X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Нема да коментирам воопшто за гласовните способности на кандидативе, ама за организација и продукција, по катастрофално нешто во животов немам видено. Додека ги гледам водителкиве и нивното однесување туѓ срам ме пука, страшно. Тоа интервјуата од бекстејџ се без опис. И добро стилисти, фризери, шминкери зошто имаат вработено таму? Менториве професионалност под нула. Жељко е во некој Сајмон фазон, Кики не се замара човекот ко за украс само дреме на тоа столчето, Емина ми е без веза стаена таму во судии, до толку не можеле да најдат некој музички покомпетентен од неа? Не ни можам да ги наречам ментори. Нека им пуштат по една епизода The Voice да видат што е тоа менторство. Нема да коментирам повеќе, Британското The Voice почна во неделата, Американското почнува фебруари, да гледаш со мерак, а не ова бљувотиниве.
     
    На Hipster, prettyliar, Bescheiden и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.824
    Пол:
    Женски
    Жељко ќе го напуштел шоуто ако Маид не се врател. |(
    А зошто тогаш ја пушти Маја понатаму, или Младен? Што не го зема Маид? Овие двајцата одма му испаднаа, па сега он ќе го напуштел шоуто за Маид, за кој он е крив in the first place. Глупости.
     
    На alekce83, nikiiii, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Дали сум глува или стварно денес пак плава од 4U ништо не пееше?
     
  5. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    http://www.youtube.com/watch?v=Slq9Ew133D0

    Стварно не ми се верува како можеа ваков глас да пуштат да си оди.Стварно не ми е јасно.Уште не можам да го прежалам :( За мене шоуто заврши откако тој испадна,а сега само го подржувам Даниел,секоја чест за него оваа вечер.
    Стилистите нека ги сменат што побрзо,најголеми утки на свет и оваа нашава Снеже..Всушност целата организација беше ЛОМ.
    И не ми е јасно покрај толку јак вокал што има Милош,ја вратија Александра..страшно.За жал поголемиот дел е определен за поп музика така да не знам и зошто се чудам. :^)
     
    На mileystar, Elennaa и Hipster им се допаѓа ова.
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Ама има тука нешто, Жељко што е крив, крив е, мене ме зачуди кога не го пушти Маид. Но, Александра нема логика да има толку симпатии од публиката. Па штом поставија слика од неа на официјалната фејсбук страница на X Factor Adria, одма имаше стотици негативни коментари, ама баш еден во сто коментари се наоѓаше позитивен. Значи цела поширока јавност не се согласува со изборот, додека за Маид сите имаа само пофалби.
    И како сега, кој гласал ако сите фанови на шоуто се незадоволни. Нема логика, малава којзнае што направила да се упика, требаше само еден да се врати, зошто сега двајца?
    Значи што ти значи жена, гз ќе продаде за малце слава. Башка од кај денес она толку гласови кога не се ни знаеше дали ќе влезе, кој ја гласаше баш вечер, башка и на таа лоша изведба? Толку ли не може да си процени дека не ја бива..
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  7. the1975

    the1975 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    12
  8. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Ајт, прво од водителкиве да почнам. Снеже и Уна (ваљда Уна се викаше таа со Снеже) со облеката беа како за на 1 април :D А пак однесуваето 0 |( Само последните 2-3 уклучувања ми беа океј, а првите не. Изгледа на последните им дошло памет да не се глупираат пред камера :D Ана ми е сосема во ред, малце на почетокот не ми штимаше, но после се опушти малку.
    Ова нешто публиката го мрази Жељко па само неговите натпреварувачи ги исфрлаат :D Шала на страна, Маја добро пее, но го нема тој фактор кој е потребен, Младен пееше многу добро, но не се претстави во најдобро светло па и затоа отпадна. Многу ми е мило што Маид се враќа, преубаво пее. Жељко и мене ме изнервира што прво не убедува дека Дениел ќе пее на македонски, и оп после Даниел пее на српски :D Убаво од негова страна што се извини. За облеката Даниел ми беше одличен, а кај Маја не ми се допадна косата, и пожеле поубаво да и ја средат.
    Кај Емина, Харис имаше преубава песна, но некако ја немаше таа енергија да ја пренесе :)
    Кики, Илма испеа прекрасно, единствено во облеката, ланчето кое личи како машничка за елка и можеле со нешто поубаво да го средат. Тамара можеше поубаво да испее, а и стајлингот ми се допадна :) И јас се сложувам со коментарот на Емина дека и можеле нешто друго да и дадат да облече на Александра С. А кај Бркович тоа чипката не ми се допадна некако грубо ми делува. Александрите испеаа добро :)
    Кај Кристина, многу ми се допаднаа балканските One Direction :D Преубаво испеаа докторите. Фифи и Марианела овој пат многу повеќе ми се допаднаа од минатиот пат. Девојките испеаа добро, само во тоа косите ми бодеа очи. Можеле некои убави пунџи да им направат.
    Многу ме изнервира Катерина што и по 3 пат не пееше соло, и нашла таму да ми се расправа кој доцнел на проба кога пее само во придружните гласови а, цимолеше да пројде понатаму во шоуто |(
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Колку лоша организација, ама и ова не е лесно да се изведе, навистина треба никој ништо да не работи... Мислам навистина, водителката нема поим што се случува, менторите не знаат дали оди во живо, а режијата пак не е заинтересирана. Изгледа како се во последен момент да е спремано...
    За позади сцената не би можела да го најдам вистинскиот збор, навистина не можеле полоши водителки да најдат...

    И изборот на песни беше катастрофален, па кога виделе менторите дека одредени песни не им лежат на кандидатите, зошто сте им дозволиле да ги пеат, а особено Илма и Тамара??? :^)
    Единствено Даниел остана доследен на себе си, му лежеше песната, и сценскиот настап беше одличен. Освен тоа убаво им кажа, иако некоја песна која била изведувана од страна на некој неповторлив пеач, како Тоше, која навистина во оргинал звучи одлично, сепак зошто некој друг да не се обиде да ја испее???

    П.С. Мене како ми изгледа и оваа водителка ќе ја сменат, не беше ништо подобра од Славко, дури и полоша беше со тие гриманси што ги правеше... |(
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Ејј абе што е со оваа Бркович и стајлингот :^) Не ја приметив затоа што гледав на нет, замаглено беше и сецкаше малце, ама сега гледам слика. Што е ова со фустанов Благица Павловска дел 2 |( Мене ова ми личи како на Благето фустанот наопачки што го носеше :lol: Леле значи кој е стилист тука бре, Фифи да го стаат подобро ќе ги спастри :|
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, QueenElena, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lovehima

    lovehima Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Зависи за кого како, за тебе можеби тој не знае да пее но другите го обожаваат. :inlove:
    Тебе сега ти е мака затоа што знаеш дека тој оди понатаму и дека има многу поголеми шанси од твојот фаворит? Алекса баш добро испеа тој има прекрасен глас и ако не знаеше да пее воопшто немаше да стигне до тука.
    Алекса пее прекрасно и има шанси да биде голема ѕвезда, сите го обожаваат и воопшто не е антипатичен.
    Оди ти испеј поубаво од него ако можеш. :*
     
    На Lolo5 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ |(

    Дискусија, форум, размена на мислења, нешто, Франкфурт?!
    Јас мислев последен пат у 2006 ја слушнав последната реченица од некого, грешка сум била..
     
    На Chica.Loca, prettyliar, Daydream и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Алекса е мојот фаворит од вечерва, успеа да ме освои со шпанската песна минатиот пат. И да, многу ми е срцкаст со таа насмевка :hug:

    На Бркович не и е местото тука. Доволно е што догура до овде ама мислам дека доста е. Се надевам дека ќе испадне наредниот пат.

    Александра Секулиќ и самата е свесна дека има мноооогу подобри од неа ама баш ми е типична претставничка за Балканов. Знае како да се однесува на сцена и преубаво изгледа. Не е се до гласот :)
     
    На Lolo5, tinka-mace, lovehima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Како можеа да кажат дека Александра и Маид имаат исти гласови, нафта е скапа за пиење. :rofl: Ко што е искрена, нека каже *** џаб на кого му дала, или нека се извадеа демек и продукцијата има фора да врати некој (што и може), ама најчесто тоа е некој што им носи гласови, а не оваа. :D

    Бруки невидени севкупно гледано.
     
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Се разочарав бидејки продолжија тие што според мене не заслужија,а ги има многу.

    Жељко-Секогаш реален,искрен,го кажува сето тоа што го мисли,а тоа и го направи и вечерва.Нормално тешко му падна што испадна Маја.А за тоа што и го кажа на Тамара,според мене не беше потребно,бидејки џабе го кажа,на Тамара од едно уво и влезе,од друго и излезе и сепак помина понатаму.Само ме изнервира тоа што го кажа за Маид.

    Маја-Прекрасна жена,со прекрасен глас.Дефинитивно,според мене не заслужи да излезе,бидејки има многу други што полошо пеат од неа (пример Харис,Алекса,Доктори,Маринела).Можеби не е за да победи,но жената навистина има преубав глас.А за втората песна,и дадоа сосема погрешна песна и се гледа дека не ја извежбала добро.

    Даниел-За него не знам што да кажам.Што и да кажам малкуе.Навистина според мене треба да победи,а и како што кажаа Емина и Жељко треба на евровизија да оди.Тој е пред се прекрасен човек,преубаво пее,има харизма,шарм,убав,скромен,чесен.А и вечерва преубаво испеа,секоја му чест :bow: .Само непотребно му беше тоа што кажа дека бил болен па затоа не можел да оди во Нови Сад,ама тоа и не е толку важно.

    Кики-За него ке кажам само што ме зачуди тоа што одбра 4U да одат поатаму бидејки мислев дека е против Кристина и дека ке ја одбереше Маја.

    Илма-Девојче со преубав глас,дефинитивно треба да оди понатаму,ама некако изгледа славата во глава и удри.Која и песна и да ја пее Илма си е Илма,нема песна што не може да ја испее.

    Тамара-Премногу ми се допага девојкава,има преубав глас,навистина убаво пее и заслужи да оди понтаму,само што тоа вечерва што го кажа не и беше потребно,со тоа остави само лош впечаток,а еден пејач,а пред се човек (во вистинска смисла на зборот) не треба да си го дозволи тоа.

    Александра Б-Мене лично премногу антипатична,воопшто не ми се допага,но сепак не пее лошо.

    Александра С-Премногу убава,симпатична и слатка :) .Ама вечерва лоша изведба,воопшто не испеа добро.Всушност таа не ни пееше туку како да рицитираше песна.

    Кристина-За неа ништо не коментирам.

    4U-Воопшто не заслужија да поминат понатаму,само една од нив знае да пее,другите катастрофа.

    H2O-За Маринела да не зборувам и повеке од очигледно е дека не знае да пее,ама вечерва најдобра беше до сега.Фифи за разлика од Маринела има глас,и заслужува да оди понатаму.Вечерва најдобро испеа досега.Само не ми е јасно како тие две заедно :?: .

    Доктори-За нив не знам што да кажам.Толку ми се антипатични,а и не само тоа воопшто не знаат да пеат не знам што бараат таму.И вечерва и минатиот пат катастрофа.

    Емина-Женава просто ја обожавам.Само вечерва беше катастрофа облечена,воопшто не и стоеше.

    Харис-Многу ми е антипатичен,прав босанец (босанец е или грашам? ),нит пее,нит ништо.

    Лукијан-Има добар глас,добро испеа вечерва,но не заслужува да победи.

    Алекса-Минатиот пат беше мнооогу подобар.Вечерва катастрофа.

    А за Маид навистина се зачудив.Тој според мене воопшто не заслужува,не можам ни да го гледам.

    А за водителката да не зборувам.КАТАСТРОФА.Исушена како даска,грда,а и не знае да зборува,направи милион грешки,а со тоа фустанот светеше како елка :D .Само не ми е јасно кај ја нашле баш таа.

    Фаворит ми е Даниел иако знам дека нема да победи.За жал шансите се многу мали :( .Секогаш победува тој што најмалку заслужува.Дај Боже да грешам.

    Рака ме заболе од пишување,доста е толку... :talk: :yawn:
     
    На Mariia05 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Уфф, за момент заборавив кој ми е матерни језик, па седнав да размислам :D
    Убаво и тактички од Даниел што не изреагира и што не го поправи Жељко, ама браво и за Снеже што на македонски му рече на Жељко дека мајчин јазик на Даниел е македонскиот. Барем за ова ја бидна, ако не за водителството :D
    За Маја, криво ми е што излезе, повеќе сакав да излезе Александра, онаа од минатата емисија, плавушата.
    Маринела и Фифи по итно да ги разделат, Фифи пее каде каде поубаво од Маринела.
    4U ми се допаѓаат, искрено. И докторите. Илма пее убаво, си има девојчето талент. Се согласувам дека домашните песни и лежат подобро. Тамара потфрли овој пат. Она детето, Харис чинам беше, од кај Емина, просечно ми е. Алекса испеа преубаво. Александра што ја вратија, ама воопшто не ми се допадна изведбата. Како преморена ми делуваше. Лукијан, исто прекрасно.

    Емина морам да ја прокоментирам. Уаааа. Македонски не разбира, а :fubar: ? А турскиот полесен е :?: Срамота.
     
    На Lolo5 и Lella им се допаѓа ова.
  17. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Оној којшто ги има гледано Американскиот, Британскиот Х фактор многу лесно ќе забележи колкава е разликата од овие до нашево шоу.
    Значи поголемо срање не можеше да се направи дефинитивно.

    Првата емисија само пофалби летаа феноменално одлично не знам ти што, а сега само критики фрштеа на сите страни.

    Емино, празноглавке ти ли најде најмногу да критикуваш бе душичке кога некои од кандидатите ке те зашијат кога се работи за пеење.
    Па одгоре и македонски не разбираш а? немој да ме јебеш турски знаеш перфект,а македонски само талент знаеш што значи. Ела кај нас ние ќе те научиме ќе го пееш (со твојов прекрасен глас). Па одгоре за сите имаше замерки само твоите беа совршени, Боже мој.

    Е сега не дека е наш, но Даниел дефинитивно беше најдобар од сите, реално зборуваме.
    Тамара, едно препотентно суштество што не си ги напика тие пердувите в г'з подобро ќе беше, па океј фала ќе викаш.

    Убаво рече Жељко ако Маид не се вратеше дека ќе го напуштеше шоуво. Што ако испадна Маја си ги има овие двајца коишто се многу добри се надевам ќе растурат.

    Ах Кики во твојава група ти ли си им ним ментор или тие тебе нешто те подучуваат? Катастрофа значи :x
    И редно е веќе да испадне оваа биберчево црно Харис навистина е одвратно.

    Се на се катастрофа невидена од организација стајлинг, однос, песни ма се |( . Едиствено Даниел е светлата точка во оваа дупчиште. :!:
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.841
    Пол:
    Женски
    Нај иронично е тоа што на Wikipedia за незе пишува дека зборува и малце македонски :lol:


    Apart from her native Bosnian, Jahović speaks English fluently and Turkish with a moderate degree of proficiency. She also speaks a bit of Albanian, Bulgarian, Macedonian, and Slovenian.[123]
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Се утешив малце,не беше и оваа емисија Снеже ко куче што доживеало електрошок,ја потсредиле малце.
    Него,зборот ми беше...
    Лукијан ми е антипатичен,некако ептен е вештачки.
    Илма е прекрасна,пее прекрасно,само тоа бркот малце да и го потсределе не ќе беше лошо.
    Даниел ми станува полека симпатичен,и пее феноменално,нема збор.
    Алекса е супер,природен е,убаво пее,лесно некако...
    Докторите ги праат како некоја балканска верзија на оние Уан Дајрекшн или да?
    Харис Чато ми е...одвратен.Во секоја смисла на зборот.Лигав е,па уште и му дале Џастин да пее.Уф,воопшто не ми се допаѓа.
    Тамара овојпат не се покажа баш најдобро ко што знае,и многу е некако незнам како да речам...умислена,ладна..тоа не ми се допаѓа.
    4U не ми праат некој посебен ќеиф,ама ќе пројдат,не се лоши.
    Фифи и Маринела се супер,ептен ми се симпатични двете,слатки се некако,а морам и да напоменам дека Фифи пее дааааалеку подобро од Маринела.
    Александра што ја вратија е типична онака за Балкан,нема ништо посебно кај неа,дури и малце е летната во облаци,нема посебен глас.
    Александра Брковиќ пее,растура.Малку фаците и се чудни,али ок..
    Маја што испадна ми се допаѓаше искрено и криво ми е,ама тоа е.]

    Е да,и едно нешто заклучив.
    Александра треба да и го отстапи презимето на Илма.
    Брковиќ,молим лепо!
     
    На Lolo5 и Lella им се допаѓа ова.
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Аа не можам да издржам а да не дадам коментар за денешново шоу. Се на се, беше катастрофално! Најпрво облека... Па јас да отидев таму подобро ќе ги облечев бре... Посебно онаа Бркович и Тамара :puke: И Илма е тука некаде...Фустанчето мислиш на рака е крпено.. :puke: Потоа шминките, фризурите.... :( Водителкава па облечена како кловн, а и не знае да збори, 100 пати се испогреши... Славко беше подобар од неа! :!: Ајде ова добро, ама песните бе луѓе :^) Значи, Даниел дели од сите други! И песната му беше погодена, и гласот му е ВАУ! За разлика од другиве натпреварувачи, Даниел секогаш е спремен и скоцкан, и облека и се се се. И воопшто не се трудеше да го имитира Тоше! Освен Даниел прилично добри(според мое мислење) беа и Доктори и 4У :) И Алекса беше добар, ама го немаше шармот како минатиот пат. За Маја немам зборови.. мислам БЉАК :puke: Мило ми е што испадна! Барем едно нешто убаво да видев во неа... Ни фризура, ни облека, ни глас, ни песна... Х2О не беа нешто нај нај, ама мислам дека беа подобри од минатиот пат :?: Илма ми е досадна веќе, секоја песна ја пее на ист начин. И воопшто не очекував дека Александра ќе се врати, кога Маид е многу подобар од неа! |( Таа пее просечно, но не е за на Х фактор. На Харис и Тамара песните воопшто не им беа погодени, ама заслужуваат втора шанса, се надевам следната недела ќе бидат многу подобри. А Емина па се прави дека уопште не разуме македонски, ма дај :^)
     
    На Lolo5 и Lella им се допаѓа ова.