Леле, си читам и кога дојдов до болдот ќе се засркнев од смеење. Ама Илма се исфура стварно, па кога истрча целата во филм. Дете, што знае. Треба нејзините да ја симнат малку, инаку вака брзо ќе и се изгасне пламенчето.
Не сакав Младен да испадне. Каде каде попријатен е за слушање од Александра, ама тоа е . Нема правдина.
Колку ми е мило кога ќе прочитам ваков коментар за Фифии .Фала богу што има луѓе што го разбираат и што го подржаваат без разлика на неговата определба Јас пак ќе кажам сите сме луѓе и никој незнае што не очекува утре така да мислам дека тоа што е наше треба да го цениме по секоја цена !
Сакав да ве прочитам, ама немам време, само ќе искоментирам... Првата песна на Александра Бркович ми беше досадна и се повторуваа само 6 збора цела песна. Таа има многу силен глас што не го искажа со таа песна, и мислам дека токму затоа и се најде на двобојот. Од Младен очекував повеќе, кога слушнав која песна ќе ја пее се издрадував, одамна ја немам слушано, ама некако шепотеше додека пееше, и секој здив му се слушаше. Не е толку страшно што испадна, иако очекував H2O да излезат. Харис Чато е балканскиот Џастин Бибер. Иаку не спомнува се гледа дека му е идол, како него се однесува, како него се облекува.. А и Емина се гледа дека најмногу него си го сака, ми се чини повозбудена беше од него кога настапуваше. Женскиот бенд ми се допаднаа, особено стајлингот, ама фризурата и шминката тотална утка. Кај сите девојки вечерва, освен кај двете од жирито, де. Добро испеаја, некои делови од песната беа сменети, особено она рооооооооор, го пееја многу кратко. Но има една од нив која штрчи, мислам дека е Вања, не знам... Супер избор на Емина за Алекса, на таа харизма му лежи такво ритамче. Кики е некако најнесериозен и ми стои како ова да му е по пат само, онака. Како да не си ја сфаќа работата добро. Тој ги има најквалитетните натпреварувачки, а најмногу не се труди околу нив. Што е спротивно од Кристина, таа ги има најнеквалитетните, а сепак од нив направи... феноменални изведувачи. Секоја чест. Изборот на Кики е навистина лош, многу непрофесионално и незаинтересирано делува. За Даниел немам што да кажам. Одлична изведба! Ја има публиката и сметам дека далеку ќе дотурка.Само напред! Не ми текнуваат останатите натпреварувачи - утре ќе продолжам. п.с - лелее колку мислења пишувате
И од мене големо браво за Даниел, немам коментар, фантастичен беше. За Илма се согласувам со претходните коментари, малце изненадува непријатно со однесувањето. Ама за пеење, прејака е, нема што. Фаворити ми се двајцата. А ми се допадна и настапот на Алекса, интересно беше... Песната што ја пееше ептен ми се бендиса, ако ја знае некој, нека ја постира ако може, можда ја ставил некој претходно ама ме мрзи да барам, многу страни сте напишале П.С се пишуваат мислења со брзина на светлината... :geek: