Сите се нервозни. И жирито и натпреварувачите. А ова е шоу од забавен карактер. Целосна утка вечерва, страшно. Светско шоу во балканска земја. Тоа е.
Прочитав Секулиќ и одма почна да ми се врти во глава песната од Гога Секулиќ. С ким си синоч био, дали она зна? Не зна она, не зна она, знам само ја. Девојка за једно вече, мисли брига ме. Ал код тебе су још увјек, ал код тебе су још увјек.. ал код тебе су још увјек моје гачице. Ајде и двете Александри, надвор.
Aјде и јас да се "испразнам" околу денешниов лајф Тотална катастрофа.Има исклучоци Ме интересира само кој ги бира песните? Сите од жирито денеска некако ми беа несигурни околу изборот?Нивна грешка или? Александра-ми се допадна зошто не беше нападна со фаците кои ги праи кога пее.Беше прибрана и нормална.Изведбата ми се свиѓаше и не беше далеку од оригиналот. Женскиов бенд-премногу елегантни,стајлингот прекрасен(можеби беа едни од учесниците на кои им беше погодено тоа што го носеа).Црвенокосата е најдобра вокално,според мене.После неа,таа малата(не ми текнува како се викаше),а за останативе две нема да коментирам,зошто дефинитивно местото не им е за во икс фактор.Катерина само отвара уста и пополнува место. Илма-од стајлинг до изведба-тотална утка денеска.Има прекрасен вокал и нема логика да пее такви песни.Ако веќе сакала песна од Бруно Марс,можела нешто во кое ќе може уште еднаш да не удостои со убавиот глас,а не пола песна да збори,а не да пее. Даниел наш-уживав додека пееше.На негов начин,без никакви имитации на Тоше-испеа прекрасно,без фалширање.Не се согласувам дека не треба македонец да пее песни од Toше.Некој солидно,некој полошо ќе ја испее,ама на тој начин песните и споменот кон Тоше ќе живее. Алекса,беше од оние исклучоци кои имаа добра песна. За разлика од него,девојката што ја пееше Ријана-исто имаше погрешен избор. На емина малиов(му го заборавив името)-пробуваат нешто накај Џастин Бибер да го насочат,ама нека алармира некој на време,додека не е касно.А изгледа дека и него му годи Така да,сума сумарум,не сум инпресионирана од денешните настапи. Би ги издвоила Даниел,Алекса и Александра како чесни исклучоци Спојлер ај сеа да видиме кој си оди дома
Мене ептен ме бендисаа тие девојките 4у,некако ми се совпаднаа во гласовите и убаво изгледаа на сцената огромен :up: за нивниот вечерашен настап
Јас си гласав за Даниел нормално и ептен ми се допадна неговата изведба на Чија си. Луѓенца ма се стопив кога рече поздрав со сонценцата на неговата страна и дека ги сака. Абе солзи радосници ми потекоа. Јас мислам дека ако го видам во живо дека во несвест ќе му паднам Другите искрено ми беа катастрофа.Доста ви филозофирам да видам кои ќе продолжат за следниот настап во живо.
А како бре Даниел можел да се побуни, кога клипот додека го даваа тој се спремал за бина, микрофони и чуда, зарем на шпицата ќе внимава? Ич уво не ми чуе за патриотите што ќе му ја анлајкнат страната на Даниел, тоа се истите луѓе кои ниеднаш не пуштиле глас за него, еднаш не платиле карта за некој културен настан, тоа е таа проста маса и поарно е да ја нема.
Ќе ги тужам Сител. Не, озбилно ќе ги тужам. Горе во лентата пишува гласајте за 02, а правилно треба само 2.. Они се криви. Добро и јас и една другарка не сме китки за мирисање, ама ај... Летнаа 40 ден. за џабе. Сакавме да гласаме за Доктори и брзо фативме телефоните, арно ама заборавивме дали треба 08 или 8. И горе лентата што вртеше видовме 02, значи треба со 0. (Ко) завеани напишавме 02 а не 08. И да напишевме 08 пак ќе беше неправилно. Збрка. Збрка на квадрат. Сител, убичу вас.
Александра Секулиќ испеа одлично со оглед дека имала малку време да се припреми. Емина мислам дека направи грешка кога го зеде Харис а го отфрли Милош.Тој заслужува да биде таму а не овај Чато за кој и не ми беше јасно како помина и на првата аудиција. Досадна вечер беше оваа се надевам дека другата недела ќе бидат подобри
Глупи ми се коментарите дека Даниел требало да се брани. Не баре отиде спорот да го решава таму. Македонците и нивната вечна гордост, борба и его, вечно обесправени и повредени... Ма пушти бре...