Од Алекса: http://www.youtube.com/watch?v=eoonbuwdZgs Од Лукијан не ја знам. Знам нешто лејди беше ама не ми текнува... Едит:Еве ја од Лукијан http://www.youtube.com/watch?v=1KQhimwQ5Uo
Не си единствена, и мене ми се допаѓа пеењето на Александра С. и ми беше жал кога Кики и рече дека не оди понатаму. Девојката пее преубаво а и дефинитивно е најубава. Маја не ми се допаѓа како пее, но вечерва имаше и полоши од неа. Како тргнала работава оние кои најлошо пеат ќе стигнат до крајот
Македонскиот Идол беше далеку поорганизиран и имаше подобри таленти отколку овде. Тамара незнам како стигна до овде. На мене ми е грда и препотентна. Лоши песни, лоша изведба, нека си оди веќе. Исто и Харис. Се прашувам кој гласа за натпреварувачите на Емина, Мустафа Сандал ли? Секоја чест за Даниел, отпеа одлично, на свој начин. Очекувам да победи на шоуво, реално друг и нема потенцијали, ама бидејќи гласа публика, нема да ме чуди и да победи, да речеме Харис. А Фифи и Џоганито не ги ни коментирам, со Снеже у пакет се ужас, УЖАС.
Мислам дека секој што гледал барем една епизода на Youtube од американскиот или англискиот Х Фактор, па до негде и автралискиот може едноставно да се насмее со неверување на невидената неорганизација и просто желбата да се лапнат пари. Јасно е дека од ниедно шоу на Балканов не може да излезе светски пејач, али поентата на овие шоуа е да направат забава, а тоа на овие луѓе, вклучувајќи цела продукција „судии“, водители па до негде и најголем дел од кандидатите кои апсолутно немаат никаква харизма нити поим што со себе, доведува до ситуација да мене лично ми е срам и тотално губење време да го гледам срањево, место ете да се релаксирам во вторник навечер кога немам попаметна работа. Конкретно за вечерва иако гледам дека овде на повеќето Маја не им се допаѓа, јас не и ги пратам многу сценските настапи ама мене ми се допаѓа тој raspy voice што го има, но тоа е индивидуално. За ниеден кандидат не можам да кажам дека во целина ми се допаѓа, X Factor е светско шоу чисто за своја сатисфакција треба да се потрудат да се претстават светски макар и на крај тоа нигде да не ги одведе затоа што секако ќе победи Маринела на Џогани и Фифи покрај неа, или некој од другиве за кои не се знае чиви деца точно се. До душа и Маја е ќерка на Луис па испадна... ама ај нема смисла да коментирам за тоа, морбидно ќе биде.
А другаров шо гледавме заедно кога пееше она вика вие мислите лесно е да се има квалитетен брк на млади годинии
Тамара ми е пауза наместо реклами. Не можам да ја гледам од што ми е одвратна, а не па да ја слушам. Од збор до збор се согласувам со тебе Лилит, и Жељко мислам ја осети што твор е. Исто и за Александра што влезе, се надевам наредниов пат ќе се подготви подобро, баш е како што рече, ѕверка. Даниел е јагне.
Значи истото го помислив како тебе, само се двоумев дали да напишам или ’не да не ме сватат погрешно. Како прво треба да се знае дека од кога почна гласање по телефон дека нема да има правдина, логика, добра изведба или Х фактор, туку и најгрдо да пее има да се гласа за него затоа што е наш...И зато највеќе се плашам од “босанчеросите“, што вели "LilBaby". Мислам дека гласаат како луди и ке испадне како по сите вакви шоу емисии каде се бира телефонски и секаде победуваат некои босанци од по селата босански како Бабајиќ кој го дочекаа во село со свирки и тапани. Жал ми е дека со вакво гласање ке испаднат добри пејачи со добри гласови а ке победат овие од босанскиве села како Харис, Илма па и онај Маид и кога се ке заврши ке си бидат први во СЕЛО и никој нема никад да чуе за нив.
Оваа вечер незнам што се случи.Еве и самиот Жељко го почувствува тоа дека оваа вечер со еден збор беше катастрофална.Единствено не освежи Даниел,Илма и до некаде Лукијан. Зарем повторно влезе Н2О???? Не е можно!!!!Колку само чкљ песна имаа. А од девојките 4У пак ке кажам онаа Катерина глас не и се слуша па и не се замара девојчево.Абе уште колку така ќе те вадат и до каде ќе те влечат ????? Стилистите од која планина се симнаа? Епа јас(која толку не умеам со облека да комбинирам) ќе им дадев нешто подобро. Илма минатата недела ја направија 30година а вечерва 12годишна. http://www.youtube.com/watch?v=WeRHfDlLfD0 Песнава многу ми се допадна!
Оваа сегашнава водителка како бабарога е,се исплашивме со брат ми кога ја видовме,Славко беше кадеее кадеее подобар. Ама тоа е,кој не слуша нас.
За наредна недела под итно да ги сменат стилистите !! Под итно значи Не ми се гледа пак лазаренки, машни од елки, сатенски панталони и перја..
Шоуво пропаѓа. Убаво рече Жељко дека ако не се врати Маид ќе го напушти шоуто, и со право и еве едно големо браво од мене за тоа. H2O- жива катастрофа, овие први треба да испаднат без гласање. 4U-3те девојки се супер ама Катерина не пее воопшто. Маја- не е лоша, ама нема доволно талент за вакво шоу. Ок ми е што испадна мада повеќе бев за групата да си иде. Александра (што ја вратија)- не заслужува да се врати, другите 3ца беа далеку подобри. Тамара- овој пат зариба... Сите други освен Даниел, Илма и Александра вечерва кикснаа. Лошо е, лошо е што при здрав памет не прават будали.
Не сериозно, има некоја јавно објавена забелешка и причина? Јас некаде прочитав дека продуцентите не биле задоволни од тоа како водел на минатиот лајф, онака - не! Баш беше интересен, убаво се снаоѓаше во секоја ситуација, оваа па уште вика што не се смеете, па незнам, можда затоа што не си интересна
Не се родил човек кој може да каже со сигурност што е Икс Фактор, ама ние битно сите знаеме. Се е тоа у ред, ама не мислам дека треба да ги споредуваме Маид и Илма со Бабиќ од операциија триумф, па ни она детено, какво такво ама има талент, само уште е прамал за да биде ѕвезда. Лошо звучи босански села, па мора да се неквалитетни или дека ќе напраат мучка ко тој и ќе одат да пеат турбофолк. Малку се претерува со генерализации некогаш. Ќе си дојде на брашното се, ќе се покажат талентиве полека и кој ја има таа ѕвезда или тој фактор кој не за џабе е икс, зашто секој различно си го толкува. И знаете што заклучив според нашиве коментари, најупотребен збор ни е фалш, или сите сме тука неоткриени музички експерти и Паваротиња, или малку ја претеравме. Мислам дека некои не беа толку фалш колку што ги направиме, колку што лоша беше матрицата, не беше соодветна песната и сакавме така да биде заради Даниел, искрено мислам дека така сите подсвесно во нас се јавува нешто пристрасно. На некои им треба добро брусења и работа со нив ама со ментор како Кики не верувам дека тоа ќе го успеат, па и со Емина исто. Не се станува толкава звезда само со од господ дадено, треба и работа и надградување, пополека вајда правите дијамнати ќе се избруса и ќе ги видиме подоцна. Али на крајот на денот па навистина е битно кој ќе направи кариера а не кој ќе победи и кој ќе влезе во финале. И Ноне беше во финале на вакво шоу, па сега оди по бродови низ светов. Се одјавувам од подолго време од шоуво, мислев ќе биде светско, ама тоа остана само во насловов.
Новава водителка безврска беше 100 грешки направи, за разлика од Славко кој беше како роден за на сцена. Ма за Бродвеј ми беше Славко ептен беше драматичен. Штета што го сменија. Се согласувам со денешното испаѓање на Луис керка му, некако незнам зошто антипатична ми беше. Знае да пее ама мислам дека го нема тој Х фактор. Од друга страна и Катарина од 4U малку своеглава ми изгледа, да се надеваме ќе и помине тоа заради Младен што и фали па така се однесува хаха. Даниел ОДЛИЧЕН како и секогаш браво! Мило ми е што продолжија Фифи и Маринела иако кај кај се гледа дека Фифи има појак вокал од Маринела. За стајлингот гледам исто мислење имаме сите безврска им лупале комбинации. Вчера во Х патрола даваа една од девојките од 4U кажа како не им се допаднало тоа што требале на сцена да го носат, и такви нервозни биле на пробите, и Фифи денеска кажа во малку поголем број на штикли настапувал предходната недела хаха. Да си го средат пропустот со стилистите, ако треба и да ги сменат