Единствениот музички образован испадна (кој патем одлично испеа и имаше навистина тешки песни), а оваа лиглава што се утепа од тегнење продолжи.. тоа е коа ќе му даеш на балканец право на глас и и и ја користам оваа прилика да се пожалам од водителот. Се напиња и труди малиот, ама не го бива бе и не го бива
Колку само ме нервира Илма има глас ама славата прерано и удри во глава и многу ми се занесува, од почетокот не ја сакав иако има добар глас и сега па како се претерува Даниел срце ми е Најмногу гласови имаше тој и сите до еден се заслужени бидејќи има глас пред се, карактер и став за на сцена. Браво и за тоа што го зема микрофонот на водителот да си ги поздрави родителите и да честита Божиќ. Македонче бре се знае ... Е овој водителот за прво водење на икс фактор добар беше само на моменти не требаше да биде толку озбилен.
Мене Тамара ми е толку ... како да кажам, рамна, индиферентна, по малку одбивна. Чудна појава ми е, дури ова „чудна“ не знам како да го класифицирам, дали во позитива или негатива. Не ми го прави ќеифот, многу ми е ладна и необична. Кога ја пееше песната од Адел некаде на почеток, отеков од тоа (верувам несвесно, но многу ми смета) превртувањето со очите левел епилепсија. Неспорно е дека има талент и има глас, но не и' одговараат песни на Адел на пример. Ниту пак Зана. Не се согласувам дека секој би можел да ја пее оваа песна, да беше така и Јана Бурче ќе се прославеше на Идол тогаш кога ја отпеа. Сепак Зана си е Зана, карактеристичен вокал и тешко која би успеала да ја долови. Не ми се допадна, иако не ми е меѓу омилените ме разочара. Мила девојка е, но малку ја дигнаа во облаци со неверојатниот талент - кој неверојатен талент Боженце, убаво рече (не паметам кој од судиите) - типичен комерцијален глас на кој паѓа најголем дел од публиката, ништо посебно. Илма ми е ... срце. Се гледа дека ужива во ова. И јас уште се прашувам колкав ли капацитет има во таа толкацка дијафрагма, од каде го вади тоа гласиште !? Реторичко прашање беше ова, да се разбереме. Meне ми е тотално приземјена и воспитана, воопшто не е понесена од славата (од која слава патем!? Ѕирнете колку само била ангажирана и пред Х-факторов). Не знам зошто ви оставила таков впечаток.
Да, навистина можело така, мислам дека и таа не беше задоволна со изборот на песна. НО Тамара едвај може да издржи еден тон подолго време. Фалшира, оди горе-долу со гласот, не дека сака така да го испее, туку дека не може да истрае. Треба мнооогу да вежба. Затоа и дал таква кратко-певлива песна (ако можам да ја наречам), без некоја јака кулминација. Илма - нека ја искараат да не се фали толку многу кога се‘ што треба да каже е фала. А за јака, прејака е!
Ух, има многу да пишување -Едно најгоолемо браво за Даниел, највеќе гласови од сите 12 натпреварувачи, па тоа не е лесно, вечерва навистина прекрасно испеа, гордост Македонска -За Младен, некако многу „задишано“ ми пееше, но добро сега трема, ова она, се си го прави своето -Искрено за Фифи и Марианела мислев дека ќе отпаднат Добра спојка се, но нешто не ми штимаат најдобро -Женскиот бенд предобро испеа, песната roar ја обожавам, а сега имам причина + за тоа.. -Исто така и Докторите не беа лоши, пофалби и до нив.. -Кики имаше одлиични пеачки, голема штета што песните им беа утка. Уште од почетокот некако Кики ми беше незаинтересиран за шоуво, онака се правеше ради реда. Но, Тамара, Илма и Александра каква и да им е песната знаат преубаво да ја испеат -Емина посебно за Алекса имаше одличен избор на песна, но не беа лоши ни Харис и Лукијан Мене вечерашнава епизода не ми беше некоја утка голема, се си беше убаво, на свој начин Интересно е тоа што Славко го ставиле за водител За Снеже, катастрофа, од толку избор во Сител, нејзе нашле да ја пратат таму.. Колку ми е само мерак за Даниел
Како можеше да помине Александра, аман. Младен не беше најсјаен вечерва ама во споредба со неа па? Прво многу лошо ја изведе песната, а второ јас стварно разбирам да те понесе емоција од песна ама многу одвратни гримаси има ко егзорцизам да и прават. Кога чекаше да го прогласот победникот од двобојот имаше еден страшно лош и злобен поглед, ме стресе. Штета што отпадна Младен, не ми беше меѓу најомилените, ама прв да испадне не очекував затоа што не заслужува.
Дефинитивно имаме голем проблем со препознавање на таленти. Од естетски аспект Младен треба доста да поработи на себе, ама од пеачки мислам дека беше во топ 3. Општо гледано, не само овој настап, каде не беше баш како што треба и како што знае и може, ама не беше катастрофа како H20, Харис исто беше лош, и Александра мене ми е језиво иритантна и глумица. Маја беше просечна, Алекса па и Лукијан не беше нешто посебно. Али тоа е, пут под ноге Младене, не си за балкан ти. Мене искрено не ми се гледа веќе, и нема да го пратам како што го пратев до сега. Ми скршија филм, ептен ми скршија филм. Не само што ми беше фаворит, туку зашти сметам дека има вонсерски soul глас, за кој многу сонуваат да го имаат. Само да замижиш и да го слушаш и да уживаш е.
Младен не ми беше симпатичен ама искрено незаслужено испадна,и не верувам некако дека имал најмалку гласови. Претпоставувам дека сега Маид ќе го вратат да балансираат во групата на Жељко,иако не сакам тој да се врати,подобро било кој друг од останатите тројца. За Александра не ми беше изненадување да е меѓу ботом 2,а искрено очекував дека ќе бидат и Х20 (Маринела ушите ми ги распара ) до официјалната снимка добро е и ова http://www.youtube.com/watch?v=4C_MiJ28log
Не сте свесни колку ми е мило Фифи што помина. Значи,да се покаже малце на нашиве малограѓаништа што е храброст,а и талент! Браво!
Искрено не требаше Младен да отпадне, добро имаше трема и проблеми со дишењето ама далеку подобар од Александра, мислам претходно се докажа Илма ептен негативно, незнам што е финтата да се носи цела група луѓе? Ептен се форсира, а и башка црвен кармин Епа што не личи стварно не личи. Харис супер настап имаше и песната погодена му беше,Алекса исто така супер му лежи шпански акцент, а Емина стварно најдобро ги спремаше-Лукијан врв ми е засега на прво место според мене.По него Даниел, и Тамара.Со Тамара незнам што бидна, супер испеа се‘ ама требало од Адел песната Someone like you јас цело време таа мислев а после друга ...А и убаво кажа Емина не и стои толку шминка....немало потреба од кармини,сенки таа и така природно е убава Снеже и овој водителот катастрофално, со матрициве безвеза на лукијан пребрзо му идеше песната.... организација 0 барем нека гледаат и земат пример од американскиот Х фактор. За настапот на фифи не коментирам, туку од групиве само форју ми се последни фаворити. Исто и со облекава, со фризурите, па самите да се спремале 100 пати подобро, од судиите кристина,жељко и емина (само ме изритира со тоа феноменално ) А овој другиот судија Спојлер заборавив како се викаше песните никакви,имало и далеку подобри песни за на икс фактор. Како и да е да се надеваме подобро дека ќе биде наредниот вторник
Сосема се согласувам,а јас па и во лошите и Илма би ја додала,а исто така мене ми е иритантна. 13 годишно девојче со црвен кармин,па и додека пее некако со устата не знам не ми се допаѓа мене. Не,не сум љубоморна,убав глас има,ама појавата и е иритантна,а и детството и го скратија,гледам многу се дигнала,и по фб какви слики ставала. Ете славата што му прави на човекот. Инаку Даниел заслужено влезе и или тој или Тамара треба да победат. Мое мислење. Едит:Еве и членката над мене скоро го пишала истото,добро е не сум била само јас таа што го мислам тоа за Илма,да не излезе дека сум љубоморна,зашто кога му кажав на братучед ми ми вика љубоморна си.
Мои фаворити се Даниел и Александра Брковиќ,дефинитивно заслужуваат да одат понатаму. Од дуото H2O дефинитивно Маринела не заслужи да оди понатаму,уште од самиот старт на X фактор не ми се допадна како пее а вечера очајно звучеше,додека од Фифи сум задоволна и баш ми се допадна како испеа. Од женскиот бенд се прашувам дали само јас никако неможам да и го слушнам гласот на Катарина Манојловиќ додека пејат,другите три девојки си имаат секоја свое соло во песните а Катарина ја нема да се истакне. Истото го приметив и во Judges' Houses,девојкава така си се провлекува а дефинитивно не заслужува да оди понатаму. За Илма не е спорно дека е талентирана,вади гласиште девојчево но некако почна да ми станува антипатична со нејзиното однесување. Алекса позитивно ме изненади вечерва,баш сум задоволна од неговиот настап. Лукијан многу убаво ми пее,но вечерва некако не допре до мене,можеби кога песната што ја испеа би била во поспора верзија ќе звучеше многу поубаво неговата изведба. Од Тамара вечерва не сум задоволна,некако ми беше просечна,не и беше погодена песната,сметам дека може многу повеќе. Многу ми е жал што испадна Младен,иако вечерва песната што ја пееше не му лежеше баш сепак дечкото си има глас и заслужуваше многу повеќе од Маринела и Катарина да оди понатаму. Од жирито најмногу ми се допадна Кристина зошто е реална и објективно гледа на работите,Жељко ми е ок,Кики права флегма а Емина лигава и досадна. А нашата Снеженце e прав pain in the ass.
Ќе пишев долг пост со разлагања, ама не, не заслужуваат, не ми се верува дозволија Младен да си оде! 1. Кики заслужува да го тресне Кристина со тенџере по главата, каде му е умот, значи ако он е склон и обожавател на рок, незначи само во тие води да му биде изборот! Илма испеа предобро, ај песната некако ќе помине, иако беше бабинска и презрела за Илма, од целиот избор на свет, незнам кај му текнало на оваа, а па за Тамара која воедно заедно со Даниел ми е фаворит, за глава се фатив кога слушнав шо ќе пее, а прво се израдував пошто мислев дека од Адел someone like you ќе ја пее. Тамара има гласиште, не ги крие емоциите и има свој отпечаток во изведбите, како можел ваква безлична песна да и даде? Кики немој да и се лутиш на Кристина идиоту еден, жената бар има муда да ти укаже на катастрофалните грешки, и прекини со duck faces кога си горд на изведбите. 2. Наместо Младен, требаше да си оде Александра која ме иритира и нема никаков х фактор во неа, ами еден голем ? што праве уште тука! Или фифицана и џоканица, едноставно знаеме сите зошто - врска немаат од пеење, може има слаба група Кристина ама ве молам не е време за задржување на татините ќерки со врски + фифица, кои требаа да летат уште претходната емисија, а може и Харис пубертелијата кој ми е страшно антипатичен, лигле подуено, со мерак да го дупчиш со игра да му излезе надурленоста! 3. Даниел беше убедливо најдобар, епа алал да му е, гордост најголема ни е фала богу. Шоу за избирање на таленти на Балканов наш, а од сите држави - рамен му нема! Илма не ја бројам, уште нема цицки. (ама битно имаше црвена уста) Иако пее прекрасно. Тамара евентуално и некое докторче, ама сепак Даниел е единствената бранша која се издвои. 4. Столбовите на самото шоу се скапани и рѓосани, да почнеме од тој фактор - водителите мислам. Снеже и компанија, смешки невидени, незнам како оваа жена стигна воопшто да биде новинар, срам за Македонија е, ни чудо шо цела Македонија ја руга. 5. Младен, Младен. Не беше доволно добар со првата изведба, но на вторава ми испеа милион пати подобро од Александра. Искрено шокирана сум, ама очигледно и публиката сака повеќе Бритни факинг Спирс отколку вистински соул, кој фали на Балканот.
Некако е глупаво што на социјалниве мрежи гледам само подршка за Даниел. Фифи никаде го нема,или го има-ама колку да се рече. Тоа секако се должи на тоа што 90% не го прифаќаат начинот кој го одбрал за да функционира во општеството.Ако секој има право на избор тогаш има и тој. Така да,мислам дека треба да подзаборавиме на предрасудите,и да бидеме морална подршка.Зошто без разлика каков/каква е,сепак стигна далеку-и тоа не е за потценување. Грда слика се навредите упатени од секакви луѓе,кои не се компетентни да осудуваат.Не сум ни јас,ама имав потреба да пишам... Стискам палци и за двајцата!