Џабе шминка, облека, толку спремување..... Едвај чекам Тамара и Даниел да дојдат на ред, да видиме што ќе направат
Го чекам денот кога Емина ќе даде конструктивна критика, освен тоа - ти си фантастична/на! И да, трепки нека не им тураат побогу, коа трепкаат ладно ми доаѓа дури и кај мене.
Леле дај Емина нека не се глупира, една нота не ја испеа како што треба, фалш до фалш, тресење на гласот, никакво играње, греота ми беше што го гледав и слушав, мене ми беше незгодно. Што ви смета деколтето, има жената си извадила, на другите шоуа речиси голи одат. Цела е покриена, таман си е вака.
Шо е ова лингуров 2 пати на англиски пее,сите што пееле англиски сеа пеат српски и обратно а овој англиски си тера.Лигуш еден,стварно не е фер,на Даниел му тупнаа српска песна,а овој на англиски.Џастин нешто пробува да го имитира или да?Убаво пееше ама вечерва не,и стварно ова со англискиов не е фер.
Хах, Емина кога е за другите можела да биде објективна. Тамара исто ужасна. Фалшови на сите страни. Не знам како мислат вака шоу да прават. Да ги слушне Сајмон ќе им ја земе лиценцата.
Го дочекавме, реална, конструктивна критика и даде на Тамара. Тамара ептен се занесе, лошо, полошо, најлошо! Она што и го кажа Жељко е точно! Страмота е онашто му го рече на Жељко.
Јас реков дека нема да гледам после претходното фијаско, ама радозналост. Имам само еден коментар, кај нас на нашион идол, имаше поголеми таленти него на Икс Факторов. Наместо подобро да пеат подобро и подобро, со ментори и спремање и помош, а имаат трема поише него првиот пат, страшно лошо. Во ни еден преформанс до сега не уживав да речеш аха тоа е тоа, браво. Просечни, дури и испод просечни некои. За шминки, фризури и стајлинг, dont get me started. Па уште и ќе биле подобри од англиското и американското, мало морген. Сите до сега беа толку лоши, како прв пат да фатиле микрофон.
Тамара воопшто не ми се допаѓа,а настапов уште помалку.Се сложувам со Жељко за тоа што го кажа. Сакам да излезе вечерва.
За Х фактор најнормално сега ужасни ќе се, една песна месец дена ја извежбаа, им легна и затоа првиот пат сите беа подобри.Но тој што има талент доволна му е и една недела
Не знам за Вас, ама мене дефинитивно ми се промени мислењето за Жељко. Во однос на аудициите и сега. Тогаш премногу се воздигнуваше во облаци. Ако сите дадат да, тој дава не. Само за инает на Кристина. Ама сега ми стана омилен, покрај Кристина.
Емина не можам веќе да ја гледам колку е вештачка со понашањето, глуми некое лудило Како коментира само, мислиш во несвест ќе падне во секој момент, убаво е и така понекогаш да ти се деси, ама да биде спонтано, а не вака вештачко и одглумено. Аман жено не си Мис Универзум, убава си, ама не си само ти убава на светов, престани малце со фолирање и спушти се на земја.