X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Абе приметивте Жељчето се си пие Coca Cola zero? :D :D
     
    На Lella, vetre и an4ii им се допаѓа ова.
  2. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    1. да им ги искоментирам стајлинзите
    -емина ко глушец некој беше у косата ко со лепак залепена
    -кристина цело време си го местеше фустанот ке и излезеа цицките
    -илма одвратно облечена сељачки
    -и двете александри ептен грдо облечени и се гледаше дека ич не им се свиѓа
    -уна ко цветна градина а снеже као диносаурус некој
    2.оваа александра појма нема од пеење само што е убава , се виде и по коментарите на жирито
    3.следната недела иде маид 8)
    4.мораше од 1 дирекшн и од бибер да пеат иста вечер
    5.тамара пак на своја глава си тера,сеа се на стара слава , еднаш убаво испеа и се погоди песна и сеа шо до крај ке ги тераме.

    ДАНИЕЛ браво стварно заслужи што дојде дотука :)
     
    На Lolo5, theowndemon, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=J58asV6UBoE

    Значи немам коментар за Даниел!! Незаменлив е! Единствено тој мислам дека заслужено е тука! И емоција има во песната, и знае како пред камерите, и облека, а и болен бил. Браво, немам зборови! :)
     
    На Lolo5, Gioia, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.842
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Тони Михајловски :inlove: верувам доколку се случи ова ќе биде многу по интересно за гледање,ама од друга страна пак можи да е и катастрофално со оглед на тоа што Тони има остар јазик и неможи да не вмеша политика и патриотизам :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Не знам само зашто толку го форсираат Хариз како Џастин Бибер кога немаат допирна точка, не го бива детето едноставно има некоја турбофолкерска жичка би му лежеле песни од типот на Тело вретено.
    Ни тенејџеркиве не го сакаат, Доктори и Алекса се во тој поглед мнооогу пред него.
    Инаку многу би сакала Даниел да ја пее оваа песна во следното:
    https://www.youtube.com/watch?v=yKii44JCl0s
    А Алекса оваа:
    https://www.youtube.com/watch?v=gPA6yAkAKPQ
     
    На Lolo5, LittlePinky, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ако него го стават,Емина ништо нема да разбира ;(
     
    На LittlePinky и Lella им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    А сега Жељко некако сменет е према Фифи :)

    А кога му кажа вакво нешто не сум видел (демек шминка ау)
    А шамар да му треснеш на Жељко цело кутвиче пудра ќе си напуниш :rofl:

    Ако не ти ставиле трепки и розе сенка и пирс на стомак, тоа не значи дека и ти бре Жеље не се шминкаш.
    Напудрен цел на Фифи ќе му збори.
    :)
     
    На Lolo5, LittlePinky, Gioia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bezzimena

    Bezzimena Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    39
    Подоцна ќе дадам коментар околу вчерашната емисија и настапите,за сега само ова,се е кажано ;) :rock:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lolo5, Gioia и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ако примети и претходниот пат ги критикуваа за стајлингот. Којзнае што им прават од Авон. Се учат на нив. Илма беше облечена ко на пазар да оди да купува френки/чушки. Оној Харис Чато ко за Струмички Карневал се облекол. Едино добро облечен беше Даниел Кајмакоски и уште 2-3 души.
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Пак ли ќе мењаат водител? Па боље нека го стават Тони за жири. Како на Идол, партал ќе ги направи. :lol:
    И сега ќе кажете, што го мешаш Тони со жири. Па оние сегашните боље да не се. Онаа Кристина до сега не ја слушнав за некој да каже нешто добро. И да е добар и да не е, она лошо ќе го искритикува. Едино Жељко ми се свиѓа он нив 4-ица.
     
  11. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Води здрав живот :P

    Иначе, за таа Тамара? Дали само мене така ми се чини или девојкава изгледа како претходно да ја грабнале вонземјани, па сега не може да си дојде при себе? :^)

    Искрено, како дрогирана да е, под дејство на алкохол.
    Оној наркоманон на аудициите делуваше понормален од неа. Како воопшто да не знае што се случува околу неа.
    Толку ја засакав на аудициите, а толку сум разочарана сега.

    А богами Тони нека го стават за водител. Барем ќе лупне некоја, а не да се испоизбуни или да „pokusava da prica srpski“ како некои. |(
     
    На Beauty161 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    2цата фаворити ми излегоа, уште Даниел остана и дај боже Маид да го вратат пошо другиве за ништо не ги бива :D
     
  13. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Под итно Тони за водител, лудо ќе биде со него :lol: :lol:
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Ќе знае да врати и на евентуални зајадливи коментари. ;) :) Закон ми се он и Сашко Коцев.
     
    На Daydream и ane.bella им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да кажам збор-два (или повеќе). :D

    Жељко - најреален е, се гледа дека најмногу се залага за Даниел и тоа е добро. За Даниел навистина немам што да коментрам, секогаш е најдобар од сите. И во право беше кога кажа дека ако никој не можел да биде како Тоше, тогаш никој не смее да ги пее неговите песни. Супер си ја испеа Чија си. Баш како што треба, не пробуваше да го имитира Тоше за разлика да кажеме од оној што на аудиција пееше Остала си увјек иста, ако го сеќавате. Маја, Искрено не очекував таа да излезе, ама сепак не е нешто wow за да остане повеќе. И цело време си спомнуваше колку и недостасувало детето, ако толку не може да се оддели тогаш нека не се фаќа за волкава работа. Сепак, нема да пропадне шоуто без неа. Маид не сакав да се врати. На почеток со тоа чадорчето како ми беше антипатичен. После накај буткампот веќе не ми беше, ама во judges' houses се беше преценил и самиот си кажа дека глумел емоција. Тоа за мене не е икс фактор. Сега па со плавата коса уште повеќе ќе го замразам. Ај можеби и не, ќе видиме.

    Емина - малку лета во облаци, ја сите натпреварувачи се бори и се труди да даде се од себе и успева, им избира супер песни. Па и кандидатите и се убави и сите гласаат за нив.
    Алекса мене и не ми е нешто убав, просечен глас, и цело време се вади на харизма. Значи не пее нешто прекрасно, како Младен да кажеме. Харис има талент, ама е многу млад, а и неговиот глас многу не ми се допаѓа, како раштиман му е. Емина треба да биде многу внимателна кога му одбира песни. Првите лајвови ќе се провлече ама после ќе излезе, не оди далеку. Лукијан и тој не ми е нешто посебен, убаво пее, ама некако ми е вештачки, океј е додека пополнува место, ќе излезе.

    Кики - сум се изјаснила за него и порано, крајно незаинтересиран, јас би им одбрала поубави песни и на четирите, ми станува антипатичен зошто цело време наоѓа изговор кога ќе го критикуваат. Не очекував од него вака да прави. Ги упропастува девојките.
    Илма не требаше да ја пушти во куќата, е сега кога ќе успеат да ја извадат, цела Босна гласа за неа. Да речеме ќе победи, и што ќе освои: албум, два спота и кола :emo: Какви песни ќе пее, какви спотови ќе прави, каква кола ќе вози. Јес дека убаво пее, ама не е тоа тоа. Тамара, сеуште мислам дека има талент ама заради Кики не успева да го прикаже. Коментарот да Кристина беше најкоректен, некој ја води во погрешна насока. Следниот пат мора да пее убава песна, инаку отиде. А за тоа со Жељко, би застанала на нејзина страна, Жељко многу дрско го сфати тоа Океј, хвала. Мислам дека во тој миг Тамара дури и се навреди од коментарот на Жељко па затоа изреагира така. Александра Брковиќ пее преубаво, и ајде не се вадете, фаци правела, не е тоа никаков проблем, а онаа Ката од 4U со тоа рамињата не ви пречи, како крокодил е. И не ви сметаат очите на Јана? Па на Александра и се фативте. Девојката растура. Нема да победи, ама ќе остане подолго. Јас барем така мислам. Александра Секулиќ Искрено и јас не очекував таа да се врати, очекував Маид иако не го сакам. И просто невозможно е да имале исти гласови, не-воз-мож-но.. Александра прекрасно ја испеа таа песната во куќата на Кики, можеби и затоа се врати. Ама тоа што и го кажаа судиите, колку и да мислат така сепак не е во ред пред толку луѓе да се навредува натпреварувач. Предобро е од нејзина страна што не изреагира лошо на тоа. Е сега што е просечна - просечна е.
    Сакав од баражот да се врати Стефан, ама далеку далеку. :D Од овие четворица најсимпатични ми се Јана и Лука. Ама штачеш.

    Кристина Најмногу со нејзините коментари се согласувам, најкоректна е од сите. Само со коментарот на Даниел не ми се допадна и на Александра С. Инаку се’ е супер. Се гледа дека дава се’ за нејзините натпреварувачи и многу е горда на нив. Секоја чест, од сосема различни гласови успеа да ги соедини и да направи нешто.
    Докторите пропуштив да ги изгледам поради глупаците од макс тв. Нели на Макс ТВ е поскасно 10 минути, и баш за нивниот настап се поклопија со она на ТВ. Ние бидејќи имавме слава морав на лаптоп да гледам. :| Ама што ги видов на кратките многу ми се допадна, покушав да гласам и... ај да не кажувам пак, кој го интересира нека ми пробрка низ мислењава во темата. :emo: Сепак денес што го изгледав настапот, многу ми се допаднаа, браво! 4U - не ги слушнав многу гужва имаше, жалам. :( :D H2O Интересни беа... ама мислам дека им дојде време за отпаѓање. Ама и презимето на Маринела игра улога.

    За стајлингот и шминката немам коментар, бљак! :puke: Емина особено, ја уништиле! Ко вампир беше, косата како теле да ја лижело. И Кристина беше многу извештачена. Освен на Алекса и Даниел, стајлигот на сите им беше одвратен.
    Ии.. Апел да се пушти гласање и за водител, гледам и тоа не се погодило.
    Организација нула.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    А зошто викате Тамара на стара слава поминувала? Никој не ја пушта да оди понатаму, очигледно гласа некој за неа.
    А ова со групуве, реално мислам дека имаат повеќе гласови. Во Америка на пример тоа не е релевантно, зошто гласачкото тело е многу поголемо, има и повеќе начини на гласање. Кај нас има многу помалку што гласаат, па може да дојде до израз тоа што тие се петмина во група.
    Се изнасмеав на видеоно од бугарското шоу, водичка како побара Даниел. :D
    Срцка е бре. Ама мислам дека сега е неговото време, делува некако посозреано и можеби затоа и толку се истакна.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Мене сношти само Даниел и Илма ми се допаднаа другите па и не баш.H20 беа забавни за гледање но не испеаа како што треба.Во право беше Жељко кога рече дека вчера скоро сите утнале со песните.Докторите мене никогаш не ме воодушевувале многу, онака просечни се.Лукијан подобро испеа од претходниот пат но Алекса полошо.Уствари на Алекса не му беше погодена песната, Емина требало повеќе да се потруди со оглед на тоа дека Алекса на првиот лајв растури.Харис - жуто пиленце, не ми се допадна.Искрено мене настапот на Маја повеќе ми се допадна одколку на девојките.И каква беше таа песна што ја пееја за враќање назад :o Воопшто не се беа потрудиле и Маја фалшираше но барем убава песна избрала.Тамара прв пат ја расплака Емина и сега ја влечкаат.Ни на првиот лајв не ми се допадна, ни сега.Кики воопшто не се труди за неговите натпреварувачки, се вади со тоа дека сами си бирале песна.Каков ментор е тоа, тој треба да ги советува дали им одговара таа песна или да ми предложи нешто друго.Александра Брковиќ е многу јак вокал и ми се допадна нејзиниот настап.Александра Секулиќ - јас се надевав дека ќе се врати бидејки ме изненади позитивно во Куќата на судиите, и иако сношти и беше послаб настапот какви беа тие коментари на жирито :o Па и Кики, наместо како ментор да се залага за неа тој вели дека затоа не ја избрал во куќата. |( Не им доликуваат воопшто такви коментари, браво за неа што си остана насмеана.Кристина овојпат ме изнервира многу со коментарите, како нејзините натпреварувачи да се совршени а другите не.Стајлингот на сите им беше катастрофа.
     
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Последниот лајв беше нула. Незнам дали се должеше на лошиот избор на песни или на натпреварувачите, но што е многу, многу е...

    Кој од кого повеке фалшираше, навистина беше болно за моите уши, а богами и за очи.
    Незнам кој им е костимографот и подобро, не е за спомнување, но стајлингот им е навистина мн лош, без вкус, ефтин...
    Ана, Емина и Кристина беа навистина убаво облечени, но мислам дека тие се облекуваат сами, бар на мене фустанот и е од турски креатор.

    Лајвот го извади Даниел, тој беше единствен комплетен (како и секогаш). Ептен убаво испеја, не го имитираше Тоше, што ми се уште повеке допадна. Можат да го изберат Даниел за победник уште сега и да заврши шоуто јас мислам.
    Харис како за мајтап да го облекле така, па тој е суштна супротност на Џастин Бибер. Капчето, стајлингот...едноставно не e тоа тој, не е негов стил, нека не го прават детето она што не е со зор. А тој ке проаѓа само затоа што Босанците се фанатици по вакви емисии и гласаат како луди.
    Тамара за прв пат ми остави лош впечаток. Какво беше тоа однесување кон Жељко, толку некултурно и без респект. Мн лошо прифака критики, што и е голем минус.

    Жељко ми е уште од почеток број еден од жирито и се повеке и повеке ми се допаѓа. Најрелани коментари дава, најкомпетентен, искусен...едноставно класа е.
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Даниел е неспорно најдобар, не што е наш ама така е! Да не се повторувам за него, заслужува да победи.

    И јас сум разочарана од испаѓањето на Младен. Ми се допадна уште на аудицијата, ретко убав специфичен глас, ама за жал не палат тие гласови на Балканот.
    Не ми се верува какви се испаднаа. А Харис Чато, Маринела и други треторазредни стигнаа до овде :x . Јас за Чато се зачудив и на аудициите како помина, има турбофолкерски трилер, на страна тоа што уште гласот ќе му мутира и не е дозреан за вакво шоу ама ајде. Па и Маја не е воопшто толку добра во пеењето, имаше далеку подобри од неа што не минаа уште во бут кампот. Па и досадна е, никаков икс фактор нема.
    Александра Бркович не ми се допадна уште на аудицијата и крај, врека само и ништо повеќе. Не знам уште како беа толку воодушевени од нејзината изведба на Бијонсе |( .

    И не знам на Тамара како така одма психолошки профил и направите, од една реченица, имала нешто лудачко, препотентно. Мислам дека само е загубена, ниедна песна што и одговара немаше од аудицијата. Мене пак во Илма ми има нешто антипатично, гласот нема потреба да се коментира ама за таа возраст е веќе доволно вивната во облаци. Ама и песнава бе, Гринејд ми е толку тупа песна за пееење, всушност ја сакам песната ама препеена е веќе во ваков тип на шоуа. Повеќето песни кои им ги бираат се како тие единствени да останале на светот, па дај шта даш.
    Какви се песни нема, ете јас се пријавам да им одберам на сите по една песна, подобар избор ќе направам мајке ми.

    Лукијан не го бев приметила предтоа ама мене ми е одличен. Пее добро, а и мене ми е многу симпатичен. Има некои негови преработки на јутјуб, добро звучи. Алекса има глас кој го имаат и милион други, ништо посебно. Проаѓа на изглед, иако мене не ми е ништо посебно, може позитивно кај него е тоа што засега приземјен ми стои, не се дига премногу. А и прошлиот пат со шпанската песна беше солиден, за таков некој стил е океј. Фор Ју се Вања и придружни вокали како што имате кажано, па и не ми се допадна настапот нивни, не може Feel во таква верзија да ми се допадне . Докторите не се my cup of teа, иако вокално не се лоши.
    А.Секулич исто пројде на лепота. Ја исфалија за таа лепота, ама мене ми е некако специфично убава. Има шарм, појава, ама нешто повеќе, не баш.


    И најнакрај организација - нула. Менуваат водители како ќе им дојде, како маалска заебанција да е. Па Снеже уште ја држат, дај ние од Македонија да напишеме петиција Тони Михаловски да иде место неа, од вакви кокошки аман веќе.
    Стајлинзите ужас, ужас. Само шљокици, светки, мешано све и свашта, фризури на кој каква ќе стигнат. Да не се повторувам ама стилисти, за тоа пари земаат, не како цирузанти сите ги направиле.
     
    На LittlePinky и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=vM5dQ_QjTSY :inlove: :inlove: (ова од минатиот live)
    Својот фаворит не го менувам за ништо Алекса,малку го зафркнаа со микрофонот синоќа ама ајд,инаку срцка е убаво пее и има најубава насмевка.
    За Даниел што да кажам секоја емисија се подобар и подобар само вака да продолжи :)
    Тамара беше катастрофа синоќа мислам дека нејзе подобро би и одговарале некои тажни песни т.е балади.
    Оние од 4U и не се лоши исто и Докторите.
    Инаку замерка ми е леле какви фризури им прават :puke: :puke: подобро една плетенка да си сплетат одколку тие стилисти,фризери што се да им прават фризури :!:
    А за шминката секои пофалби супер :)
    А онаа наша водителка,и таа исто,треба да добие титула за најлошо облечена и за поседување на најлоши фризури!
    Ееее Тони да влезе како водител е тоа би било пресупер :rofl:
    Инаку не би ме зачудило следната епизода да има и нов водител :rofl: