Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ако е ова точно, ФАЛА БОГУ!

    Извадок од бркајработа.мк
    Водителот на Икс Фактор доби отказ по само една емисија.


    Поради бројните лоши коментари, кои следеа по водителското фијаско на првата емисија во живо на поранешниот кандидат во шоуто Славко Калезиќ, продукцијата одлучи да го замени и наместо актерот да постави вистински водител, пишува српски Курир.
    - Иако продуцентите мислеа дека со новото лице ќе се освежи шоуто, лошите реакции на публиката покажаа дека направија грешка во проценката. Експериментот имаше контраефект, па за да ја поправат грешката решија што поскоро да го ангажираат проверениот водител на „Пинк“ – открива извор близок до продукцијата.
    - Точно е дека контактираа со мене и јас сум среќен што ќе бидам дел од најголемото светско музичко шоу – потврдил познатио српски водител Станојевиќ за таблоидот.
    Од продукцијата, пак, засега тврдат поинаку.
    - Славко Калезиќ останува водител на шоуто. Новата регионална ѕвезда ќе продолжи да го води „Икс фактор – изјавиле тие на прес-конференцијата.


    Знаете вие нешто за ова?!
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мене не ми пречи водителот...освен што има глупа фризура. Но, не дека фризурата нешто менува.
    Но, и не ми е битно дали ќе го сменат. Сеедно ми е.
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Savanah

    Savanah Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Читнав и јас на фејсбук дека демек добиле многу негативни критики и дека ќе го сменат водителот,но кога веќе го менуваат него треба да ги сменат и оние двата од бек стејџ оти ни тие не се нешто подобри од него :!:
     
  4. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    http://www.youtube.com/watch?v=bn3N0tOEae4
    Баш ми е жал што Стефан прерано го напушти натпреварувањето, а толку добро пее во споредба со некои кои се уште се учесници како што е Фифи!
     
    На tessie и Elennaa им се допаѓа ова.
  5. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Нека остане освежување е.. Ако веќе сменуваат и другите 3 под хитно да одат со Снешка на чело :puke:
     
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Стварно, шо стана со детево?Во регрутниот камп да не испадна?Јас не го видов ни таму а стварно убаво пее.
     
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    Поради она што се случи во првиот лајв, го мразам делот кога гласа публиката.
    Секогаш е крајно не релана и не објективна, 10% се реалните гласачи, останатото се или напалени клинки или роднини и пријатели.

    Мислам исходот беше катастрофален, поминаа групите на Емина и Кристина, кои се инаку најслаби, а во двобој Александра и Младен кои се едни од најдобрите вокали на шоуво.
    Па сите три групи не им се ни до колена бре и двајцата можат часови да им држат по пеење, а Младен и по однеусвање. Позитивен лик, културен, достоинствен, воспитан, може да им одржи лекции и за однесување по пат.
    Страшно да поминат едни Фифи и Маринела, кои се чисти катастрофи заедно со Лукијан, па толку фалширање немам слушнато ни од самата себе. Маринела ја форсираат родителите, а Фифи се шлепа со неа. Однесувањето на Лукијан не сакам ни да го коментирам како од Марс да е паднат.
    Уште кога ги бираа за во полуфинале кажав дека Емина направи многу лош избор, требаше Коковиќ и рокерот да поминат, а не Харис кој е дете со мутирачки глас, Лукијан просек изгубен и третиот дечко незнам како се вика кој исто не е ништо посебно.

    Друго не ми е јасен начинот на гласање, многу е нормлано да поминат Доктори кога тие имаат за 5 пати повеке гласови од некој што се натпреварува индивидулано, нека се натпреваруваат како група, ама нека испаѓаат посебно. Вака тие ке одат до крај, не им требаат фанови, тука се 5 фамилии, 5 комшилука, 5 различни друштва...доволно е.

    Сепак покрај Даниел и Илам сите делуваат просечно, објаснија на првиот лајв и мислам дека тука треба да заврши шоуто.Како почнало очигледно ке има мн потреслци, ке ни врши публиката тортура со Фифи, Маринела и компанијата. Релано е групите да испаѓаат една по една, па групата на Емина.
     
    На LilBaby и Nephertiti им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат вакви изјави,и сега што Македонија е крива што тој мораше да работи на градилиште? И веќе аман со градилиштето ептен отупеа,луѓе се задоволни и со работа улици да чистат само да имаат работа,о овој градилиштето пак градилиштето :@ да стварно е тешка работата ама пак не е единствен само тој што го работел тоа,згора на се е многу платена работа,што не се вратил во Струга такси да вози сигурно ќе бил позадоволен а можи ќе добиеше поголема поддршка од МКД ;)
     
  9. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам но,ќе те замолам да ми дадеш линк од статијава. :)
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Групи како такви мора да постојат, не можат да се двојат, сносат одговорност како група ако испејат лошо/добро или ако испаднат/победат. Точно е дека нивните гласови се 4 или 5-кратно повеќе од останатите, ама едноставно е така.
    Уан Дирекшн како победи во 2010 на Х фактор и како станаа атракција? Поради тинејџерките кои не се никаков меродавен фактор за проценка на некој изведувач.
    Досега машкава група ми е ок со настапите, се друго од групите е пропало.

    Мене ни Маја не ми е нешто посебно, едноставно од првата аудиција ми е просечна, не гледам ни Х фактор ниту нешто што би ме паднало од столче кога ја слушам.

    И да споменам за Даниел нешто. Не знам зошто изјави дека не снимал никогаш песна, немаше потреба од лага кога јутуб има пар снимки од него со негови авторски песни.
    Јас таа песна од Охрид фест ја знам, на Антена5/Фортуна ја пуштале доста време, и никогаш не сум знаела кој е изведувачот.
    Не знаела да го цени? Па освен за сеир, кој наш фестивал има некое реноме? Кој фестивал вреди да го гледаш затоа што песните имаат некоја вредност, нешто што ќе остане?
    Од 2004-5 навака, фестивалите се ужас невиден, нормално дека Даниел ќе си останел анонимец.

    Х фактор ќе му отвори многу врати, со самото негово појавување рејтинзите на јутуб на авторските песни почнаа да му растат, мааааалку треба за да те дознаат луѓето. Али ако не најде асален тим после Х фактор, пак ќе си се врати на старото. Толку трае инстант славата.

    За мене најдобра продукција во МК е Авалон, ако веќе сака да се врати во МК (нема да има никаков аир од тоа), можат да разговараат, само што Авалон не е треторазредна продукција, не прима секој во неа, ама вистински успех само со нив може да направи, не со останативе кај што е собран цел шунд.
     
    На anuskaNESTLE и Elennaa им се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    Апсолутно е во право.

    Мислам дека тука не е ни ставен акцент на неговата работа во градежништвото, туку на тоа како Македонија сама брка свои таленти, преку форсирање на една Лила, Зоки бејбе и слични ним амеби, пола луѓе, пола ништо.
    Даниел пробал да се пробие, мислам дека и има своја песна, но народот е слеп и глув за вакви таленти, па простор во медиумите им се дава на горе споменатите лица.

    Даниел убаво заклучил, тука нема иднина, тука нема успех и подршка за вистинските вредности. И баш ми е мило што се појави на икс фактор и им одржа лекција на секоја особа од оваа наша мизерна естрада, која неможам ни да ја нарачем естрада, зошто не е. Одлична отскочна даска за него, сигурно ке има кариера после шоуво и тоа верувајте ми во Србија, зошто враќањето во Македонија пак ке биде катастрофално по него и разочарувачки.
     
    На Lolo5, iloveyou29, Ilinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Отвори КУРИР таму ја имаш статијата

    Oblace1
    и овде и скоро секаде каде што се спомнува и појавува Даниел мора да се нагласи дека работел градежништво,уште ова не беше кажано па ете и тоа го слушнавме
    Во Мкд има и други неоткриени таленти ко Даниел и сега кој побргу да подржи Македонија? Ги спомна Лила и останати,ами и тие преку ноќ не се тоа што се,не секогаш ти треба талент за да бидеш тоа што сакаш да си,некој успева на среќа и оптимизам,Даниел многу нервира со тоа што секогаш се претставува како жртва.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Го има и на курир ама јас цело го изначитав од тука http://www.mjuznews.com/nova-lica/daniel-kajmakoski-oduvek-sam-bio-zaljubljen-u-muziku
     
  14. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Македонија е премногу малечка земја за да ги поткрепи сите пеачи кои секојдневно никнуваат. Сирота таа, не може ни да постигне да препознае вистински талент бидејќи врие од квази пеачи :) Нека не и се лути Даниелчо 8)

    Башка не ми е јасен баш. Која поддршка ја сака за пеач?! Не е дека нешто научно открил.. Не му се поклопиле порано коцките, не учествувал на гледани фестивали, не го видел некој што треба да го виде, не му се погодувале песните и тоа е тоа. Ама во ред, секогаш некој друг ни е крив :D
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас пак се изнервирав, зошто Мартинијан Кириловски се откажа, пред време?
    Според мене, не вреди да се откажеш, заради некои манифестации како што се Охрид Фест, Макфест и такви некои слични. Зарем некој се` уште ги прати нив?
    Гледам дека учевствувал и во Сите наши песни. Ама според мене, со вакви некои шоуа, никогаш нема доволно да се истакне. Барем не тука.

    https://www.youtube.com/watch?v=qR3PS_gTNNw
    https://www.youtube.com/watch?v=7-ZxLd0FUns
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Јас искрено бев против нашиот учесник Филип, т.е. Фифи се дур еден ден убаво не седнав и го преслушав неговиот глас, па заклучив дека има фин распон на вокали, а добро ги владее и високите тонови.
    Немам ништо против што е трансексуалец, само ми пречи што до тој степен што му ги креваат акциите, и го експонираат како контраверзен а не е воопшто така. Бидејќи да беше на некое шоу надвор од Балканов правилата на игра ќе беа сосема поинакви.

    Што се однесува до вториот наш учесник, чинам Даниел Кајмаковски се викаше, ми се допаѓа. Прекрасна боја на глас, прецизност и точност при пеењето, поседува убава енергија и харизма.

    Се на се, да не должам премногу, фаворити за оваа година ми се: Илма Карахмет (секој збор е одвишен), Даниел Кајмаковски, и од бендот ,,Доктори'' на Кристина еден дечко на кој не му го запаметив името ама мислам дека има многу специфичен глас и далеку ќе стигне. :)
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    100% си во право
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    А што е работава, испадна или? Не разбирам..
     
  20. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски

    Изгледа Даниел не знае од каде е? Охрид па Струга :) Од таму да не почнала соработката со Каролина?