Малку ми е чудно што ги ставаат во ист кош за гласови индивидуалците и групите. Зарем нема за групите најчесто да има повеќе гласови. Повеќе фамилии, повеќе кругови на пријатели се во прашање...
Водителот нервозен беше заради што го исфрлија и му се пушти на Жељко. А и плус педер беше, машките сите ги испофаќа, а кога дојде до женските ниедна не допре.
Now everything makes sense. Знам кој е Џогани, ама ужасно пеј, Фифи е далеку подобра. Кога гледав еднаш како пејат си прам „Што по ѓаволите оваа се мачи?!“
Прашањево нема врска со темава ама ајде, за водици навистина ќе пеел и Даниел заедно со Жељко?Така наслушнав на ТВ за на 17-ти во Охрид
Мајка и е Слаџа Делибашич мислам по позната е од татко и. Ги погодија со Фифи некако си се шлепаат едната со другата
Леле едвај чекам утре да гледам Иначе сакам или Маид или Јана и Лука да се вратат,ама некако повеќе навивам за Јана и Лука.
Јас не ја знам Слаџа Ама Фифи пеј ДАЛЕКУ подобро од оваа, ЈАС пеам подобро од оваа ... (а јас врска немам од пеење)
Јас би сакала да се врати девојката чиј ментор беше Кики. Тој сакаше таа да продолжи но овај од Англија што беше го советуваше да влезе Тамара . Не ми текнува како се викаше ама многу убаво пееше и таа заслужи да оди понатаму
Мислиш на Александра-Сашка (така ја викаа) шо ја пееше Skyfall од Adele на аудицијата? Да, и мене ми се допадна како испеа, и јас би сакала или таа или Маид да се врати назад. И Јана и Лука ми беа интересни, ама кога би бирала помеѓу нив двајца и помеѓу Маид или Александра, повеќе сакам да се врати еден од соло-пеачиве. А и Милош ми е фаворит. Инаку, мене уште од почетокот Маринела не ми се свиѓаше како пее, дури и се чудев како ја вратија во бендовите, ама морам да признаам дека со Фифи се совпаѓаат подобро од тоа што очекував. И онака Фифи е далеку подобра од неа.
Мене се ми се чини дека работава со Илма ќе биде како со Tamera Foster.Највеќе прегледи на Youtube,премногу форсирање,премлада а премногу талентирана и на крај излезе. Искрено девојчето почна да ме нервира.Никој од останатите натпреварувачи не кажа ништо кога ќе добиеше некој негативен коментар од жирито,само таа се бунеше.Па дури си кажа дека плачела,да ја сожалуваат.
Па тоа ти е.Толку слава не е на арно. И мене почна да ме нервира. Па повеќе коментираше отколку жирито Плачела,вака и било така и било... Па и со тоа црвениот кармин на ништо не личеше.Таква шминка на 13 годишно девојче не личи. Го уништија девојчето. Дека има талент има,ама треба да дојде 2-3 години покасно. Ова сега не ми се свиѓа.
Од сите 4-ца шо се за враќање. МАИД! И никој друг. Најдобар вокал е од сите нив дефинитивно предобар глас, предобро движење на сцена, Заслужено. https://www.youtube.com/watch?v=j2pGa1EURqk Се ежам секој ден Одново и Одново... Само ако не влези Маид се ќе испотепам!
Да и јас мислам исто ,според прегледите на песните кој ги испеа на you tube гаран ќе го вратат,највеќе прегледи има И јас позитивно се надевам
Станав голем фан на Х фактор, од кога почнаа да го даваат кај нас. Знаев дека постои такво шоу, но никогаш не сум се заинтересирала толку многу за да го гледам некаде. До сега мислев дека многу добро организиран овој нашиот Х фактор, но кога на Јутјуб изгледав неколку видеа од Англискиот што беше сега, се разочарав од нашиот. Тие имаат Room Audition, потоа Arena audition, па во Bootcamp секој пее посебно. Сметам дека е предобро организирано. Судиите со коментари на место, а не како Кики го земам за пример, не знае еден коментар асален да даде. Се што ќе кажат другите, истото го кажува.
И јас се согласувам со вас дека треба Маид да се врати.Дефинитивно има некоја харизма барем јас така мислам а,има и најдобар вокал дефинитивно.
Вчера натпреварувачите имаа концерт во Нови Сад,машала доста публика имало lukijanivanovic Srecna nova godina.. Novi Sad veceras pre nastupa.. mali delic publike Едитaniel Kajmakoski liked Билките На Баба Рада Официјална Страница Има тука нешто..си водат бизниси со чаеви маеви
Незнам зошто, ама пред да дојдат настапите во живо многу поинтересни ми беа. Истото ми се случи 2ра година по ред на Америчккиот Х Фактор. Се ги гледав навивав, си имав фаворити... И кога почнаа со настапите во живо некако како евровизиски настапи ми изгледаа во смисол на сценографија,облека, шмикни да неможе човек да ги препознае. Приказната се повторува, губам интересес за настапите во живо. Првата епизода покасно ја гледав бидејки не бев дома. Видов на кратко на јутуб само за Докторите и за Даниел. А моите дома обратна ситуација дури и смешни ми се колку се пристрасни навивачи се за Даниел, како навиваат, гласаат праќаат пораки. Едит: Прееска на кратко фатив Фифи нешто кажа дека и оснесувањето на некои натпреварувачи се променило. Готово веќе помалку дружење нели што е нормално до некаде, и веќе почнале некои како конкуренција да се гледаат. Испагањето на Младен изгледа им дојде како wake up call.