X Фактор - Србија (Сител) Токму така, лиценца е лиценца и мора да се придржуваш до правилата и нормите кои ги диктира сопственикот на икс фактор, ако сакаш истата да ја откупиш и направиш такво шоу. Исто како да отвараш бутик од светски бренд си има свои стандарди и по истите ке го отвараш, неможе како ти текне така. А зошто да ти смета па баш е по светки стандарди, позитивно е тоа што не се разликува од британското, американското итн.
X Фактор - Србија (Сител) Можеби не се изразив како што треба па не се свативме најдобро.Јасно е дека имаат лиценца од Британското(од таму потекнува Икс Фактор) и дека треба да ги почитуваат правилата.Не ми смета ништо од тој аспект, буквално се си е исто а и треба да е исто имате право во тоа.Мене ми сметаат жирито бидејќи ги копираат со гестувите, коментарите, па дури и облекувањето(Жељко како Сајмон) странските судии.Инаку да ги погледнете Американското и Британското ќе видите дека се разликуваат, секое шоу си има свој шмек.Ајде ќе видиме понатаму, се надевам дека и Балкансково ќе си биде препознатливо по нешто, се уште е рано нели
X Фактор - Србија (Сител) ^^Тоа сеуште не се знае,ама вчера навистина претераа. Засега многу малку има од кај нас...
X Фактор - Србија (Сител) http://mkinfo.mk/intervju/item/13160-ma ... na-vembli1 За жал веќе нема да го гледаме..
X Фактор - Србија (Сител) Сигурно дека ќе победи Србин, нашите уште не влезени ги запукаа...човек и да не оди на аудиција, ќе се здрви од трема на онакво однесување...Катастрофа..сепак, им покажаа дека ВРЕДАТ, повеќе многу повеќе од колку што мислат!!!
X Фактор - Србија (Сител) И на шо личи она дека не и се испулило дете во очи додека пеело НЕ му даде абе ајде .....
X Фактор - Србија (Сител) Пред да ги кажам моите импресии ќе ве молам, да го замените насловот со Х-ФАКТОР АДРИА. Ми се допадна првата епизода во вторникот. Жирито си е океј, знаат и смеа да направат но се и коректни. За тоа кој ќе победи е рано да се кажи. И мислам дека нема потреба од коментари од типот: "Па србин ќе победи" , ете имаме и ние наши претставници кои имаат одлични вокални способности и добија четири да. И Хрватска и останатите земји имаат супер претставници кои допрва ќе ги видиме. Затоа Ви препорачувам ако веќе гледате, гледајте си го рајат шоуво без да се нервирате за победникот.
X Фактор - Србија (Сител) А ти Кате дали гледаше како жирито се ,,испонаша,, со секој македонски член? Рака на срце, за момчето кое имаше говорни проблеми, уште него да го чепнеа... На едната кандидатка и кажаа дека сакаат да пее на мајчин јазик а девојчето спремило странска песна...ја здрвија на бина кога ја тераа да пее нмешто друго, но и таа му покажа. Со другата кандидатка беше врв, кога и рекоа дека не разбираат што говори во претставувањето. Што требаше таа да направи? Да се претстави на српски јазик?
X Фактор - Србија (Сител) Мене единствено ми се допадна и дури успеа да ме наежи 13 годишното девојче што пееше на крај, другите онака просечни ми беа. Жирито во некои моменти многу се уфилмуваат, а не се кој знае што.
X Фактор - Србија (Сител) Кога доаѓаат кај нас на концерти, да се наполнат со пари, тогаш сè разбираат... Инаку Емина има двојно српско-турско државјанство, значи дека не е босанка, ако зборуваме за националност, а е муслиманка по вера.
X Фактор - Србија (Сител) Многу лош концепт, лоша реализација... да не го гледав Американското и Британското може немаше да бидам волку разочарана, или да имам незнам какви очекувања. Тоа е тој балкански менталитет, жирито катастрофа, уфилмано префорсирано... Btw таа Титаниум што ја пееше, што ја даваа во склоп на Х фактор патрола (како и да се вика) приватно, просечен глас има. Дури и на моменти чудни тонови вадеше малку фалшираше, ок си кажа нејзина верзија хаха. Нашиве каде подобри беа на аудициите , а сепак добија третман од судиите ко у стил дали може да продолжиш ау, реметења.