Според мене вчера требаше да испадне Маја Новаковиќ. Ја уништи песната, се дереше, рибаше со гласот. Ужаш невиден. За Фифи и Маринела не се залажувате, може и да стигнат до финале. Џогани е јак во естрадниот свет а и ЛГБТ заедницата е јака. Така да сите тие гласаат и не се случано ставени заедно. еве ја ориганлната песна што ја пееше и ја уништи Маја http://www.youtube.com/watch?v=Gz0_-qbrM-E
Младен заслужено си отиде, воопшто не ја испеа добро песната, исфалшира на неколку места, тој пее високо, оваа му е прениска, ниските тонови скроз ги утна, високите не му беа баш нај. За таа песна треба да грми салата кога се пее, толку рамнодушно ја отпеа...Фифи ја вади Маринела, се мачи девојчето греота ми е да ја гледам, ама кај и да е ќе испаднат, народот не е будала. Бендовите ми се пропадната работа, ради реда ги ставија таму, ајде и тие ќе испаднат не ги бива баш, посебно девојките, ем грдички, ем фалш пеат, за никаде се. Даниел исто така е супер, Александра, развалува нема што, гласот и е прекрасен, но многу гримаси прави, мора да се контролира. Тамара е преслатка и е баш за на оваа балканска сцена, девојчето супер ја отпеа песната, а и топ изгледа. Илма, иако најмала е за 10 нивоа гласовно подобра од сите останати. Се гледа уште на почеток кој го бива, а кој си е за дома. А жирито нека ги врати парите од хонорарите што ги земаат, врска немаат, за тие што фалш отпеаа им вика ок, браво како сте ме изненадили, јао, глупости живи, а тие што беспрекорно, без ниедна грешка испеаа, не ти чини песната, требаше друга да одбереш...
http://vistina.mk/2014/01/08/skandal-pr ... -x-faktor/ и мене истово ми се случи, кизнај кај одат гласовиве. Повеќе не гласам тоа веќе беше завршено испаѓањето, а ми стаса поракава.
Мене ми е само многу страв да не излезе како во Операција Триумф, со Александар Белов, ќе собираат пораки (пари) од Македонија, Даниел сето време ќе биде прв... и на крај ќе „победат“ некој друг!
Не се знае кој имал најмногу гласови. Славко рече дека редоследот по кој ги кажува кандидатите кои поминале си нема врска со бројот на гласовите.
Искрено јас мислам дека нема да дозволат да победи Даниел исто како што беше за во Операција Триумф со Белов, да си кажеме искрено иако Даниел има најмногу гласачи и фанови како од Македонија така и во останатите држави на Балканот.Има харизма човекот,глас, сите го сакаат..најдобар е ама ќе видиме.Иначе јас немав проблем со гласањето, гласав 2 пати: еднаш за Даниел и еднаш за H2O .Мора да ги поддржиме Македонциве!
Вчера видов дека пеењето на Фифи е очајно, во секоја песна внесува оу ноуууу елементи, една фраза не знае целосно во полн глас да ја испее, мора завршетоците со оу јеее, аааа, уууу, оу ноу да завршуваат. Мора да се научи професионално да пее, а не паушално ко на локална свирка. И треба да многу да работи на себе, не само во шоуто, туку и понатака.
И јас слушнав дека Славко рече вакво нешто, но напомена и дека Даниел имал најмногу гласови од сите, и после Жељко рече понос Македоније... Спојлер Добро ли паметам?
И јас тоа се прашував... Колку што видов, има само од Даниел. Сигурно за некое време ќе има и од другите. http://www.youtube.com/watch?v=8VCHHnycNFY Mahidervanfan, добро памтиш.
ДАНИЕЛ ИМАШЕЕ НАЈМНОГУ ГЛАСОВИИ ЈЕЕ *-* дечкото стварно е ѕвер,има глас,знае да се понаша како професионалец и што е најважно има карактер..Срцка.. Илма има предобар глас,ама многу си ја крева цената..Ја удри славата во глава
Епа супер тогаш. Јас вчера за никој не гласав, татко ми гласа за Тамара, а сестра ми за Алекса, јас во последните емисии ќе гласам, тогаш ќе е попотребно Спојлер Јас пак мислам дека овие двајца ич не си одговараат. Тој е џин во споредба со неа. За тоа што зборувате тека ќе го држат Даниел до крај само за да земаат пари, не само во Операција Триумф, туку и на Бојан на Бугарски Идол така му направија. Дури до финале го држеа, а после победи Магдалена. И фино лепо си ги земаа парите. Секогаш е било така. Јас Операција триумф не гледав, затоа не знаев што му направиле на Александар. Ама и ова ќе е така, сигурно. Но Даниел веќе има публика која е спремна да го слуша, така што, и да не победи му е обезбедена кариера. За разлика од Илма која ако победи какви песни ќе и прават и какви спотови, жити се? Преубаво пее ама не е за таму. Нека дојде по неколку години кога ќе и е соодветна возраста и тогаш ќе може да победи. Според мене таа не требаше да се пријави, зашто ќе ја извадат бидејќи е многу млада. Па потоа и да дојде по неколку години веќе нема да биде интересна.
Важно Даниел Кајмакоски помина, има неверојатен глас.... Браво за него! Алал да му е, растур направи на сцена!
Даниел пее ѕверски, нема што. Ама некако прерано ми почна со одлепување на нозете од тлото во поглед на однесување. Онаков, слободен, се зеза со девојките, шојазнамшо... а првпат кога излезе маваше имиџ и однесување „зет снова сваке таште“. Промена мора да си има, признавам, таков е светот на естрадата, ама малку по малку, не мора да шокира. Лична перцепција, не верувам дека сум единствена.
http://www.youtube.com/watch?v=rx8XVP5qA7Y Еве, пронајдов нешто и од Илма, но не од страницата на X Factor на YouTube... А и квалитетот на видеото не е баш добар...
Коа Снеже му кажа на Даниел бакни ме за да девојките да бидат љубоморни.Леле мислам дека ја скршев на парчиња тоа скелетот и торта фризурата.Сељандура...