Не го љубам и јас Алекса, ама мислам дека најдобро се покажа досега. Колку му легна песната, па и шпанскиот ептен секси му стои да го пее. Емоција најдобра покажа од сите што поминаа, баш по мера, колку што треба. Па како знае да се поврзе со публиката, си има човекот и глас и изглед и сценски настап, се гледа дека се чувствува одлично и комотно на сцена. Ќе дотурка далеку, знае да си искористи дарот што Бог му го дал, ќе ги мрдне овој тинејџерките, шармер ипол
И Кики повторно со истата фаца Илма прекрасно испеа, ама потполно се согласувам со карина, славата ја удрила во глава малце. Малце повеќе А Харис не знам зошто ама воопшто не ми се допаѓа неговиот глас Не го можам.
Шармер шармер и пол е Алкеса, ги шекна тинејџерките, ама и јас да бидам искрена ме шекна и мене Како и да е стварно ми е многу убавв, и шармантен е вкрајјј. Му посакувам да иде даљеее, Си заслужи феноменален еее. За негови 18 години е феноменаленннн. Срцкаа Мајоо иди кучиии, доста ти е
Па си има акцент човекот. Ама срцка е, што сака нека си збори. Спојлер Јас инаку кога ќе се фатам за некој ко ќор за стап сум. Можам и да го критикувам ако нешто не ми се свиѓа, ама не го давам бре. Така со Алекс и Сиера бев. Оваа пее песна за хорор филм изгледа. Не ја бива бре.
Не сум посебно воодушевена од никој просечни се.Илма како и секогаш ѕверски си испеа само стајлингот и беше ужасен па и тој црвениот кармин Алекса шармер невиден ќе гласаат сите тинејџерки за него гарант.Се чека Даниелче сега.
Оваа последнава Маја (така?) воопшто не ми се допаѓа вокалот. Како непрочистен ми е.. Фифи ич не ми е фаворит, ама се надевам дека сега на настапов ќе се контролира со рацете.. да не ја/го смешам со Кристина Агилера -.-
Жириво како професионални изградени пејачи незнам на Младен зошто толку добри коментари му дадоа кога дечкото најпрво и основно незнае воздух да зема,и беше доста приметливо.Мене воопшто не ми се допадна неговата изведба на песнава. Жал ми е што не ја слушнав Илма. Девојките од форју ми беа прекрасни,супер пееа. Алекса - прекрасен вокал убаво испеа,ама многу ми е антипатичен,најголем лигуш. Апел : Водителот под итно да се смени,ептен антипатична фацка со тоа гомцето на глава. Едвај чекам Даниел да го видам.
И овие од ЖИРИТО.Што има потреба нон стоп да се фалат меѓу себе.Тие се таму заради кандидатите а не обратно.
Уште некој нека каже ФЕНОМЕНАЛНО! Само уште некој! Ќе го треснам, преку телевизор у него ќе влезам, ако треба и Самара ќе ја сретнам. ФЕНОМЕНАЛНО, па ФЕНОМЕНАЛНО, аман више! Ради тоа го почитувам Жељко, ниту еднаш не го слушнав, да го каже тој збор. А тек Емина кога ќе ја слушнам: Била си фееееееееееееееееееномелна! Не знам шта да ти кажем. Знаш шта мислим о теби. Дури и песната Феноменоменално ја замрзев, ради нив. И ме изнервираа. Кај нас не постои буквата ћ. Дај нека сменат! Не можат овие од сител да се побунат? Изгледа не ја ни знаат нашата азбуката. Ќе се исклучам. Не сакам веќе да мрчам.
Леле Алекса кое совршенство е, па и песната колку беше погодена, абе само да го грабнеш и да бегаш, ептен е сладок. Од другиве ми се допаднаа Фифи и Маринела и Младен. Ајде го чекаме Даниел како ќе се покаже.
Водителов под итно да се смениии не го бива ама ич... Ај да видиме Даниел што ке направи а и Тамара некако ми е во фаворитите ама ке видимеее
Koj се не стигна да ја пее песнава на Агилера, да знаеше немаше ни она да ја испее. Мислам какво песниште е ова а го направија како да е некоја треторазредна песна. Захтевна песна е, дефинитивно не е за секој да ја пее, па уште помалку Фифи и Маринела. Просечни ми се, дури и подпросечни. Алекса исто,многу просечн глас има се вади на шарм и тоа што сите тинејџерки ќе кубат коси по него. За Маја го имам истото мислења ко порано, да не беше ќерка на Луис ќе ја вратеа дома уште пред куќиве на судиите. Даниел ќе биде последен по се изгледа. Баш да видам што песна ќе избере. П.С Абе кој е доктор од овие докториве? Мене слатки ми се, посебно оној Марко, плавиот- смеѓиот во кафената кошула, да го гранбеш и да бегаш од што е мил и неискварен за разлика од другите не глуми и доста природен е. Од бендовите, овие се најдобри, барем мене ми се најхаризматични и најдобро ми звучат.