гласа преку порака, на бројот кој веќе е најзначен на екраните.
^^ Ни мене не ми се допадна Младен. Ми фали нешто во песнава. Дали дека ја имам ислушано милион пати изведбата од Тоше, а како него никој не може да ја отпее ... И капчето воопшто не ми се вклопува тука ...
Младен многу лоша изведба, зошто песнава? Гледам дека ја пееше верзијата на Тоше, отколку онаа на Индекси, ама сепак не му лежеше, ко да се мачеше.
И зошто го фалат? Нека му кажат дека му фалеше душа малку, на песнава и треба пеење со цело срце, да го пушти гласот, да се видат емоциите... Не му лежат вакви песни едноставно.
Леле водителов лелееееееееее Кое фолирање на сцена? Аман бе, водител си не глуми Нека пуштат број за промена на водителите, јас 100 пораки ќе пратам
Абе не беше толку лош, мене ми беше многу свој, само не му лежеше ич песнава, ама ич. Инаку најсмешен е со аутфитот, капите ми се заштитен знак, вајда ќељавото да му го покријат Али може он подобро,многу подобро од ова. Нека развали таму со некоја соул песна, доста се вклупува во туѓи стилови.
И јас тоа искоментирав за Младен, стајлинг рапериште-песна сосема друг стил Башка и многу слабо испеа, ништо посебно, ептен беше просечен. Александра исто не ми се допадна, толку досадна, едвај чекав да заврши. Се чудам на коментарите на жирито, само ги фалат, како по шаблон претходно да имаат лист што да кажат. Да се овие изведби на американскиот Х фактор, ќе ги испокритикуваа многу, нема таму поштедување. Се надевам ќе видиме барем некоја добра изведба.
И мене не ми се допадна како ја донесе песнава Младен, најпрво затоа што не му лежи таков тип на песна а како второ се виде дека тремата го изеде. За Александра исто ќе кажам дека очекував повеќе, незнам некако не ми има некој посебен икс фактор а уште помалку ја гледам како победник.
Што е со косиве, т.е со фризурите кои им ги прават, како тетки се а беш убави девојчиња се. На сите косите им беа ужас, дури и Илма постара ми изгледаше. Не беа лоши девојкиве, песнава искрено не ја познав, ама добро ја испееа. Ова Кристина ми е врв, коментарите и се врв луда е.
И овие не беа лоши. Ама стајлингот... Илма и лупнале црвен кармин, од авион да ја видиш. Кристина како успеа четириве одеднаш да ги роди алал да и е. Едит, Харис, оф мори мајко. Ај нека си оди дома, нека порасен некоја година, нека му измутира гласот, нека не не мачи.