Баш тоа сакав да го напишам Што се занесуваа таа бе ? Може оди со некоја, таа па ќе го тера да ја бакнува А ако добро се сеќавам водителот зошто на Харис му рече дека прочитал дека го споредуваат со Џастин Бибер? Од кај пак сега тоа
Уфффф прочепкав најпрвите страни со мислења и гледам за Даниел разноразни сра*а. Од типот, овој па што се замислува, се прави многу невин а уствари сака само жена да си најде, у кој филм е влезен . Бла бла Одам на последни страни, ауууу колку ми е срце Даниел аууу мајкооо ма најдобар е, ма гордост Македонска! Мислам.. Уат да фак?! Типичен пример за : каде бум, таму кум. Значи сега кога е повеќе од јасно дека дечкото е стварно пријатен, скромен и дека стварно му се допаѓа на југословенскиот народ, и нам ни се допаѓа. Тоа ти е, ќе цениме се живо што мрда и што не е наше, а едно сааглам да има одма камења му се фрлаат, а кога ќе се свртат картите и народот се врти, како сончоглед на сонце маајке му старе! А што се однесува до Фифи, искрено секоја чест за храброста и за колку е самоуверена и и посакувам се најубаво, ама според мене не заслужува место во полу финале на х фактор. Пее солидно, не пее лошо, ама не е глас што би ме воодушевил па дури ни кога би била пијана ѓон!
tessie Јас мислам дека Даниел е добар по душа човек и не е алчен човек ,ама дека не е срамежлив и повлечен ,тоа се баш различни поими ,тој ништо не е променет ако добро сте го следеле него ,а не пишувањата новинарски ,мислам дека Даниел е баш темпераментен дечко тоа го приметив уште првиот момент ,енергичен и баш би сакала да ја покаже таа енегија на сцена понатака ,се надевам дека нема да му го стават кожурок на “скромен“ дечкоо па да го укочат ,зашто кај нас некако скромноста се сфака на поинаков начи .Скромен и добар може да биде и темпераментен дечко ,енергичен урбан ...а баш таков го гледам Даниел и како таков го засакав
Баш кога кажа демек се надевала дека фризурата ќе добие позитивни критики бидејќи за досегашните фризури добила негативни критики.Мислам таа ако се надевала дека ќе добие позитивна критика за торта фризура во бушава верзија мора да е пореметена.Мене ми личеше на Мајк Вазовски од Корпорација чудовишта со коса. Па и јас читав такви коментари особено по настапот вчера како него бил облечен и такви ми ти глупости.Мене баш па воопшто не ми се споредливи
Илина, јас не ги следам новинарските пишувања, туку неговото однесување. Тој самиот си створи почетнички имиџ. Има промена, јас ја забележав, а гледам не сум единствена. Секој има право да го доживее на свој начин. Сепак, стојам до она кое е заедничко мислење на сите нас: пее-растура. И искрено го гледам како победник на Х фактор, навистина. Си има се` што му треба за да победи. Најкомплетен ми е од овие кои останаа. Ете, си почувствував потреба да си кажам нешто што ми пречи мене лично. Според мене, и Илма зеде пребрза и превисока стартна позиција. И Харис е мал и убаво пее, па како прекрасно и културно си се испонаша.. немаше моменти од типот на ја ја донесов цела оваа публика со мојата работа бла бла... ************************************************************************ Инаку и јас бев една од многуте шокирани кога дознав кои двајца имаат најмалку гласови. Се докажа колку гледа а колку слуша во една песна мнозинството од регионот... што мислам дека е малку погрешно затоа што секому можеш да му создадеш имиџ во кој ќе изгледа совршено, да го нашминкаш професионално за да се покријат недостатоците, а никому не можеш да му вдахнеш божествен глас и талент. Но, тоа “пали“ на овој регион и немам ништо против тоа. Се надевам дека Жељко ќе ја продолжи соработката со професорот и дека ќе има и свое место под сонцето на естрадата, а според мене баш го има она што на балканскава естрада најмногу недостига.
ај и јас да искоментирам прво што мајка бараш снеже таму бе ? женава е катастрофа значи никаква е ни знае да збори, не ја ни облакаат како што треба па уште вика се надевам дека ќе им се допадне фризурата на македонците дека имаше коментари за неа и ја покажува а таа сирота исчупана како гнездо некое беше. и уште еден момент со колачињата кога ги набута сите во уста бламажаа невидена и зашто после сите ја ругале. славко па и не е така лош интересно човече е што знам мене ми е сосема океј. кристина и групите - овие доктори се стварно добри дечките супер се надополнуваат едни со други браво за нив одлични се девојките не ми се допаѓаат искрено онаа катарина значи девојката пее ли бе воопшто ? јас никаде не ја слушнав да пее немаше ни соло делче, другиве се добри ама како група не . и Х20 ужас бе човече фалшови на сите страни уши да те заболат оваа маринела нема п од пеач такво фалширање страшно фифи ми е добра сосема на место ама штета што ја ставија со маринела и јас бев за они две да испаднат. емина со момциве- не ми се свиѓа ни еден од нив како пее. искрено се просечни не гледам никаков х фактор во нив . чато ми е изгубен во простор и време некако цело време има некоја зачудена тажна фацка , не ми е за на х фактор барем не уште некое време. лукијан е океј да се ослободи од тремата и мислам дека ќе биде добар и алекса си се вади на харизмата и тоа што е симпатичен инаку мене ми е тотално просечен. кики и девојките- добро зошто им дал такви песни? па сам себе го убија ти се вика работава. убаво кажала некоја феминка погоре он ако е рокер не значи дека треба да им дава такви песни. илма се гледа дека се дигна до небо , влегла во филм што е доста лошо има само 13 години а зборува и се понаша ко 25 годишна и што беше со нејзината шминка побогу црвен кармин и опнале иначе супер ми е илма мислам дека ќе заврши меѓу првите 3 . тамара јас неможам да ја сварам девојкава искрено многу ми е антипатична некако , мутава фаца има што знам и не ми се допадна како испеа дали до песната беше незнам и александра тотална утка со песната направил кики воопшто не и доаѓаат до израз гласовните способности. и апел до девојчево нека си вежба пред огледало малце со тоа фаците што ги праи одвратна е кај и да е без вилица ќе остане и најдоброто за крај жељко - маја не ми беше ништо посебно ич не ми се допадна се чудам како и помина понатаму . младен а бе младен бее што да кажам.. поминаа Х20 младен си испадна глупости може не му легна песната иако мислам требало некоја друга балада да му даде жељко ама што е тука е . криво ми е за него мислам дека дефинитивно требаше да оди понатаму барем уште неколку круга . и кристина мислам дека за инат на жељко ја одбра александра ќе одела по интуиција типката , ја поштував ама некако почна на нерви да ми оди . и даниел за крај само едно големо браво! нема што да се коментира за него си има некоја мила ѕвезда ептен е приземен и многу е мил многуу и супер ја испеа песната го подржувам максимално гласав и само среќно понатаму , со добар избор на песни мислам дека нема да има проблеми.
Се разочарав вчера на крајот. Ние не сме свесни какви таленти праќаме дома. Според мене, требаше Маја, Х20, Харис, Илма, Тамара, бендот со девојки, Младен се оние кои треба да испаѓаат во следниве епизоди. За Даниел ептен ми падна мило што олку убав глас има и што се гледа дека е голем фаворит од почеток и постојано се надоградува. Не е како Тамара која на првата аудиција беше супер а сега е најслаба. Илма исто, на првата аудиција стварно ме остави без зборови А сега ми личи како некоја 25 годишна, ептен се дигна.
За она со кармините потполно сте во право. Аман, дете 12 годишно му стаиле јак црвен кармин. И Тамара, на која се` и` стои, ама јака шминка дефинитивно не. Тука се согласувам со Емина потполно. Само се чудам зашто истото не го искоментира и за Илма. Инаку по други форуми читав добивале смс дека гласањето не е започнато откако гласале и не можеле да гласаат... шо е таа работа?
Се немам претходно изјаснето за ова шоу иако го следам од неговиот почеток. Прво ќе нагласам дека не сум компетентна да правам споредба со овој музички формат од другите држави (Велика Британија, САД итн.), бидејќи ги немам редовно гледано. Не би сега да коментирам за претходните фази од шоуто, иако имаше доста работи кои ми се/не ми се допаднаа. Сепак, на крај, изборот на 12те полуфиналисти е таков каков што е. Што се однесува до првата Live емисија, ми беше задоволително добра во однос на сцена, избор на песни, настапи, т.е. како беше концепирана во целост. Недостатоците, овој пат, ќе ги препишам на тремата и кај членовите на жирито, и кај настапувачите, бидејќи е прва емисија и големите очекувања кои публиката и гледачите ги имаа за истата. Така да, од моја страна, е заборавено. Се надевам, дека понатаму сите ќе изненадат во многу попозитивно и поопуштено светло (во однос на перформанси, коментари, изјави итн.). Според коментарите кои претходно ги прочитав, изгледа сум единствената на која водителот Славко и’ остави позитивен впечаток. Човекот ми беше токму на место, барем што се однесува до водителската позиција која му е доделена. За Снеже и Бане, нема да коментирам. Дно дна. За групата на Жељко: Даниел е најјаката и најсигурна страна на оваа група што се однесува не само до неговите музички квалитети, но и со харизмата и шармот со кои ја плени целата публика. Очекувам да стигне, барем во првите три, а македонската поддршка секако ќе ја има. Маја од самиот почеток ми беше пасивна и не ми остави никаков впечаток за повторно да ги преслушам нејзините настапи. Ниту со Live емисијата, тоа не се промени. Има убав глас, но целосно како перформанс и појава не ми е интересна и барем досега, не ми го привлекла вниманието. Младен во првата фаза, го немав забележано, но откако на Youtube ја ислушав неговата изведба (Ready for love) и настапот во куќата на судиите, ми беше во топ 3. Но, кога потоа ќе подразмислам беше прилично незаинтересиран и резервиран за едно вакво шоу. Според мене, синоќа имаше голема трема. Неговиот глас ме фасцинира и мислам дека имаше уште многу што да покаже понатаму. Голема штета што прв излезе. Но, со неговата последна реакција уште еднаш покажа голема индиферентност (неубав чин што не и' честита на Александра). За групата на Емина: Лукијан го немав забележано се до куќата на судиите каде имаше преубава изведба на All of me. Синоќа, изборот на песна му беше задоволително добар. Но, целосно како појава е премногу пасивен, срамежлив, резервиран и не ја дава потребната сигурност која еден изведувач и музичар би требало да ја поседува. Алекса Перовиќ - океј момче за музичката естрада на нашите простори. Не ми е нешто посебно, но со труд и шарм може да направи задоволителна музичка кариера. Харис – предобро детенце со убав глас. Почитувам што Емина прилично многу се залага за него, бидејќи има потенцијал. Му дава свежина на шоуто. За групата на Кики: Илма – извонреден вокал кој фасцинира. Симпатична со нејзините коментари кои говорат за нејзината зрелост. Тамара – со првата изведба на Don’t you remember, ќе се согласам со коментарот на Mishela, не ми остави посебен впечаток. Истото се покажа и во куќата на судиите. Убав глас, и тоа е тоа. Но, како ја следам на социјалните мрежи гледам дека е доста позитивна личност која освојува со нејзината насмевка и глас. Така да, ако на почеток ми беше пасивна и индиферентна личност, сега мислењето почнува да ми се менува на подобро. Александра – убав глас (особено голем впечаток ми остави во куќата на судиите). Синоќа, беше добра. И исто, ми е топ 3. За групата на Кристина: Групата на момчињата (Доктори) ми е најсимпатична и најдобра. Армин докторот ми остави впечаток уште со неговиот прв настап со Wonderful world. Генерално, ми се допаѓа и како вокал, и како појава. Девојките (4U) – се трудат и океј се. Ми се допадна нивната верзија на Roar. Треба да поработат на сценскиот настап и стајлингот. H20 – Фифи од самиот почеток ми е симпатична, има таа и повеќе X фактори отколку што е потребно . Маринела воопшто не ми се допаѓа како пее. Но, ете како спој се добри и интересни на сцена за гледање и слушање. Во целина, лично јас, како за почеток, би сакала да видам повеќе настапи на Даниел, Доктори, Илма, Тамара, Александра (Кики апсолутно ја има една од најдобрите групи - се надевам, понатаму, како ментор ќе биде подобар отколку она што досега го има покажано), Алекса Перовиќ и Харис. Од четирите полуфиналисти, дефинитивно, очекувам да влезе Маид - според мене, веќе комплетно изградена личност за музичката сцена на нашите простори, но би сакала да видам повеќе настапи од него, особено во поп - звучење, но и ако продолжи понатаму Жељко повеќе ќе се држи до нивниот заеднички музички стил, што во суштина мене ми се допаѓа. Уште, да искоментирам за шминката и стајлингот на изведувачите, мислам дека во најголемиот број случаеви беше соодветен на самата песна која ја изведуваа. Таков беше случајот и со Илма. Знаеме, дека голем дел од девојчињата уште како помали, по дома, си ставаат кармини и носат потпетици од нивните мајки, и нема ништо лошо во тоа се додека е во рамките на границите и играта, и под надзор на родителите, секако. Сепак и ова шоу е на некој начин игра, и треба да се експериментира, но дотаму, до каде се согласува самиот изведувач. Јас како што можам да забележам, Илма постојано е придружена од нејзините родители (што е за почит!), и ако веќе се согласила за таква појава на сцената, немам ништо против. Ова ми е прво гледање на нештата, што не значи дека понатаму истото нема да се промени. Се надевам дека шоуво ќе се развива во нагорна линија и дека сите критики од страна на гледачите ќе бидат благовремено прифатени и исправени. Пример, нека земаат од Даниел кој после многуте коментари да зборува на македонски јазик, синоќа тоа и го направи . Но, немам ништо против да зборува и на српски. Право, на сопствен избор.
Спојлер Аха, зборете сега дека Даниел е најдобар, а кога пееја во групи и кога пееше на македонски први бевте да го изругате... Еххх македонче... Да не мрчам, туку да си кажам дека дечково е нешто што се вика светско, а наше. Што би рекла Емина, феноменално. Шала на страна ама поголем професионалец немам видено. Си дојде, си испеа, им ги собра сите гласови и си замина. Тоа е тоа што јас цело време зборев дека има голема разлика од Даниел до некој друг. Значи не е само да имаш талент, треба да се однесуваш на сцена, да пратиш камери, гестикулации, да имаш контакт со публиката, да пратиш музиката, да бидеш опуштен, а не да се напнува публиката и на секој тон да очекува грешка. Тоа е таа професионалност и талент. Што дека Иван и брат му пееле по кафичи и имале искуство, кога излезе на сцена беше како првооделенец. Џабе е. Даниел три години работел градежништво и не пеел, па сега застана и растури. Или имаш талент или немаш, трето нема. Не е само застани и пеј како одвај да чекаш да заврши песната. Искрено таков ми беше Младен. Колку и да има глас, не ме привлекува. И не мислам на физички изглед туку не ме привлекува како пејач, јас лично не би отишла на негов концерт. Тромав ми е, некако како да го мрзи да пее, еден тон висок и он како да се изморува. Плус ако реално гледаме Младен вчера навистина не испеја убаво. Имаше премногу трема и беше превозбуден. Не ми е јасно како може некој музички стручно поткован како него да си дозволи такво издушување во тек на пеење. Како воопшто да не знае со дијафрагмата. Е сега, ако би бирале помеѓу него и Фифи и Маринела, мислам дека тука нема дискусија. Тие две не заслужуваат да бидат таму. И тоа е факт. Иако Фифи се гледа дека има малку повеќе талент од Маринела ама ништо посебно. За другите не сакам да коментирам зашто искрено освен Илма сите други ми беа како исплашени. Алекса ми е чиста просечност и не знам уште колку време мисли да се вади на намигнувања и флертувања ама гледам му успева кај тинејџеркиве. Е сега Лукијан е ок, иако претходно не можев да го смислам ама се покажа доста снаодлив со оглед на тоа што му ја згрешиле матрицата. А групите под итно дома да си одат. Превештачки ми се некако и колку и да сакаат да ги направат нешто блиски и професионалци не можат. Знаат да пејат ама просечно, ништо воодушевувачки како на пример Илма кога ќе застане на сцена или Даниел. Исто морам да кажам Тамара ме разочара. Како и свират таа така игра. Ја направиле бетер од бугарска певаљка. На неа и лежи нежност, и лежи емоција, а не тра ла ла и тигрест принт. Има талент ама ја уништуваат. Тоа може скапо да го плати ако не застане со став и да каже што сака и што е она. Се' на се' Даниел е најдобар заедно со Илма. Не дека е наш ама стварно е најдобар. И мислам дека ќе има доста изненадувања понатака како што беше испаѓањето на Младен зашто тука веќе решава публиката, а не жирито и затоа не треба да се чудиме. И, ќе заборавев, девојките беа сите утнати со шминка и стајлинг, катастрофа, додека машките беа супер и си се држеле до себе.
Вчера, во емисијата, убаво нагласаа дека редоследот на читање на изведувачите, нема да биде според бројот на гласови. Тоа што Даниел го прочитаа прв дека поминува понатаму, не значи дека имал најголем број гласови. И јас, искрено, не знам како некои сајтови може да објавуваат непроверени информации. Не само во овој случај, но и во мал милион други.
Женски вчера го приметивте Маид се шатирал.Мене многу ми беше смешен А,и тој рокерот се направил розев,виолетов што ти знам јас.
Вчера сите беа најдобри, како професионалци пееја. Некои кои можам да ги издвојам се: Даниел Кајмакоски- немам зборови за него едноставно предобар е, Алекса Перовиќ- убаво пее а и ептен ми е симпатичен, Илма (иако и јас сум во групата што мисли дека е премногу млада за ова, ама преубаво пее) и Докторите ми се интересни. А, да и Младен Лукиќ има убав глас, само еве сега не ми се допадна многу како испеа, премногу издишуваше и се слушаше тоа на микрофонот. Се‘ мислам дека го исфрлија заради неговиот изглед, ете и јас мислам дека не е нај-нај ама па убаво пееше. Млади луѓе во публика не им се допаѓа и не гласаат за него. За Фифи и Маринела, повеќето зборуваат лошо за Фифи бил(а) трансџендер и не знам што, ама мене баш ми се допаѓа како пее, дури помоќен глас има од Маринела. Барем јас така мислам и сигурно не сум единствена. Едвај чекам да дојде наредниот вторник.