Даниел го очекувале во Нови Сад и биле разочарани од публиката имало негодување зашто не дошол ,па Жељко затоа бараше да се извини као да каже јавно дека Даниел е крив за тоа што не дошол ,иначе Даниел прекрасен ,песните на Тоше само во негова изведба сакам понатака да ги слушам во живо, ,едноставно прекрасен е ...уживам да го слушам
Јас незнам зошто толку сите Жељко го имаат на пик. После скандалот со Фифи што беше, човеков уста неможе да отвори бе ,ќе го утепаат. Ете се извини , погрешил , ај патриотиве нека не се маваат у груди толку. Леле оваа Снеже Грев божји. Сакам кажам, незнам речам И не да се утнати песниве вечерва. Даниел и Бркович дефинитивно најдобри, Илма лошо ,лошо. лошо. Чато нека си иде дома бре, неможам да го глеам. Многу антипатично, лигаво детуле ми е. А добро само мене ли оваа Тамара ми е ужасно досадна ?! Значи и најдобрата песна да и ја дадат, она е ДОСАДНА БРЕ ЛУЃЕ. За гледање, за слушање. И врз основа на што ја врати публиката Секулич ?????? Звучеше ко да се дави на сцена побогу. ВРАТЕТЕ МИ ГО МИЛОШ !
Леле онаа другата водителка ( незнам како се вика ) ја утепа Снешка наша со коментарите Иначе еве го бе си се извини човекот за лапсузот.. и се напна уз пат Ама не, сериозно некако многу лош избор на песни, посебно овие од кај Кики, страшно. И он па како се напиња, ја критикува Кристина после, хаха како мало дете ми е малце И да, Даниел си испеа топ, не го ни имитира Тоше ни ништо, свој си беше, јасно е дека никој како Тоше нема да испее, ама лош не беше!!! Може и беше најдобар од сите што пееа вечерва, и Алекса ми се свиѓаше, а Александра што е вратена, вратена е од машката публика за да ја гледаат, убава е бре! И така, јас како стручно лице нели си дадов коментар за сите скоро ( па дури и за жирито), ама па јас така си мислам
Абе се дигнаа во облаци овие пола не отишле во Нови Сад, кој болен бил, гласот да не му се оштетел.. Ма ајде бе, станаа професионалци, за еден настап во живо и готово толку.. Нека не заборават дека ова е инстант слава, што трае многу кратко и ретко кој се задржува потоа на сцената. И идолци и тие од Ја имам таленат, Први глас Србије, ги имаше тогаш сеа кај се?? Затоа нека не летаат дека сега имаа над 1000лајкови по статуси и слики, борбата е откако ќе заврши шоуто дали некој ќе потрае подолго Пола не отишле во Нови Сад, а народот таму за кого се собрал.. Ми глумат Мадона, Ријана, селебритис гласот не го трошат по концерти, се чуваат за тука, а баш пола и повеќе беа катастрофа вечерва. А за мајчин јазик, од кај да знаат бе кој ни е кога наша Снежа збор не кажа на македонски, ќе мисли дека ни е српскиот и нас, па да..
Е како не го имитираше Тоше, рече на крајот Ве сакам сите! Не му ја погодиле на Хари песнава, го префатило од кандидативе и он фалш пее.
Е за ова скроз се сложувам со тебе , посебно за Милош , не ми е јасно за Секулич, девојкана едноставно нема глас...
Ах мори Снежо, ти најде да го корегираш Жељко, оди покриј се таму Харис злато! Па зарем може да е поголемо срце Секоја чест и за настапот на Маја. Ме воодушеви, песната ептен и легна. Секулич, извини за кој сценски настап зборуваш? Како ли тебе те вратија покрај Маид и Милош.. Баш ми е мило што жирито и ги даде тие коментари. Нека се покае што се вратила. Емина: Само талент сам разумела.. Оу извини рибо, па зарем и тоа го разбра И најголеми пофалби до Даниел, секоја чест. Ете го талентот кој ја претставува Македонија во најдобро светло, само уште да не филозофира толку се ќе е на место Ама оваа реченица му е на место. СЕКОЈА ЧЕСТ!!
Се согласувам со Жељко дека изборот на песни им е лош(освен на Даниел се разбира)Па повеќето песни прв пат ги слушам ама рекоа ќе се оправат понатаму
Најлоши вечерва беа Александра и Маја. Инаку сега го листав фанпејџот на Даниел и многу го критикуваат заради тоа што не се побунил кога Жељко рече дека пее на мајчин јазик. Многу луѓе му откажуваат поддршка, се надевам дека нема да се одрази тоа врз вечерашниов резултат.
http://www.youtube.com/watch?v=OmliBRZUxnk Харис брат слушни ја прво песната, а после пеј... Немам зборови. Немам ништо против детето ама оваа песна не беше за него. Инаку Даниел најдобар беше како и секогаш.
Значи браво за Жељко, најправедни коментари дефинитивно и за тоа за Маид што го рече Даниел мислам дека најдобри коментари доби и стварно убаво, на свој начин испеа, Алекса подобар беше со шпанската ама не беше ни вечерва лош, докторите изненадуваат (се подобри се), а од женските покрај Илма, Александра.Б има многуу добар глас
Ќе излажам ако кажам дека ич не ми е ќејф кога ќе испаднам во право. Да си гризнам од гзов, ама ретко грешам во проценки на луѓе. Знаев дека има нешто одвратно во Тамара. Препотентно и арогантно суштество завиткано во превез на некоја изглумена невиност. Не ја можам значи, едвај чекам да испадне. Баш ќе ми биде жал ако далеку догура. Оваа новава што влезе очајна и беше изведбата, ама многу ми е ѕверка. Јака женска, ми има х фактор како што треба, коментарите на жириво ич не беа на место, а и непрофесионални. Даниел, одличен, како и секогаш. Да го испееш Тоше и при тоа да не се трудиш ич да звучиш како него, да бидеш коректен, а свој... значи браво. И убаво им кажа! И не се согласувам со тоа дека ако каже Сите ве сакам е имитирање на Тоше, од причина што Тоше сигурно не го патентираше тоа. Еден куп светски ѕвезди го користат тоа. На крајот на краиштата, па стварно што да кажеш во таква ситуација? Убедена сум дека на тој аплауз се осеќа како кога на некого му пеат Хепи брдеј, не знае како да се однесува, и ај што да речеш? Јас најсериозно им викам Сите ве сакам дечки... Па не го имитирам Тоше.