Барем сите вие што ја подржувате Фифи би било фино да почнете во женски род да ја зборите, како што и самата изјави дека сака. Инаку не е до толку отрфлена и никогаш немам слушнато коментари за неа како што имаше на пример за Боки 13, ама кога во истото шоу го има и Даниел мислам дека нема потреба понатаму да се зборува и споредува.
Значи премногу ми е криво што мојот фаворит Младен испадна..Страшно.Подобро да испаднеше Александра ,уште од старт не ми се допадна.За Фифи и Даниел секоја чест.Фифи ја извади песната,Маринела само ја квареше...Оваа детево не ми е јасно како остана,според мене треба зрел глас,а детево ми нема такво нешто уште па кога ќе порасне кој знае што ке биде..Овие доктори ми се некако како да кажам,one direction 2 ...Илма девојчето може да ги среди тие бркови мислам.. Не ми се коментира веќе..Еден од најдобрите ми испадна,овие нашиве ги подржувам само но кој ке даде на македонче да победи...
Интересно е телефонското гласање. Секоја песна си имаше број на кој се гласа. Е сега на пример, за Александара или за Младен гласале домашните, пријателите,и непознати на кои им се допаднал неговиот глас, а например за групите во кои има 5 члена кај Доктори и 4 кај девојките и замислете,бројот на телеф гласови според бројот на членови во група,5 пати се зголемува кога ке ги собереш нивите домашни, роднини, пријатели и обични гласачи. Што мислите, гласаше ли некој од Македонија за Н2О, мислам за Фифи ?? Гарантирам дека сите гласови од Македонија отидоа за Даниел а Фифи се извлече со гласовите кои ги доби Маринела......
Гледам се буните зошто толку го форсираат Даниел. Еве јас немам воопшто никакви предрасуди за животниот стил на Фифи ама едноставно Даниел е многу подобар од неа. Дури и не можам да ги споредам. Даниел има и убавина и харизма и глас и се што е потребно за Х фактор.
^^Точно. Ама не гласаме за Фифи само, гласаме за група. А групата очигледно не ја бива. Треба ли да гласаме за Фифи само зашто е наша? Па не е ова Евросонг. Ова е шоу за таленти.
Александра според мене е каде каде подобра од Младен али сепак имаше и многу полоши од Младен, На пример Маја и H2O. Не дека лошо пеат али воопшто не ми се интересни. Во икс фактор не се бара само глас. Џабе му е и на Младен и на Маја гласот кога просто ми се иритирачки, има многу што пеат полошо од нив али воопшто не се досадни. Најдобри беа Даниел, Александра и Доктори. Алекса и Тамара ми беа просечни. Од Алекса не ни очекував повеќе али од Тамара да, многу се истакна на првата аудиција а сега некако меѓу најслабите ми е.
За оваа делумно се сложувам.Мене лично ми се допадна како ја испеа песната иако не беше во негов стил,можело многу подобра песна да му даде што повеќе ќе му лежи... А за тоа си сосема во право,луѓето си сакаат таква музика и повеќе оценуваат по изглед...Нема да гледам оваа веќе бидејќи не поднесувам неправда..
Многу се израдував кога Даниел кажа дека ке оди понатаму многу ми е харизматичен и има прекрасен глас . Значи мои фаворити се Даниел и Александра најдобри се имаат прекрасен глас и го имаат тој x фактор кој се бара. Младен беше најслаб ама не мислев дека тој испадне . Од групата 4U сите ги сакав ама сега настапот не ми се допаѓаше а и Докторите ми се фаворити и супер беа. А и Лукијан ми се допаѓаше многу. За Илма иако има одличен глас и прекрасно пее ама некако мислам дека славата ја удри во глава . А и Тамара има прекрасен глас ама сега мислам дека песната не беше за неа и дека Кики направи лош избор. Од жирито сите беа праведни иако Жељко на почетокот не го сакав ама сега се поправи .
Не ме разбра...не ми беше намера да зборам за Фифи, зборот ми беше (без разлика дали е Н20, докттори или девојките) групите имаа поголема шанса да гласови за разлика од овие кои сами се борат. Зборот ми е дека е некако неправедно гласањево. И така само како пример го зедов Фифи оти мислам дека ако пееше сам, а во конкуренција со Даниел дека од македонија немаше да добире ниеден глас и прв ке испаднеше вечерва, па се извади на гласовите на партнерката.
Незнам,не дека имам нешто против ама Фифи ич не ми пее убаво,некако гласот,незнам не ми се свиѓа А Даниел,ѕвезда од глава до пети!
Јас пак мислам дека Маринела се шлепа покрај Фифи затоа што пее очајно, навистина не ми е јасно како стигна дотука, колку и да се и познати родителите жирито би требало да се засрами што ја пуштија до овде. Групата не им функционира затоа што не им се совпаѓаат гласовите, затоа и Фифи се случува да фалшира од проста причина што на неа и лежат песни со повисок тоналитет за разлика од Маринела и тука доаѓа до тие некои грешки во пеењето. Како група не ми се допаѓаат ама сеуште си стојам зад тоа дека Фифи има голем талент кој многу повеќе ќе се истакнеше доколку пееше сама, како и да сепак навивам за нив само заради Фифи, Маринела ми е резил невиден.
Фифи бе! Фифи со онаа шо фалшира останаа, а Младен и Александра се натпреваруваа.... Мајко моја..... :смајлиштосекрстисолеварака: Фифи и онаа шо цела песна фалшираше?
Ај да се надевам дека некој нареден вторник, нема да се поклопат и натпреварите со ракометот. Ќе не знам што попрво да гледам.
Даниел срце си е најдобар е! А Фифи и Маринела воопште не ми се допаѓаат иначе Фифи ја одржува на Маринела со гласот.А за Младен стварно ми падна жал бидејќи беше многу добар .Според мене Александра требаше да отпадне,но мислам дека Кики намерно гласаше за Александра да оди понатаму!!
Чекав да видам како ќе се покаже Даниел на првото live шоу, и еве барем мене ме освои. И со изведбата на песната, и со однесувањето, со кое за разлика од минатите настапи ме изненади. Секоја чест, тој е гордоста на нашата Македонија. И од Фифи не се разочарав, убаво испеа, само Маринела мене воопшто не ми се допадна. Ми се чини дека премногу фалшираше. Сепак мило ми е што поминаа, нека се натпреваруваат, па ќе видиме до каде ќе стигнат. Треба да знаат дека имаат поддршка од цела Македонија, и им пожелувам среќа во понатамошното натпреварување.
Даниел го гледав и уживав.И Фифи е наша но Даниел е подобар.Мислам дека секоја песна ја донесува лесно и без напор,а кај Фифи баш се приметува напорот. И сакам д кажам,тоа што имаше најголем број на гласови би сакала да значи сигурна победа.Заслужува. Гласано и од мене и од ќерка ми.
Проверив сега на Youtube, но ги нема видеата од вчера. Знае ли некој каде да ги најдам или, кога ќе ги „закачат“ на YouTube?
Не верувам во муабетите дека овие двајца се заедно, се додека не ја видов сликата и се уверив дека е точно. Младен можда испадна, ама ете друго си ќари.