Ми фалеше некако Марија Ичкова да ја видам во живо, да распали со нешто жестоко Даниел одличен. Најдоброто за крајот. Ми се допадна тоа што зборуваше на македонски на жирито. А инаку ми се прекина стримот од Сител и се приклучив на Пинк Тв Според коментарите у чатот што одат на вебсајтот не е миленик само на македонците.
Леле ама секси стајлинг мама миааааааа,да ти иде да си го грабнеш и да си го земеш за дома и да ти пее иии... и уше нешто... Браво,одлична изведба!
Епа ако се најде пак некој да промрчи дека не му се допаѓа Даниел, дефинитивно ќе биде од завист или од типичниот Балкански синдром дека се што е наше треба да се плука. Одлична песна и изведба, неверојатна харизма, добар настап, без изведување лудило на сцена, згоден, добар стајлинг, за мене он е победникот и точка. Споредено со сите останати вечерва можат само вода да му носат. Браво!
Не престанав да се ежам од моментот кога почна да се претставуа Даниел па се до крајот од коментарите на жирито ,Бравоооос бе момче Македонче БРАВООО Фала богу што кажуваат убавини за нас многу ми годи тоа а верувам и на сите вас Скромност,едноставност,насмевка,убаво пеење .... тоа е нашиот Даниел
Фрлив ќебе од мене и станав да играм и пејам на цел глас.Најдобар е дефинитивно!Таа скромност негова, ненаметливост, милозвучен глас,значи го обожавам.Откако заврши ми ја наполни душата со радост и среќа.Ајде сега драги фанови да се покажеме и во гласање, мојот глас дефинитивно оди кај Даниел!
Лелелеле само јас немам го видено Даниел, а едвај чекам, на компјутеров гледам, сега Лукијан пее Која песна ја пее Даниел?
Па треба и малце да се бориш за себе. Сигурна сум дека Жељко му налагал и на Даниел да пее српско или македонско, самиот Жељко кажа дека тој одговорил дека не се чувствува сигурно кога пее на свој јазик и подобро смета дека ќе се покаже на англиски. Така треба и другите да си држат до своето, да даваат свои сугестии во однос до изборот, а не по секоја цена да прифатат нешто што не им одговара. Еве и стајлингот на Даниел му е одличен во негов стил. А не Тамара ја направиле нешто сосем спротивно од тоа што е, а таа па вика дека задоволна била. Не е работата да смениш темелно, туку да останеш тоа што си. Инаку одличен беше Даниел, ќе го гледаме до крај тоа дефинитивно.
Јас обично не гласам на вакви работи, а и за ова знам дека ќе има манипулации, ама не ме држи срце бре да не гласам, па што сака нека биде. Заслужи човекот поддршка дефинитивно.
Браво Даниел, браво!!! Останав без зборови, дефинитивно најдобар е! Инаку, преку глава ми се веќе другиве што постојано и дофрлуваат на Кристина. Мене жената ми звучи најправедно, најреална е, а сите прават таа да испадне најлошата од жирито. Таков впечаток ми оставија денес. Кристина ќе си го каже своето мислење, а овие одма ја напаѓаат. И што им е со тоа пофалување за изборот на песните? Скоро на секоја песна, тие мораа да се пофалат еден со друг за тоа каков прекрасен избор на песни направиле.
Не ни очекував нешто помалку од оваа изведба ! Браво, беше фантастичен и дефинитивно гласам за Даниел
Супер беше Даниел, овој пат ми се допадна ептен, му лежат вакви песни, и супер го облекле, како и поголемиот дел од мажите. Само ова со двобоите им е жива глупост, џабе трошење на време. И кој одлучува после двобојот кој иде даље, жириото или гласовите, пак да се гласа?
од подобрите: Александра т.е 1та девојка што пееше, Девојките со роар, даниел, илма, харис со стеј, фифи и маринела, алекса и лукијан. На останатите дефинитивно му беше грешно избрана песната. ми се смачи од зборот феноменално кристина можам да кажам дека е најреална од жириво, а и најдобро се разбира во изборот на песни, само на докторите му ја згрешила терапијата хахах т.е песната водителов т.е бившиов натпреварувач ужас, снеже неам коментар .
Така е на американскиот. Тие со најмалку гласови пеат, па жирито гласа кој да си оди. Ако има два гласа за едниот, два гласа за другиот, тоа се вика deadlock, тогаш гласовите на публиката одлучуваат.
И мене Маринела не ми се допаѓа уште од почеток .. ради “мама и тато“ е дојдена до тука сигурно. А фаворити ми се Илма, Алекса и Даниел и беа супер сите само од Даниел очекував малку повеќе И дечките што ја свиера Smooth Criminal беа одлични !