1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Ги има сите видеа на youtube каналот ;)

    http://www.youtube.com/user/xfactoradria?feature=watch
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Нееее, не ми се гледа така. Ај ќе си го вратам на макс твто, па ќе пишам импресии.
     
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Гледав прееска, интересно според мене и секако ќе продолжам да го гледам. Барем ќе имам една причина за да се стационирам пред телевизор еднаш во неделата и да погледнам нешто што ќе ми го привлече вниманието. :)

    Кандидатите сите во глобала гледано беа супер, ама и не може да биде поинаку кога овие се веќе одбрани меѓу подобрите. Да даваа од првите кругови ќе имаше што да гледаме и да се смееме. Се на се супер беа и се гледа дека се талентирани.

    Што се однесува за жирито и за нивната објективност сеуште не можам да кажам ништо ниту пак да си редам коментари од ракав. Нивната сериозност, стручност и талент за глума т.е. имитирање на одредени личности тек ќе се покаже и докаже.

    Само друго нешто сакав, баш ме интересира како одма вие ги проценивте дека Жељко го имитирал Сајмон, дека Емина била лигава, дека Кики бил досаден, а дека Кристина била најкоректна од само и само една епизода која траеше не цел саат? Во ред, можеби ќе биде така ама сеуште е рано да се каже.

    Плус, пред се, ова е еден вид на шоу. Така што, можеби има покомпетентни личности за жири, не велам не, ама пред се жирито се бира за да биде интересно и гледано. Не заборавајте дека ова шоу не го измислија Србите, значи си има претходно утврдени правила и прописи за тоа кој, како и зошто седнува на тоа столче. :) Сега за сега, можам само да кажам дека шоуто е навистина професионално организирано и ветува интересен период, ништо повеќе.
     
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    X Фактор - Србија (Сител)

    Инаку слушнав дека Мартинијан
    ќе биде дикфалификуван од шоуто заради учеството на Макфест, или пак самиот ќе се откаже затоа што ќе пропушти аудиција. Како и да е ќе видиме кои се причините, само знам дека нема да продолжи понатаму. Штета.
     
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    8.114
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Многу ми се допаѓаат вакви музички шоуа. Некако ме релаксираат, шират позитивна енергија, едноставно уживам додека ги гледам, а и пред се слушнам за нови млади и те како талентирани малди луѓе, за кои треба да се зборува и слуша, а не за некои прости и квази "ѕвезди" од нашава естрада, ако можам да ја наречам естрада.

    Девојчето од 13год како испеа :o ...ме остави без зборови, значи феноменално. И тоа многу тешка песна која верувам неможат да ја испејат ни некои пејачки со кариера. Посебно колку беше слатка, насмејана, ептен златна. Секоја чест. Ете го мојот прв фаворит :)
    Браво и за нашите македонци сите беа супер. :clap: Штета за Мартинијан, ако навистина го напушти Икс Фактор, мн е талентиран сигурно би влегол во потесниот круг. Сепак мислам дека икс фактор е поголема шанса и поголем настан од Мак фест, која не требал да ја испушти.

    Инаку мн професионално направено, браво за продукцијата. Жириот е токму како што треба. Сите се професионалци и компетентни личности и треба да седат таму. А Жељко воопшто не го имитра Сајмон туку во секое вакво шоу има по еден строг член на жирито.

    Ке се гледа и прати редовно, само да ми кажете во кои термни ке се емитува јас не разбрав.
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    X Фактор - Србија (Сител)

    А зашто ги нема Македонците на официјалниот канал со посебни видеа од цел настап со претставување и се тоа како другите што ги има ?
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Веројатно од истата причина поради која што нема ни македонски претставник од жирито... :D :D :D

    Шала на страна, да си кажам од вчера впечатоци. На самиот настан, ништо ваљда не му фалеше... веројатно х фактор е баш таква емисија. Но, вчеравечер уште еднаш ми се покажа зошто не ги гледам ваквите шоуа...а богами и не се пријавувам на нив.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.966
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    И јас да промрчам нешто. :)
    Прво ме копка зошто во жирито нема македонски судија.Би можеле на пример да не ја стават Снеже како водител(и онака само клима со главата и тешко се вклопува) а да стават наш член во жирито.Не знам како оди продукцијата ама ако нашиве имаат удел во тоа срамота е што немаме наш член.Вака имам впечаток дека се играат со нас.
    И Снеже,оф боже не знам што да кажам... |(
    Жељко си е познат дека има лев и тежок карактер.Не знам Емина како ја извадија како соодветна со испеани 5 сладуњави песнички и разголени спотови.Кристина е ок,а и Кики,сепак на времето вадеше убави песни..
    Криво ми е што нашиве ги дадоа онака на протрчување.А баш имаше што да покажат.Дали е тоа од таму даден таков материјал,или сителовциве не знааат што прават.Мартинијан од она малку што го дадоа ми беше одличен а и другите две ,им ги заборавиви имињата.Само ете ме боцна што малку им посветија внимание.Овие тројца се надевам не се единствени претставници на Македонија.
    Девојчето од Босна беспрекорно пееше,потоа ми се допадна девојката од Белград со акустична гитара, девојката од Хрватска Ирма.
    Шоуто ми се допаѓа, за промена, да се гледа нешто поинакво и да се навива за нашите. :up:
     
    На Tori1, lav4ence.e.e, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  9. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    X Фактор - Србија (Сител)

    и јас тоа викам и кај е наш преставник во жирито
     
  10. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    X Фактор - Србија (Сител)

    Добро бе нашиве секогаш така ке ги дават само како најава ниту еден македонец не видов како пее исто како на рекламите шо ги даваа ..... ц ц ц ц ц ... леле простаци :devil:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    X Фактор - Србија (Сител)

    Абе ако завртиш глава судииве одма Не даваат. Прво случај беше со танчерот а после па и со Чола :D
    Оваа Емина која глупача е значи I need a translation - Ма немој да ме јебеш бре. Турски одма научи за да глуми во филмови, македонски не знаела. Глупача!
     
    На SparkyAngel, anna-tessa, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Ми мириса на нешто друго, не на “не-разбирање“ на јазик, али ај, да си поќутам. :D
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Од колку саат е?
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Луѓе ова си е X Фактор Србија, што значи они и го организираат, они си ја земале лиценцата, си плаќаат грди пари на организација па они си стават кого сакаат во жири. Секогаш нас ни фрлаат по некоја коска, за да не се осетиме загорозени, ако е за така нема ни хрват, ни црногорец, Емина знаеме зашто е таму, значи не сме само ние тие одбацените, зашто ова е СРПСКО ШОУ. Кој има пари тој ги држи коцките у рака, одсекогаш било така.

    Мене од сите нај нормална ми е Кристина Ковач, јас баш мислев дека ќе е бетер и од Жељко, зашто имаше големи скандали за неа и сестра и за Беовизија дека некоја година они доминираа со нивни песни и изведувачи, но ме изненади, баш е реална, знае да се нашали и да заигра и да се опушти и да искритикува, и држат вода сите забелешки. Кики ми е онака, ни лош ни добар, ма да за хрватицата беше у право, досадна беше и не потикна никаква емоција. Емина е само лице, коса, шминка и облека, нека не се појавува жити се, нека им остави слика таму и тоа е повеќе од доволно. И Жељката на крај, мислам препотентно го*но да ми извините на вулгаризам, се замислува дека е кралот на српската поп музика а е едно преценето створење. Не сака да се пее на англиски, зашто пустиот тој мака мачи да ги разбере, не знае баш англиски, мислам дека ептен слабо му оди, зашто сто пати беше на евровизија и се на српски пееше, не от што истакнува емоции, туку зашто не разбира баш убав, се кладам дека е тоа. Ако песна од Френк Синатра не ти потикнува емоции тогаш ти си емоционално отупен, а не да ја бара кривицата во јазична бариера, срамота 21век он пропагира пеење строго на мајчин јазик, србенда класична ми е.

    Мене ме воодушевија исто дечкото и девојката што беа дует, каква синхронизација имаа, тоа е ненормално. Илма исто беше фантастична, Чола два мене ми беше утка, искрено преголема копија и се мислам дека и гласовно го емитира освен физички и со покретите на сцена, ист Чола. Мене тоа не ми е за х-фактор, туку за емитаторско шоу. Има еден Чола, мислам дека никој не бара негова копија, да не го урочам супер изгледа за 60годишен, ќе се изнаживее, нема да може да излезе детево од неговата сенка(иаку не ми изгледа и баш дека сака).
    И нашите беа одлично само 3ца, сега за сега, па добро,пољи и него ич нели :)
    Ма да искрено со малава не знам колку имаат шанси, пола и повеќе, ги засени сите од 13 години таков глас,а тек што може да направи понатака со учење...
     
    На tace73, teddybear, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Само во вторник ќе се емитува Х-фактор или секој ден?
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    8.114
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Па најверојатно затоа што лиценцата е купена од српска продукциска куќа, се е во организација на Србија, па така и сите членови на жирито се срби. Не е воопшто чудно што нема од други држави членови на жири.
     
  17. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Сега за сега е секој вторник, така иде реклама :)

    Јас сум уште фасцинирана од девојченцето, вчера насекаде читав коментари, Христина Вуковиќ - девојката со моторот, што ја пееше Титаниум, и имаше пишано - "Ilmice boli tebe uvo, tebi da su ti dali krompir umesto mikrofona i odsekli ti usi opet bi razvalila" :lol: :lol:

    Оф топик - видео од Илма, на нивна телевизија:

    https://www.youtube.com/watch?v=u1mc63VtwOE#t=113
     
    На Butterfly14, RIRIFENTY, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    X Фактор - Србија (Сител)

    А баш прееска додека одеше репризата на Х фактор на Сител, горе во левиот агол нели стои програмата за вечер, и измеѓу сериите стоеше дека ќе го има Х фактор после Судбината на Фатмаѓул. Да не сме нешто грешка ? Може аудициите ќе ги има секој ден а гала вечерите само во вторник. :?:
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    X Фактор - Србија (Сител)

    Добро, оти на програмата на Сител на http://sitel.mk/mk/programa вели дека и денес ќе се емитува. И се согласувам со сите дека Илма растури. :)
     
  20. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.