Прво да кажам дека обожавам вакви шоуа, посебно Х Фактор USA кој редовно го пратам, и затоа се решив и кај нас да го загледам.Имаше навистина квалитетни гласови и уникатни луѓенца, мене ми е криво нашето девојче Марија што не продолжи, навистина имаше глас, штета. Инаку пошто немам попаметна работа земав да бројам колку пати кажаа феноменално минатата емисија и стигнав до 22 и се откажав.Емина мене најмалку ми се вклопува како judge, ама тоа е.Од сите судии Кристина ми е нај океј, дава добри и реални пред се коментари. Во однос на пејачите имам за повеќето по некој збор.Харис Чато не знам зошто толку Емина го експонира да речеме, мене ми е просечен, па дури и подпросечен и сметам дека не требаше ни да помине во лајв настапи, ама тоа е.Лукијан ми е сосем океј, му ја имаше погодено песната Емина, ама мислам дека може и повеќе и дека има добри гласовни способности.Алекса, океј типот е убав, има талент, ама што знам, на моменти ми е чуден, ама да бидеме реални мислам дека ќе истурка далеку, сепак голем број тинејџерки ќе гласаат.Од групите 4U ми се просечни, од сите нив Lana Sojic највеќе ми се истакнува.Доктори се океј, мислам со тек на време ќе станат и подобри, од нив ете ми се истакнува Marko Balabanovic[дечкото ми е посебно харизматичен и срцка ].Во однос на H2O, сметам дека Фифи сама ќе постигнеше многу повеќе,има убав глас и треба да работи на тоа,но мене Маринела толку одвратно ми звучи, и многу фалшира, ќе ја влече надолу Фифи.Александра Бркович е океј,не се истакнува кој знае колку,Илма има глас, ама мислам дека Кики воопшто не и ја погоди песната, а Тамара ми е еден од фаворитите, колку се израдував кога ја пееше Someone like you, очекував дека таа ќе ја пее, и ништо, тотално лош избор на песна.За Даниел и нема што многу да се коментира, само сметам дека Македонија треба да се гордее со него, дечкото е предобар.Маја ми е океј, според мене има некој нетипичен глас, а Младен сметам дека прерано излезе, навистина можеше многу повеќе. И водителон/пејач/глумец под итно да го сменат
Јас пак да си кажам нешто за Жељко. На почеток ми беше малку дигнат и мислев дека глуми нешто, признавам, ама сега го сменив мислењето целосно. Зошто? Затоа што деновиве гледав се' живо на youtube, портали, аматерски снимки итн, ги прегледав сите можни видеа од X Factor и сметам дека од овој денешен аспект Жељко и на почетните аудиции и сега е најобјективен и навистина стручно ги дели критиките. Исто и Кристина е тука некаде ама мислам дека он за нијанса е повеќе компетентен. Нешто што најмногу го забележав на сите видеа се првите коментари на првите аудиции за сите натпреварувачи. Се' што он ги искритикува или ги посоветува излегува навистина така на live настапите и не погрешил. Имаше неколку учесници (не памтам кои) каде што рекол дека не е сигурен за нив ама им дава шанса. Истите тие потфрлија подоцна. И многу други примери за кои сега во моментов не ми текнува. Да имаше едно видео за ова што ви го зборам, веднаш ќе го постирав ама нема, јас тоа го гледав и го пратев со денови. Значи, муабетот ми е дека искуството си го прави своето, ние можеме овде до задутре да плукаме и да пишуваме дека го имитира Сајмон (и јас бев една од тие, не викам не) ама дека има талент - има, дека Е компетентен - Е, дека има искуство - има, и мислам дека никој тоа не може да го побие. Барем јас, бидејќи претходно и јас бев една од тие кои зборев дека не го бива и ме разочарал, имав потреба да го напишам ова и да си кажам дека го сменив мислењето. Инаку, друго нешто сега ми текна во меѓувреме додека го пишував ова погоре. Прочитав нешто дека требало жирито во live настапиве повеќе да ги критикува. Не може да ги критикува, не е дозволено на некој начин, затоа што тие повеќе не одлучуваат и не смеат публиката индиректно да ја наведуваат за кого да гласа. Затоа сите коментари им беа позитивни со мали незабележливи исклучоци. И не е тоа само во ова шоу, во сите вакви шоуа од ваков концепт кога ќе дојде до оној дел кога публиката гласа, жирито се воздржува од негативни коментари и воопшто секакви критики.
Тој убаво си кажа дека живее измеѓу Охрид и Струга, најверојатно објаснуваше каде се наоѓа Мислешево, но сецнат е тој дел. И добро се познава на снимката тоа. Патем мене луѓе Илма премногу почна да ме иритира, ако сите кажат по еден збор, таа мора цела реченица. Па кога им се соопштуваше кој оди понатаму како се молеше, а место нејзиното име друг ќе кажеа, правеше вештачки фаци дека се радува за нив. Преубаво пее, тоа е факт, но подобро нека отвора уста само кога пее.
Го најдов видеово,момците и Емина ја пејат Dal ona zna во Истамбул кога беа во Judges House https://www.youtube.com/watch?v=sJfISIZo3nM
Колку за информација,гласините дека водителот ке биде променет се лажни.Сликава е објавена пред 2 часа на официјалната страна на Фејзбук. Спојлер Ivica Klemenc profesor scenskog pokreta vežba sa Slavkom Kalezićem za drugi LIVE u utorak #xfactoradria
Цело е кога има се Немам коментар... http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=hqsRNoATCD0#t=0
Супер ,мене па ми се допадна Славко како водител кој водеше емисија за првпат и мислам дека сите критики за него во Србија беа највеке поради неговата сексуална определба а не заради што беше лош водител .А и некои водители кои не ми се ништо посебни или подобри од Славко го критикуваа без никаква култура и без да избираат зборови ,тоа па доволно зборува за нив повеке а не за Славко .
Па и не си далеку од тоа, сигурно има некоја друга основа што се знапнала за него толку, оти сигурно нема X- фактор.
А добро луѓе да ве прашам, кога треба да се врати еден од оние четворица што имаа најмногу гласови за да продолжат со натпреварувањето во настапите во живо? Минатата епизода само ги претставија кои се и толку. Стварно не ми е јасно.
Мхмм.. Океј, фала многу. Инаку не знам шо толку им е ќејф да ја влечкаат емисијава. Зошто едноставно не кажеа минатиов вторник кој се враќа, а кој не?
За подолго време да гледаме,за да имаат време да вежбаат. Колку што слушнав ќе си гледаме добри 3 месеци. Ќе си бидиме во исчекување...
Јас само Илма ја знам, овај Кајмаков од кај нас шо бил го имам слушнато како пеј и една со еден ептен специфичен глас, плава, претходниот пат за малце ќе испаднела. Немам многу гледано, не знам, не ми е доволно интересно, некако пребрзо ми оди, нема мн смеење и сл, ама сепак, има доста големи таленти и искрено ме интересира кој ќе победи ... И се што забележав дека таа што пееше со Фифи е ужасна. Како стигна таа до овде?
Мене лично Фифи подобро ми звучи од таа другата, Маринела мислам дека се викаше. Мислам дека некако Фифи ја вади во настапите. Таа е инаку ќерка на Џогани ако го знаеш