Е сега вечерва од Александра и Младен жирито ќе бираат кој ќе оди понатаму а кој дома. Инаку имам една голема критика до целата екипа и режисерот.Како може Славчо да кажува кој кандидат оди понатаму а камерата на 10та страна Па добро бе луѓе па погледнете го Американското, Британското шоу и научете како да ја држите камерата, во кој правец.Мене лично многу ми смета тоа!
Буквално шлаг на тортата! Секоја чест Даниел! Водителот е ужас, ми оди на нерви. Жал ми е за Александра, мислам дека заслужува да оди понатаму. Младен најслабо испеја. Ќе се сложам со сите погоре за дишењето. И јас како обичен лаик за музика можев да забележам како му снемува воздух, а во тие ситуации и самиот не знае да го прикрие тоа.
Александра... многу лоша изведба на песнава. Проба да се рамни со Џеси Џеј, но не и успеа. Барем мене не ми се допадна воопшто
Оф леле пак овој со дишењево. Мислам дека стварно треба да си оди дома. И огромна критика за Жељко, како можел да не го исправи за ова, па за што му е ментор.
Фала, што спомнавте како се вика. Многу слабо стојам со имињата. Можеби Младен не се покажа денес, ама срце е. На претходните настапи се има доволно докажано. Според мене.
И двајцата не заслужуваат волку слаб пласман дефинитивно. Мислам дека H2O не заслужуваат да поминат но, што е тука е.
Немам време сега да ве читам, затоа само ќе кажам... Мене па мило ми е што Славко е водител. Мислиш па водителот е толку важен па има врска кој е. Малку и тој нека се порадува, ај. Сега ќе каже кој ќе излезе, woow Мене ниту Снеже не ми смета, ептен сум позитивна. Ај со среча!
Ужасна ми беше изведбата на Александра, премногу гримаси, врескање, не само што го утна текстот повеќепати, туку измисли и нов јазик, многу лошо. Се надевам Младен дека ќе остани.
Има некој проблем Младен, не знам што му е со дишењево, инаку дефинитивно не заслужува да биде тука. Утка е денес, мора да помине ама и да се замисли следен пат, зашто пее фантастично ама каква е оваа трема, не ми е јасно. Eпа што да кажам, катастрофа, мене не ми се ни гледа повеќе, кој се не помина за Младен да испадне, страшно и глупаво, преглупаво.
Изгледа на сите им сметаше ова дишењево. И навистина слаб настап, ама можеби ќе се оправеше да останеше. За разлика од Фифинела.