Мене ме изнервира она со Фифи и Маринела,воопшто не им се совпаѓаат гласовите.Секако секој со различно мислење,но тоа од нив ич не ми се допадна.
Леле песнава е преубава насвистина.Не знам како порано не бил човеков приметен. Текстот е супер а,гласот исто така.Многу ми се допаѓа.
И Младен и Александра беа супер на свој начин, да го тргнеме настрана фактот што физички не ни` се допаѓаат. Ако збориме за понашање на сцена, штом Лукијан остана човече, можеше и Младен да остане. Имаше многу полоши од него.
Jaс не се ни сомневав дека Младен поинаку ќе се испонаша. На вторите аудиции колку го провоцираше она слаткарчето или шо беше по струка, па он си остана ладен ко шприцер, а тој си замина дома уште тогаш.
Дали Даниел е сериозен што ја прикачил сликава? https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater
Даде, како не даде, на Даниел беше странска. Мене па баш ми е криво што го сменија водителот, мене ми е интересно човече, ама нели на се’ мора да се приоѓа со навреди и мрчење. И јас да бев ќе си заминев. Ајде сега гледајте си го Влада Станоевиќ или и тоа ќе ви пречи. На се да се мрчело значи. Сега среќни сте!?
Оној Славко кој испадна во групата на Жељко уште во Judges houses беше поставен за водител на Live настапите.Сите гледачи почнаа да мрчат дека бил за нигде и изникна вест дека има нов водител.Мене водителот ми е океј и колку што разбрав од продукцијата на X Фактор рекле дека водителот не го смениле. Мислам дека тоа му е лажниот фан пејџ.
Видеа од учеството на Даниел во бугарското музичко шоу "Пей С Мен" [2008] http://vbox7.com/play:be93c487 http://vbox7.com/play:06f1ccc0 http://vbox7.com/play:63ca4157 http://vbox7.com/play:4caa80a8 http://vbox7.com/play:e26d0bea
Конечно да најдам време да си пишам коментар за некни оти имам доста за кажување. Прво,водителот е ужасен.Од толку добри водители например како Андрија Милошевиќ,овој најдоа да го стават,ај нека си тера тоа актерската работа. Бината не беше толку лоша,ама сепак мислам дека требаа да најдат поголем простор. Не ми се допаднаа коментарите на жирито,секогаш се повторруваа тие исти коментари :„Феноменална/ен беше“,„Одличен избор на песна,пофалби до менторот“,„Одличен стајлинг“.Некоја стручна критика не слушнав. Исто и стајлингот кај некои натпреварувачи не ми се допадна.Чист пример е Младен,пее сериозна песна а тој на сцена доаѓа со раперско капче,безвезално ми е.И да,црвениот кармин.Значи имаа скоро сите,освен Фифи,Маринела и Маја,исто и тоа не ми се допадна. Незнам жириво кај го гледа тој „икс фактор“ кај Александра Бркович,мене нејзиниот глас ме иритира а фаците што ги прави се бонус. Младен има страшен глас ама ич не е харизматичен,дури и на моменти ме нервира.Не ми е криво што излезе,иако повеќе бев за Харис да си оди. Харис воопшто незнам како догура до овде,нема ни глас ни изглед за еден финалист на Икс фактор.Гласот му е во турбо-фолк стил,само за народњаци,сега сфаќам зошто Желката на аудициите му кажа да пее севдалинка.Се надевам дека во вторник ке излезе. Женскиов бенд заедно се одлични,единствено плачката Катерина штрчи,нема ни глас ни понашање.Другиве се солидни,малата Теодора каков глас има,браво. Илма е можеби премногу форсирана,но глас има.Не ја гледам како победник на факторов,од причина што нема никакви шанси за кариера веднаш после шоуто бидејки има само 13 години. Алекса верувам дека го користи надворешниот изглед за да успее,а и добар е во тоа,еве пола од тинејџеркиве се напалени по него.Сепак се гледа дека го сака ова,кога пее внесува голема емоција,го приметив тоа уште на аудицијата.Не верувам дека ке излезе за скоро. Маја не ја обожавам,мислам дека ја форсираат како Маринела поради татко и.Многу рамнодушно ми се однесува,а и не е некој преголем талент. За Фифи и Маринела нема воопшто да коментирам,се е кажано страници наназад.Преисфорсирани се а Маринела е нула од талент.Се извадија оваа емисија,но нема за долго. За Доктори искоментирав веќе,али ајде пак ке кажам.Прекрасни се,имаат некоја хемија меѓу себе и ме воодушевија со настапот во Judges' houses а и со овој.Ги гледам во топ 3,навистина заслужуваат. Народов уште ги држи еуфоријата од Тамара од аудицијата,и си мислат ајде ќе растури сега.Ама не,гласот не и ништо посебно,дури и просечен и е.Лош избор на песна и стајлинг,а и веќе не е фаворит за победа како што беше порано. Лукијан е голем талент,гласот на моменти ме потсеќа на James Arthur.Дечкото е многу талентиран,исто и него го ставам во моиве топ 3.Се надевам ке догура до финале бидејки заслужува. За Даниел речи су сувишне,ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА! Морам да го искоментирам и жирито накратко: Emina wannabe Nicole. Zeljko wannabe Simon. Кристина и Кики за сега се добри.
Поради бројните лоши коментари, кои следеа по водителското фијаско на првата емисија во живо на поранешниот кандидат во шоуто Славко Калезиќ, продукцијата одлучи да го замени и наместо актерот да постави вистински водител, пишува српски Курир. Ова е новиот водител на Х Фактор Адриа Го знам, водител е на Пинк и можам да кажам дека дечкото е профи и супер ќе се снајде.