Даниел НЕМА најмногу гласови. Славко потенцираше дека редоследот на читање нема врска со бројот на гласови. Душа беше, колку убав настап, едно мило човече со ѕверски глас. I'm loveing it! Илма колку ми беше смешна со коментарот - “Да, Кристина е во право, она мислеше за текстот на песната, дека е премногу сериозен и не доликува на мојата возраст...“ А црвениот џиш кармин доликува? И шо и е филмот со коментарите од нејзина страна после секој коментар од менторите, водителите и слично... Нема потреба да се докажува или да се труди предвреме да созрее... мое мислење. Маид шо се направил ко папагал? Многу ми е срцка и сакам да се врати, ама нека се префарба, жити ја. Младен не ми е јасно зошто не го пушти тој глас... цело време како да се стегаше. Зошто? Он поседува гласиште, зошто го штедеше, не можев да сфатам? Менторката Кристина така ми беше антипатична...Само коментари без потреба... За Снежа немам коментар, зошто она мора да е водител од МК? Имаме многу подобри ние, Марко “Дај побрзај“ на пример. Ем нема да е досаден и антипатичен, ем ќе биде забавно со него.....
Ајде и јас да прокоментирам.Морам да ги пофалам организаторите значи ептен добро изгледаше сцената и танчерите се е многу добро вклопено. Мене во топ 3 ми се Даниел, Илма и Лукијан но синоќа позитивно се изненадив и од Алекса не очекував толку добар настап од негова страна, Емина направила добар избор со песната, во право беше Кристина со нејзиниот коментар да оди во Шпанија ќе биде многу популарен.Се разочарав многу од Младен, значи многу добар вокал е но неговата индеферентност кон сето ова шоу не ми се допаѓа, се однесува како да му е сеедно дали ќе помине или не.Дури не е ни честита на Александра.Исто и 4U ме изненадија, едно големо браво за Кристина, јас не сум некој огромен фан на Кети Пери но Roar прекрасно звучеше, исто така и Докторите беа многу добри.Маја мислам дека нема далеку да стигне, незнам мене како лик не ми е интересна иако е добар вокал сепак многу е пасивна.Харис е срце, многу е мил, културен и срамежлив а и предобар глас и се надевам дека ќе има шанса да покаже се што знае.Многу ми е мило што Емина се залага за него.H20 не ми се допаднаа многу, Фифи ја вади Маринела инаку да не беше таа, Маринела одамна ќе испаднеше.Тамара мене со првата изведба само ме воодушеви, песната што ја пееше овој пат беше многу лош избор а и карминот не и беше потребено.Без шминка ќе изгледаше многу поубаво.Даниел - светско а наше, совршено.Се надевам дека ќе победи иако реално има јака конкуренција.Илма и Лукијан исто така има прекрасен настап. И да од овие четири се надевам дека ќе влезе Александра бидејки ме воодушеви со нејзината изведба на Dај ne pitaj и подобро она да влезеше отколку Тамара.Ако не Александра би сакала Јана и Лука да влезат.
На кој број и како треба да се гласа за овие што испаднаа во куќата на судиите? Сакам да гласам за Маид
Vratimo Maida Hecimovica u X factor! Jer Maid Hecimovic to zasluzuje! Glasajte tako sto u SMS poruci upisete broj 16 i posaljete na broj: BIH 091414404 SRBIJA 3113 CRNE GORA 1450 MAKEDONIJA 141345 Hvala na podrsci
Овој пак ... Толку ми е мачомен-wanna-be, не можам да го поднесам. Претерано многу ме потсеќа на Хихо-рингла, посебно во начинот на „манипулирање“ со женскава популација. Шармер, мај ес.
^^ Зoшто бе такво мислење имате сите? :'( Баш врска нема со Кико ринглата. А на фејсбук не можи да се гласа пак?
Па таков си е, иста мостра се и двајцата, само што Алекса можеби малку подобро пее, а овој другиов си мисли дека пее. Не ми е нешто посебно, навистина не знам зошто толку го исфорсира Емина.
^^ Не шо е харизматичен е стварно реално да збораме Кико ринглата 0 е спрема овај. Има преубав глас се виде по изведбата од вчера
Таа Снежана, водителката, не ве иритира малце? Јас мислам дека ќе прекинам да го следам шоуто само поради неа. Мислам дека поодвратна водителка не ќе можеа да најдат. Не ми се верува дека не помина Младен. Па човекот пее поубаво од сите тие таму, и тие што поминаа и жирито заедно. Може тој стил на музика не му лежи ама на крај краева не е тој крив што ја доби таа песна, нели менторите ги даваат песните? Па ова не е фер. Повеќе не коментирам за ова. Се разочарав.
Се сложувам со тебе за се! А и на крај и краиштата според мене треба да има друго жири што ќе оценува по глас и талент, а не со предрасуди како што прави Жељко. А и нај фер би било коа жирито би одлучувало кој ќе иде понатака и кој ќе подеби, барем според мене.
Ги прелисстував коментарите по социјалниве мрежи и она што заклучив Ми се чини дека гласовите на маливе девојчиња ќе одлучуваат кој до каде ќе стигне,очигледно освен што најмногу коментираат(во поголемиот дел без никакво музичко познавање,само визуелно перцепирање ) најмногу и гласаат па капак на се и право по 30 гласа Свесно играње од продукцијата,знаат дека тука најмногу ќе загризаат тинејџериве и одлично организираното босанско гласачко тело.Пе ете кој ќе тера до крај или кој е потенцијален победник. Просечната публика,неутралните гледачи и оние што подобро ја познаваат музиката веројатно нема ништо да одлучат.За пример се земам себе,никогаш не би праќала 30 пораки за некој(макар и да е Даниел кој е наш и кој ми е апсолутен фаворит),ем што не можам да си дозволам,можеби 1-2 пораки. Алекса убаво момче,талентиран,ама аман женски не ја разбирам вашата фасцинација од него.Побогу зошто такви трансови.Како восочна фигура ми е Тука Емина многу итро постапува,игра на таа карта на негов флерт со тинејџеркиве која далеку ќе го однесе. Илма несомнено е најдобра вокално според возраста,мислам дека што и да отпее би звучело добро,само и понатаму сметам дека е премала за ова натпреварување(заедно со Харис) и дека пресериозно го сфатила сето ова.Ме потсетува на Rachel Crow XFUSA,тие што гледале знаат за девојчето и како реагираше кога неочекувано испадна.Шминката никако не и беше прикладна,но тука ги обвинувам стилистите не неа. И да,за разлика од коментарите за Даниел од соседството кои скоро сите се позитивни,само нашата "влијателна" твитер заедница собира поени на подсмев со него,души напатени Чест на ретки исклучоци.Нити прочитав некој од колегите тука да го пофали и да го поддржи,како што некој рече,се плашат лебот да не им го земе,додуша не ни имаме естрада реално гледано.
Мене овој што испадна ми беше крајно антипатичен. Многу ми е мило што поминаа Даниел и Илма и многу би ми било мерак некој од нив двајца да победи затоа што се навистина најдобри. И евентуално Маид ако го вратат. Во куќата на судиите требаше Маид место Младен да помине ама тоа е тоа нема везе. За Снежана нема да коментирам, многу е антипатична, а и новиов водител. Покрај толку искусни и добри водители него го нашле. За Bezzimena познавањето на музиката нема никаква врска со тоа дали некој ќе гласа или не и секако дека ќе одлучат затоа што знаат да препознаат талент. Да најмногу гласаат тинејџери, но секако дека има и гласачи повозрасни, блиски роднини и пријатели на натпреварувачите и сл. И Фифи исто така според мене поубаво пее од таа другата девојка и заслужува место во финалето иако мислам дека нема да добијат целосна поддршка.
А не знам дали го имате видено видеово, случајно ми излезе на Јутјуб. И од каде излезе воопшто нели Даниел пееше друга песна пред Тони И Жељко? http://www.youtube.com/watch?v=L9F2JqgbHWM А вчера прекрасно испеа закон е значи. И Илма ми испеа убаво, се занесувала или не, стварно има прејак глас. А останатите така просечно, никој да те воодушеви, што јас мислам дека е до менторите, а не до нив стварно не знам повеќето од песните од каде ги извадија, од нафталин ли, од каде појма немам.
Абе луѓе зошто викате дека Даниел немал најмногу гласови? Јас вчера кога гледав сфатив дека он има најмногу гласови и затоа го прогласуваат прв, а другите ги кажуваа по измешан редослед независно од бројот на гласови. Мислам дека водителот кажа и убаво напомена "Натпреварувачот со најголем број на гласови е Даниел". Ај да сум гледала сама дома, ќе речете дека не сум слушнала убаво ама гледав со уште 5 души и сите исто слушнавме. Не знам, ме замисливте па сега. Ако ја дадат снимката некаде, ќе можеме убаво да видиме.
Мислам дека Не рече водителот такво нешто, прво рече дека редоследот не зависи од бројот на гласовите, а потоа само дека поминал Даниел.
Секој натпреварувач во куќите на менторите пееја по 2 песни, а ние имавме можност да слушнеме само една. Откако Жељко ги одбра кои три натпреварувачи продолжуваат понатаму на Сител во X Patrola мислам дека беше, ги дадоја и другите песни кои ги пееја натпреварувачите кои продолжија понатаму. Тогаш Даниел ја пееше Громови на душа - Тоше Проески.
Немаше врска што го кажаа прв Даниел со гласовите, баш пред да почнат со откривање водителот нагласи дека редоследот по кој ги чита нема врска со бројот на гласовите. Обично не кажуваат кој колку гласови има. Само во првата сезона на американскиот така правеа и изгледа немаше некој ефект, не беше интересно, па го укинаа тоа. Или во втората беше изгледа, тој краварот кога победи.