Даниел нормално последен, да ја оправи на крајот работата. Докторе, ме болат нешто ушиве, ќе да е од фалш пеењето вечерва.
Ги обожавам докториве Се им е погодено...стајлингот,песната Како се сите усогласени.Браво за Кристина. За разлика од женскиот бенд ова е многу подобро.
Вака така групиве најасални испаднаа од сите. Кај докториве еден само ептен фалшираше, ама барем звучеа на нешто. Девојките исте беа можеби и најдобри до сега. Па дури и кај Фифи и Маринела се виде некој напредок и усогласување. Овие другиве сами со себе не можат да се усогласат.
Јас па мислам дека не ја слушна Оти овие баш ја испулија Кики и Кристина и буквално Кики го видов каква фаца напрај
Ххахахах,и ја тоа го приметив,па уште викам абе оваа не слушна дека и честитаа,па чекам да и кажат за да каже фала
Aleksandra ne ocekav deka ke se vrati.. Tamara super mi bese... Vo globala ne mi se sviga vecerva,iskrejno slavko mi bese podobar nz zasto ,site nekako se zbuneti, DOKTORI mi se najdobri za sega (samo nemoj da sum videla komentari deka se bleda kopija na one direction, I aleksandra brkovi mozebi na momenti pagase no glasam za nea vecerva,zosto koga ja gledam se ezamm .BRAVO ZA KRISTINA top pesni ima dodeleno !!!! Ajde DANIEL pokazi koj e najprenajdobar !!
Реин ме изнасмеа Иначе стварно зашто емина ни фала не кажа? Лета нешто во облаци таа..Добри беа докториве,ама Даниел се чека
Армин ко да е главен доктор на смена, а останативе се медицински сестри. Можат да продолжат ко бенд и после шоуво, ко бендот на Операција Триумф само што тој пропадна, а соло сите се разотидоа.
Можеби сум чудна, но Александра ми се допадна како испеа. Подобра ми е од минатиот пат... Исто така, мислам дека има необичен, но добар глас. Се надевам дека ќе продолжи понатаму. Само треба малку да поработи на грдите фаци кои ги прави додека пее. Маја, како што гледам има некој си не толку добар изговор...исто така прави и по некои грешки...На првиот настап не ми остави некој впечаток. Не пее лошо, но не мислам дека треба да биде победник... Ако го поправи англискиот (да не биде како оној на идол, „слабо е англискиот“) може да оди повисоко. Харис ќе пее песна од Џастин Бибер? Ова само ќе направи уште повеќе да ги потсеќа луѓето на Џастин...лош, многу лош избор на песна...Многу, многу, многу, многу, многу (и не, не го копирам Жељко, го напишав ова пред тој да каже), лош избор на песна. Првиот настап на Харис всушност ми се допаднаи очекував подобра песна...се надевам дека ќе помине, па следната песна ќе биде подобра. А и изведбата не беше толку добра како првата...да не речам дека беше катастрофа. Тамара...овој пат повторно катастрофален избор на песна, но многу полоша изведба...на моменти тотално се губеше и не ми се допадна. Очекував подобра изведба овој пат...но НИШТО. Леле, а очекував многу подобро да пее, една од омилените ми беше на првата аудиција...Очекувам да испадне...лошо се однесува, лош избор на песна, лоша изведба.... И, лоша, екстремно лоша шминка, како и обично. Фифи и Маринела: На првиот настап подосадни не можеа да бидат. Овој пат, малку поинтересна и пожива песна. Маринела, сеуште грдо пее, да не речам, страшно пее. Фифи/Филип, подобро пее од Маринела... на Маринелава дефинитивно не и е местото овде...како вештерка звучи. Докторите, добри. Почнуваат се повеќе да ми се допаѓаат. Прво, мислев дека ќе испаднат, но сега не би сакала тоа да се случи... Абе, какви добри? Всушност, браво! Одлични се, супер се! Во топ 3 ми се.
Не и е вечерта нешто на Емина. Прво незнае ни фала да каже ама затоа е спремна сите да ги искритикува. Не дека не заслужија да им се укаже на грешките ама страшно ме нервира што е прва за да искритикува некој а овие нејзините кои што врска немаат од пеење како на пример Харис ги брани и ги велича мислиш стварно нема подобри. Биди реална спрема сите. Со ова баражот каква каша попара направија, подобро никој да не влезеше а не вака. Од старт се фаворизираат оние што ќе се вратат и далеку полесно ќе им е. Мене вечерва барем засега никој не ми остави впечаток. Сите фалшираа и имаа исклучително лоши песни. И во овој случај не треба Кики да го критикуваме затоа што Тамара сама си ја избрала песната, а и што се однесува до стајлингот нејзин сама си кажа дека иако на сите повеќе им се допаѓа кога е природна за неа поголем предизвик и било кога е со таков впечатлив стајлинг или фризура. Епа самата си го бараше, овојпат никој не и е крив. Мислам дека треба да излезе Тамара вечерва затоа што доста се провлекуваше на стара слава.
Не бе,денес рекоа дека и е роденден и со спотот што го пуштија и го честитаа овие од редакцијата,барем јас така мислам
Харис и Тамара,катастрофа. Лош избор на песни,некако..воопшто не беа енергични. Тамара се повеќе ме изненадува,сеуште е присутна на стара слава,од аудицијата,дека песната од Адел ја испеа феноменално. Ама тука..
Дечки кој пееше после Фифи и Маринела, само Доктори? Кај мене сега реклами има А последно нив двајца ги даваа..касни многу, ама бар да знам до кај стигнал редот