Да почнам прво од Снежето, нема многу да ја коментирам за изгледот, туку за тоа дека крајно ме напнува со пренемагање на српски и нема да биде ич лошо да почне да зборува на накедонски, на крај краева она е таму како водител од Македонија, имаме наши кандидати и шоуто е на ниво на Балкан. Што се однесува до судиите Емина премногу е вештачка и лигава, врска нема од музика и не знае да прифати критика. Кики делува многу флегматично и незаинтересирано. Жељко ми е засега ок, а Кристина дава коментари баш на место. Не е поентата да ги пофалиш сите туку објективно да гледаш и да им дадеш сугестии за тоа како да станат се подобри од емисија во емисија. Од кандидативе најмногу ме воодушеви Даниел, не дека е наше ама стварно покрај тоа што пее, просто зрачи на сцена. Кога го гледам се топам и се осеќам ко попалена тинејџерка Го гледам буквално без да трепнам и престанувам да дишам. Невидена харизма! Без разлика дали ќе победи или не, успешна кариера му е загарантирана, иако стварно се надевам дека ќе биде прво место. Од другиве фаворити Младен не ми се допадна, Илма убаво испеа исто и тие децата што се кандидати на Емина, заборавив како се викаа. Маринела е очајна, кога почна да пее се наежив од неубаво и го осетив она чувство кога се срамиш од туѓото бламирање. Тамара не ми е фаворит и не ме освои ни со тој првиот настап, едноставно има нешто во девојчево што не ми штима и ми е антипатично. Инаку мислам дека песниве што им ги дадоа сега беа просечни затоа што претпоставувам дека за фаворитите се чуваат најдобрите песни за понатаму и не сакаат уште од сега да вадат асови од ракав. И да за крај, морам да се согласам со сите за стилистот. Претерана е таа шминка, особено тоа што го видовме на Илма, па нема смисла девојчето има само 13 години, ја направиле права жена. Башка сите ко по некој шаблон беа шминкани и сите со црвен кармин ги нашлапале, без разлика дали одговара или не. Како и да е, ок помина првава емисија, ама многу долго трае се осеќам ко да гледам евровизија, особено поади гласањето, ептен го одолговлекуваат.
Мене ептен ми е симпатичен Младен, многу убава боја на гласот има,онака без мака каков глас вади. Само песната што ја пееше мислам дека не му лежи баш,иако скроз коректно си ја испеа. Само е млак во настапот,не се труди,многу е флегматичен. Тамара,беше толку едноставна,а посебна,а сега некако ништо од тоа нема. Песнава е за некој со просечен глас,може и Билбилов или Гаџа кај нас да ја испеат без проблем и напор. Илма почна да ме нервира,се има што да каже и додаде,мислам негативно и влијае шоуто на развојот како дете. Плус пренападна шминка за 12 години. Даниел е срце. Убаво пее и има баш х фактор,има нешто во него посебно и шармантно.Мислам треба да си победи човекот. A,да и Алекса ми се свиѓаше како пее,многу му стои да пее песни со таков шпански мелос,симпатичен беше.
Снеже Велков е најлошото нешто што и се десило на Македонија,вклучувајќи ја војната во 2001ва и земјотресот во 1963та Твитер.
Резултатите ќе ги даваат после рекламите. Се надевам Даниел ќе продолжи и да ми пишаа порака дека глассот ми е прифатен
Не е можно колку почна да ме нервира Илмето. Ептен ја погодила славата изгледа, а има само 13 години. Се знае таа да каже, да додаде, да исправи. Ама се гледа дека ги организирала луѓето да гласаат за неа, си донела и цел автобус навивачи во студиото. Тамара, очекував многу повеќе од девојката. Можеби и песната не и беше погодена, ама сигурно и натпреварувачите имаат право на глас додека ја бираат песната. За Даниел сите коментари се излишни - си знае дечкото што прави и само напред! Веќе гласав за него, се надевам ќе дотурка до крај. За останатите немам коментар затоа што ми е сеедно кој ќе си оди а кој ќе остане.
Илма излгеда си влезе у филм на ѕвезда де... Даниел да не се повторувам Најдобар не беа лоши и машко и женската група... а за аут ке се повторам ми е Харис некако ептен ми е лигаво дете .. за разлика др 2на емина се тооооп кикии им ги промасил песниве но комент,,, ама ае ке видиме како публиката гласа.. а даа не ги заборавам и х2о фаааалш
Значи колку многу мислења во темава за 2-3 саати Што знам мене општо цело шоу ми се свиѓа, далеку е од UK и US...ама добро е, интересно За Даниел што да речам, и глас и изглед Алекса и докторите најмногу изенадија (позитивно), а Илма - си има глас девојчето, ама мислам повеќе ќе се пробие за некоја година. А од тие што треба да се врати еден? кога ќе кажат тоа?
Илма ми е жив пример за тоа зошто 14 годишни девојчиња не треба да се натпреваруваат и покрај нивниот талент. Имам впечаток дека Фифи и Маринела ќе си одат дома.
Леле, почнав да се радувам кога го чув името на Даниел.Баш на раат може да се гледа. Сериозно Младен и Александра се во двобој а,H2O поминаа.Не ми се верува.
Браво браво таман луѓенца поминаа, освен Фифи и Маринела, стварно требаше Александра да помине, многу јак вокал е девојкава.
Ауууу наше си е нашее, прв влезеее, пресреќна бевв ко слушнав пресреќнаааа Алекса битно ми влезе. Јејјјјј двете мои срцкии даљееее, Кефојјј
Иако не ми се допадна вечерва, дефинитивно мислам дека Младен треба и заслужува да оди понатаму. Александра никогаш не ми била фаворит, баш напротив, страшно ме иритира нејзиниот глас и гримасите, сепак за слабиот пласман мислам дека е заслужен Кики затоа што и даде многу едноставна песна во која нималку немаше шанси да се покаже.