Ам аман бе па како мене не ми е јасно кај е Марија Ичкова? а сите четири кажаат збор за гласање т.е ДА а ја немат !!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Мој фаворит е Даниел а Фифи воопшто немат убав глас не ради пол туку за гласот кажувам... а а а Хариссссс ? толку е сладок и имат убав глас и исто и Илма и уштеее еден плав ама не знам како се вика :/ БРАВО ДАНИЕЛ ги воодушеви срцка
Марија Ичкова во бут кампот не ја исфрлија,во тие првите групи Б и Ц(или како беа) помина и пееше и тогаш и рекоа дека не поминува,тогаш стварно лошо испеа. Поздрав.
Немојте така за имењачката бре! Срам да ви е! (шала) Мене па многу ми е харизматична и од почетокот ми беше една од фаворитите и мило ми е што дојде до финалето.А сите заедно тие 4те девојки имаат сложни гласови и преубаво пеат. Така да ја би сакала да останат до крај бар 5ти да се.
Па и треба да го сменат. Водителот на шоуто баш треба да биде освежување, а не 007 што песничката научил напамет. Водителот треба да биде полежерен, да владее со сцената. Да има хумор, шарм и харизма. Да внесува забава во шоуто, да ги зафркава жирито, малку смешки и поинтересно да биде. Влада е добар избор.
Дали само јас го приметив ова? Ме изнервира однесувањето на Славко кога беа дуетов H2O. Мислам ако веќе мора да ги прегрнуваш натпреварувачите, прегрни ги сите. Ако ти пречи некој поради нешто, не дозволувај да се почувствува дискриминирано, туку прибрано однесувај се со сите членови на групата, без прегрнување. Мислам, од видеото погоре што е од целата емисија од 3 саати, почнете да гледате од 1 саат и 42 минути и се` ќе ви стане јасно за што зборам. Непрофесионално, крајно непрофесионално.
Баш истото го приметив.Кога Фифи го прегрна овој се праеше како ништо да не се случува и ја одбегнуваше.Иако имам океј мислење за водителот ова страшно ме изиритира.
Сега пребарав не поминала во првите ја исфрлиле моја грешка. Не знам ни јас зошто не помина,сега видов со друга се препознав јас една у жолто. А супер испеа,ама тоа е...
Што се чудите што го исфрлија Младен ? Балканов е преплавен со турбофолк,грандовци...зарем очекувате да препознае вистински талент? Мене Младен ми е далеку од харизматичен,но има некој глас кој смирува,со задоволство да го слушаш. Од друга страна пак Александра има многу моќен вокал,и многу погрешна експресија на емоции.Премногу вештачки делува,воопшто не ми се допаѓа како изгледа на сцена. Лично мене ептен ме напнува кога ја слушам,како во секој момент да чекам да утне...Само моќен вокал,ништо повеќе.
Сега го погледнав уште еднаш делот каде што водителот ги кажува тие кои поминале понатака. Така што, дефинитивно Даниел не е тој со најголем број на гласови. Барем водителот така кажа, дека редоследот на прогласување незначи дека е по бројот на гласови. Моја грешка, признавам. Е сега се прашувам што сме слушале ние дома таа вечер. Знам дека фамилијарно немаме проблем со ушите. Може од возбуда за Даниел.
Мене Тамара Милановиќ ми е фаворит Нема врска што е „одвратна“в(а не е ) кога сите тамо ги шиша во пеење
А што се однесува до коментарот на Мартин Вучиќ... Ок до некаде има право,ама па какво реноме има Охрид фест сеа да бидеме реални? Колку луѓе го пратат? Каков квалитет има? Мартин зборува небаре за Сан Ремо!!! И кој да го примети? Ние немаме менаџери во државава за жал,и самите глеаме дека пејачиве ни тапкаат во место,не можат кариера да направат низ Балканов па камо ли пошироко... Ова му е одличен потег што се пријавил на х фактор,бар ќе го запознаат повеќе луѓе од цел Балкан па можеби ете ако има среќа ќе има понуди некои за сериозни соработки! Потребен е само добар менаџер за него некој како Љиља што работеше со Тоше,со контакти и врски,да го пробива... Што е до него верувам дека ќе напредува само се повеќе и повеќе!
Имам многу да кажам, ама ке пробам да скратам.( ако успеам ) Како прво,многу се изнервирав затоа шо Марија не ја примија понатаму и отпадна уште во тие четирите групи А,Б,Ц и Д. Ако можеше да помине Илма со 13 години, така можеше и Марија со 15 год. Ама ајде не е Илма крива тоа е тоа. Кога сум веќе кај Илма и за неа да си кажам шо ми лежи на душа. Прекрасен вокал, од емисија во емисија се повеќе ме изненадува, а исто така и јас имам приметено дека родителите секогаш и се тука, и тоа воопшто не ми пречи. Можеби малку претераа со изгледот на првиот настап во живо, ама пак ке речам тоа е тоа. Нас ни останува само да си го кажеме мислењето. Харис ми е исто така океј, супер гласче а и не ми е антипатичен. Според мене може да продолжи понатаму. Тамара, не знам зошто сите го искритикуваа нејзиниот настап и стајлинг на првиот лајф, кога мене многу, мнооогу ми се допадна. Можеби е така затоа што на сите ни остава впечаток на нежна и препречувствителна девојка.(Што е океј според мене). Има убав, висок глас, и исто така и за неа мислам дека може да продолжи понатаму. Алекса ми е шармантен, харизматичен и убав дечко, ама не можам да се пофалам дека ме воодушевува со гласот. Не знам зошто сите девојки се залетани по него, кога не е ништо посебно. Факт е дека ќе ми биде жал ако испадне, ама мислам дека нема некој Х фактор. (простете женски ) За Александра мислам дека има многу моќен глас, х фактор - тоа сигурно и пример би отишла на некој нејзин концерт( што значи има каква-таква харизма). Многу ме иритираат фаците што ги прави додека пее, некако како да и се вештачки. Во секој случај и за неа гласам да оди понатаму. Лукијан..Уште се чудам како не го забележав на аудицијата. Преголем талент, супер вокал, шармантен е, не е антипатичен и мислам дека има х фактор. Може е срамежлив, и делува како да е несигурен и како да се двоуми, ама мислам дека тоа му се само надворешно. Многу ми се допаѓа. Групите, што се кај Кристина, нема воопшто да ги коментирам. Сите од таму ми се фаворити и сметам дека треба да продолжат понатаму. За Даниел немам зборови. Едноставно речено - совршен во секој поглед. Маја, оваа што е ќерката на Луис не ми е нешто посебно и не ја сметам за мој фаворит.Многу добро испеа на аудицијата, ама од епизода во епизода наместо да станува подобра, таа како да ми тоне надолу. И покрај тоа шо Жељко многу ја фали, мене не ми се допаѓа. Не гледам некој голем х фактор во неа, ако воопшто го има. И за на крај ќе го искоментирам Младен. На аудицијата не ми текнува како испеа, ако воопшто го гледав. Меѓутоа, во bооdcamp дефинитивно ми стана антипатичен, бидејки поради него не влезе Никола Паунович во куќата на судиите. Сега кога го гледав на првиот настап во живо, малку ми падна жал што тој испадна, ама сепак некој мораше да испадне.