На почетокот мислев дека Тамара ќе ја пее од Адел но потоа кога слушнав која е песната се разочарав.Ова не е нешто што и одговара.Стајлингот и е катастрофа, фризот исто.Кристина дефинитивно и го даде најдобриот коментар. Едвај чекам да го слушнам Даниел, како мало детенце сум во исчекување
Кики ко Деми ќе ги уништи девојкиве со изборот на песни. Подобро од Адел да ја пееше, колку емоции има во таа песна, со вежбање сигурно подобро ќе беше од ова сега.
Аууу, човечево ме разнежни. Што убаво му легна песната на овој Лукијан. Утна троа некаде ама многу ми се допадна.
На што матрица пееше Лукијан, ко треторазреден музичар да ја правел, па клавирот на Елтон Џон ја прави цела песна.
А бе Кики е демек во некој рок фазон. И затоа најверојатно им дава такви стари песни од Бјело дугме и слично. Ајде, Даниелчо, те чекаме!
Утна малку поише ама ај, добра песна, предобра. Прво Џон Леџенд сега ова, барем добри песни пее, за разлика од некои други пеачи кои имаат катастрофа песни.
Мене Кики уште од почетокот ми делува како најнезаинтересиран за ова шоу, се гледа дека без мерак го работи ова. Уште во judges houses кога беа им избра катастрофални песни, имаше една девојка не ми текнува на името ама знам дека ја коментираа дека има прекрасен црнечки глас а тој и даде песна тралалајка во која ни 2% неможе да си го покаже талентот. Уште од тогаш сфатив дека од Кики неможе многу да се очекува што во денешнава емисија се покажа како точно. Ако продолжи со ваков избор на песни нема да ме чуди девојките први да си ги спакуваат куферите.
Секоја чест за Кристина, најдобар член од жирото, секогаш кажува конструктивна критика, ако и се допадне зошто и се допаднало, ако не и се допадно зошто не и се допаднало. Другиве знаат да викаат само феноменално и толку.. Мене Лукијан ми е фаворит, можеше многу подобро ама тоа е. Се надевам ќе биде одличен наредниот пак, зашто сум сигурна деќа ќе помине.
30 феминки и 62 госта ауауау.. ^И мене не ми се допаѓа изборот на песните на Кики , а последно ова чупчето што ја пееше песната од Зана и Илма исто така. Данил леел срце е ❤ Иначе јас си сум за Илма ,Харис ❤,Лукијан итн.... Незнам зошто ама 4U и Доктори на нерви ми одат. А групата за H2O можеа поубаво име да најдат
Јас само можам да кажам дека едвај чекам да одам на концерт на човеков. Прекрасен е, таква страшна харизма има, се стресов, уфффф.... Одлична изведба, го рокнав твто и не дишев три минути. Браво!
Освен фактот дека малку ме нервира кога зборува ,Даниел е прекрасен.Колку ми е секси во стајлингов а за пеењето нема збор,дефинитивно фаворит ми е.
Едноставно прекрасно. Секоја чест за ДАНИЕЛ. Колку ми е Жељко антипатичен, толку се гледа дека работи на талентот на Даниел. А, нашиов колку е скромен, срценце. Ајде сега да гласаме и да го носиме Даниел што поблиску до врвот. НАПРЕД ДАНИЕЛ!!!
Даниел е супер, како што очекував... Уф, барем на Даниел не му ставиле пердуви во косата и не го замотале со огромен шал во животниски принт... Сепак, Илма и Даниел се истакнуваат... И Тамара е талентирана, но ја упропастија со изгледот и изборот на песната.