Сигурно во Бугарија се имаат запознато со Каролинчето.и јас го помислив истото и тој сам незнае од кадее дали од Охрид или од Струга,па после рече измеѓу охрид и струга,изгледа понижење му е да каже дека од некое село е
Не не е испаднат,туку тој пред неколку години се трудел да направи кариера во Македонија но,никој не го приметил и затоа почнал да работи на градилиште.И статијава се однесува како он кажува дека не го подржувале порано не е за сега.
Како не му било понижување ,па он ионака живее во Виена па такада да незнам за каво понижување зборуваш ,а инаце Мислешево е населба во Струга ,имам колешка од факултет од таму сум била кај неа на гости,зарем од Скопје некој кажува дека е е од Ѓорче ,Аеродром ... кога некој ке го праша или кажува дека е од Скопје само ,значи секој збор му се одмерува што го кажал буква по буква ....А во Бугарија сигурно прво кажал дека е од Охрид зашто моеби мислел дека таму повеке го знаат Охрид од Струга ,зашто со колешката кога бевме во Љубјана кога ке кажеше дека е од Струга речиси 80 % незнаеа каде е тоа ,па мораше да кажува дека е од Охрид кој нормално секој го знае...
Ако не му е понижување што не кажи веќе еднаш од каде точно е,еднаш е од Струга а нареднио пат од Охрид,а ти еве кажуваш од Мислешево бил (колку за инфо Мислешево е струшко село не е населба) и што ако живее во Виена? Велиш за да имаат бугарите претстава од прилика од кадее затоа од Охрид се претставил,Навистина??? Баш на Каролина и кажуваше дека е од ОХ.верувам Каролина знае каде е "населба"Мислешево или Струга.Бог знае во Виена од каде се претставува дека е нели МКД е помалку позната држава па слободно може да рече дека е од Грција или Бугарија
А Македонија е многу голема земја сега за да бара од него да зборува на Македонски ,да пишува на Македонски ,да пишува на кирилица ,да пее на Македонски ,сега ја претставувал Македонија .......Даниел баш убаво има кажано она што секој го знае што се случува во Македонија со сите вистински таленти не само во музиката ,нормално тој си кажува за неговата област и затоа има изјавено дека ако некогаш застане на свој нозе прво што ке направи е да отвори школа за млади таленти за да им помага ,зашто знае колку е тешко кога нема некој да ти помогне...
Тоа е нашиот проблем, мала земја сме и секој кој ќе излезе од тука не претставува. Ако е лош е срам за земјава, ако е добар е гордост... На вакво шоу он си се претставува сам за себе, се обидува конечно да успее во она што го сака. Не ја претставува Македонија, како мисли дека е најдобро за него така и треба да прави.
1 - Мислешево е СЕЛО, а не населба. 2 - Зошто Охрид го сакаат, не го сакаат, туку го обожаваат Бугарите. 3 - Зошто тоа е проблемот кај нас - комплекс од ниска вредност и секогаш се срамиме и го криеме нашето потекло. Што според мене е за срамење. Како се чувствуваат селаните кога нивниот соселанец не го споменува и признава своето село, туку со сила се прави граѓанин? Спојлер А, не значи дека граѓанинот е подобар или поцивилизиран. Биди човек, небитно од каде потекнуваш... А, селата од кои се срамиме се прекрасни места, живот на чисто, во природа, денес има патишта, превоз, што се вели за 5 мин. си в град...Која потреба од срамење ? Па и најбогатите секогаш одбираат да живеат во некоја населба, далеку од центарот и метежот.
Значи феномени сме. Конечно некој достоен, претставителен, културен, талентиран се појавува, не прави горди, среќни и тоа кај нас трае 2 недели. Сега влагаме во фаза на инспектори. Анализи кој е, од каде, што кажуваат комшиите за него, каква гардероба носел во 2001-ва... Абре македонче. Да си кажеше Даниел дека не знае каде е Македонија најубаво ќе беше... и онака за нашата перцепција за претставник од МКД се некој како Боки, Фифи, Накова, Фаци ... Епа чорба.
Мислешево е село помеѓу Охрид и Струга но поблиску до Струга (до Еврохотелот). На местото каде се дели патот за Охрид и Струга, кај Аеродромот. А сите ние викаме Охридскиот аеродром. Можеби заради тоа, така кажал. Инаку од Мислешево е и Наум Петрески, и не сум сигурна ама мислам дека е и Петар Нечоски, ама за него не сум сигурна.
Шоуво не е Евровизија па за да ја претставува Македонија. Разграничете еднаш засекогаш. Сите таму си се претставуваат себе. Ако победи Даниел што тоа ќе и' донесе на Македонија? Ништо конкретно, само ние како земја би добиле уште еден пејач. Он самиот за себе ќе си успее ако победи. Пример беше ова.
Браво, од ништо нешто за џабе се направи. Како прво, Даниел не е едниствен кој кажува за тоа кој е и каде работел, каков му бил животот. Сите кандидати ги прашуваат тоа. На ТВ нормално ќе ги дадат тие интервјуа- ајде така да ги наречам, за оние кои се истакнале повеќе од другите, кои ја воодушевиле публиката или влегле во подобрите. Зарем не забележавте дека и Стефан Коковиќ раскажа за неговата приказна? Ќерката на Луис, раскажа за нејзиниот живот, за татко и. Сите кандидати го прават тоа. Тоа е нивниот живот. Ние не можиме да се жалиме зошто Даниел спомнал неколку пати дека работел во градежништво. На крај краева, темава не е за да коментираме дали некој десет или пет пати ќе кажи нешто. Темава е за да се коментира самото шоу, да се коментираат настапите на кандидатите и да се искажиме кој ни е фаворит а кој не.
1.Иако многу небитно ,ама сега разговарав со колешка ми и ми кажа дека има и населба и село Мислешево за тоа толку ,иако пак ке кажам многу небитно за мене лично ....ова за тие што сметаат дека тоа е најбитното нешто за Даниел ............2.Зашто што тој што излегол надвор од оваа наша Македонија ке знае дека за Македонија подалеку од Балканов повекето не слушнале а не па за некој град ,село....туку за нив сме само Балканци ,па во Љубјана кажав дека незнаеа каде е Струга...3.Даниел ако имаше комлекси и ....најпрво немаше да постави на неговиот фб клип од настапот на неговиот татко како пее песна за неговото Мислешево ,и да каже дека работел во граѓевинина ....многу се срамат да кажат што работат по странство ,и ке дојтат тука лажат и се занесуваат
Леле стварно, луѓево се попалиле мислиш нив ги претставува. И да победи и да не победи, неговата кариера сигурно нема да биде македонски поп песнички какви што сакаат да слушаат.
Искрено да ви кажам што е толку битно дали рекол дека е од Струга или Охрид.Битно човекот има прекрасен глас и се претстави најубаво што можеше,и реално е еден од потенцијалните победници на X factor. Го гледав настапов и мислам дека цела се стопив. http://www.youtube.com/watch?v=K0qWcnnO3Ro
Во случајот со Даниел, ПР-от е пресуден. И порано имал песни, добро пеел, ама не бил приметен. Ама мнозинството од народот јаде тоа што рекламата му сервира. Ретко кој ќе ти го гугла некој кој имал помало медиумско влијание и простор, иако пеел со истиот жар, талент, го имал истиот глас и стас. Ете, тоа му се случило на Даниел, ете затоа тогаш некогаш не бил забележан. Како што и во овој Х фактор останаа незабележани многу добри вокали на кои не им беше дадено толкав медиумски простор и не дојдоа ниту до boot camp-от. И гледам жестоки дебати се развија. Секој си има свој фаворит и тој што вам ви е фаворит на другите смее да им е антипатичен пример, аман. Кога ќе се отвори да се пишува на темава, преовладува чувство ко да ти дише во врат некој додека пишуваш. Олабавете луѓе...кажете си зошто (не) мислите нешто и готово, не сега препукување.
Мене ми се мизерии порталиве и веснициве, океј е да му обратиш пажња на човекот затоа што заслужил, ама сосем друго е да го тупиш, да поставуваш слики како Даниел гушка маче и веста гласи дека си нашол љубов. Еднаш спомнал дека работел градежништво, овие секоја втора вест за тоа пишуваат. Контра ефект создаваат само, и не секој публицитет е добар. Нашиве ко што можат - никој не може, најмизерни портали имаме.
Моето мислење се однесува на Емина Јаховиќ. Навистина не разбирам што бара таа во ова шоу, најверојатно заради гледаноста, да дига медиумска прашина... Ниту се разбира таа од пеење, ниту пак разбира нешто да искоментира во врска со кандидатите. Според неа, сите се прекрасни, преубава боја на гласот имале, имаат "грув"- со кој инаку претера, не слушнав ниту еден друг коментар. Исто така не разбирам зошто зборува како да доживува оргазам во тој моемнт??? И забележав дека од судиите само таа не знае да свири на ниту еден инструмент (поправете ме ако грешам), па потоа некој од техничката подршка и бил крив, матрицата одела премногу бргу, е како за другите се беше во ред? Уште една работа не ми е јасна, зошто толку го форсира тоа детето, Харис Чато? Ма кога го слушнав како ја отпеа "Жуте дуње", лелеее ја утепа песната, катастрофа...