Мене ми се допаѓаат двајцава машки водители, додека пак овие двеве цури не ми се за овде. Лукијан, Алекса, Доктори, Александра Брковиќ, Даниел- БРАВО! Морам да признаам воодушевена бев од настапите. Сите машки- Алал да ви е, навистина супер. И менторите се гледа се потрудиле во изборот на песни. Кики- воопшто не ми се допаѓа како ментор. Тамара- катастрофа! Ептен ја засакав на првата аудиција, но со тек на време само полоша и полоша е. OUT! Илма мислам дека ептен ја форсираат, има убав глас ама како да сака пребрзо да порасне. Александра убаво ми отпеа. Жељко- пред да почне епизодава, мислев дека има најубав состав. Како ментор е супер (мое мислење) и се труди многу, секогаш има коментари на место. Мислам дека е свесен за талентот на Даниел и дека му додели стварно убава песна. Маја, ах Маја можеш мноогу подобро- така барем мислев. Младен исто, али мислам дека и двајцава НЕ се за во полуфинале. Емина- прекрасни натпреварувачи и се паднаа, свесна е и затоа толку многу се труди и вложува напори. На Лукијан и Алекса прекрасни песни им одбрала. Харис ми е сепак МАЛ за понатаму за во ова шоу. Кристина- најтешко е да се работи со бендови. Мислам дека само машкиот бенд и вреди, стварно ме исполнија на некој начин, многу ми се допаднаа. H2O ДОСТА ви е! Оваа од Џогани ептен фалшира. И девојкиве треба мнооогу да работите, овој настап ми беше ОНАКА. За разлика од другиве членови, и таа како Жељко ми е ептен реална, ми се допаѓа тоа. Хмм, интересно што ги викнале 2cellos. Ајде сега одмор малку, па да видиме кој ќе испадни. Мои фаворити: Даниел, Лукијан, Алекса.
Значи му го грабна микрофонот на водителот за да си ја поздрави мајки му и Македоника-значи звер си Даниел! Гласаввввв
Хахахахаха, ааа, колку е глуп бре овој Славко, мерка му нема. А сега одма ќе испаѓаат? Не го разбрав тој дел баш.
Сигурно не ја пуштија бидејќи за во ова шоу треба да имаш глас за секаков вид музика, да можеш да пееш секакви песни.
Знам, т.е претпоставува дека идат по правила, ама многу многу глупава работа ми е тоа мене лично. Али се за поише пари да се собере, јасно ми е.
Јас како што разбрав ќе се гласа само половина час и тие двајца со најмалку гласови утре ќе имаат дуел.
^Нема врска со парите, нема пак да се прегласува, фактички им го даваат зборот на жирито, ако тие не можат да се согласат тој што има најмалку гласови од публиката излегува. Значи не се прегласува, од веќе извршеното гласање се резултатите. Мислев случајно две вечери да не има, ама очигледно немаат толку буџет.
Сакаш да се кладиме дека многу пати ќе бидат 2на2? Не е се за пари, ама реално како се финасираат освен од спонзори? Од парите на гласачите, а тука ќе паднат многу, многу гласови и пари се разбира. А за тоа дека ќе пеат на следниот лајф и јас така сфатив и така ми е логично. Kaша попара, дури другата недела ќе вратат еден, овие ќе пеам двобој, не знам некако ептен измешани ми се правилата а Х факторот. Идолот конструкциски многу повеќе ми се допаѓаше.
Заборавив, овој Младен од кај Жељко- ако веќе продолжи, нека научи да диши. Додека пееше постојано слушав како издишува и вдишува.
според мене најдобар е ДАНИЕЛ не што е наш едноставно најдобро ја владее сцената А фаворит ми е исто така и Александра
Од возбуда не можев внимателно да го проследам настапот на Даниел,ќе мора снимката да ја чекам.. ама можам да кажам дека откако се појави и испеа,изгледаше како да е музички гостин во ревијалниот дел после настапите на натпреварувачите песната сигурно не беше најдобра за да ги долови неговите музички квалитети,но појавата,настапот одличен Какви само коментари има на твитер лајнот од познати музички имиња Marija Serifovic @futomaki 24m E pa ovako ovaj momak @Kay_Makovsky nije takmicar! On je PRO!!! Zelim ti svaku srecu i pobedu u #XFactorAdria a onda nazad u AT,UK,FR,ESP... Favorited 151 times Expand
И нешто за водителот и доста е од мене со коментариве Да,и покрај тоа што е педерастичен и антипатичен симпатично ми е што од организацицјата ставиле испаднат кандидат во улога на водител. Малку ме потсетуваше на оние водителите од Евровизија.
Даниел совршенство без маана! Уште првиот пат кога го слушнав останав ваква Не, озбилно, кога го слушам, не дишам, не дај боже некој да прозбори Ах тој поглед, тој глас.... Ај ем ин лав Туку брзо кажете каква порака треба да испратам за да гласам за Даниел? не видов
Имаа среќа останатите натпреварувачи што Даниел настапуваше последен, да беше во првите како што кажа Емина, ќе ги подигнеше многу критериумите така да сите од овие останати ќе поминеа незабележително, иако и без тоа си дојде како јаготка на шлагот и сите останати ги засени. Инаку баш сега чепкам по неговата фан страна, за нешто повеќе од месец, тој достигна 100.000 лајкнувања, постојано му пишуваат по ѕидот, поддршка има од сите страни, не само од Македонија, што исто така неможеме да кажеме дека е случај и со останатите кандидати. Веднаш се гледа кој се издвојува.