X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Аааааааааах срцееее е. :D :D :D :D :D :*
    И мене ми е фаворит Алекса :lol:
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Изгледа само мене ми се допадна изведбата на Тамара :$ :lol:
     
  3. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека луѓето веќе си имаат избрано фаворит, гласаат за него и ќе продолжат па макар и да зариба некој со некоја песна! Тамара и Харис вчера беа очајни ама кога ги гласаат ќе идат даље!
    Што се однесува до Тони би било супер ама не верувам,башка ангажиран е за танц со звездите нели :)
     
  4. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Иако малку касно, и ја да испразнам душа :lol:

    Стајлингот, шминката и на дел од кандидатите изборот на песни беше ужас. Сите имаа некои фризури во вид на сарми, банани, новогодишни елки, цвеќиња...
    За водителкине да не коментирам. :puke: Поради која причина Славко беше тргнат од водителство? Ми се одгледа шоуто од онаа Ана.

    За кандидатите:

    - Докторите ми беа одлични. И порај тоа шо на повеќето не им се свиѓаа како се претставија во вчерашната епизода, мене ми беа супер. ;)
    - беаа... солидни. Морам да ја пофалам Кристина дека за прв пат(според мене :!: ) имаа добар избор на песна. Мислам дека не заслужуваа да одат во двобој и покрај тоа што соло пееја само Вања и Теодора, а другите две куклички изиграваа пратечки вокали.
    - Н2О ми беа подобри од минатиот пат, и мислам дека само они ме расположија со повесела песна. Повторно ќе кажам, и покрај тоа што Фифи е гласовно подобра од Маринела, добро им се совпаѓаат гласовите ( барем јас очекував лошо на почетокот).

    - Харис ми беше катастрофален во буквална смисла. Не ми е јасно како може во него Емина да го гледа Џастин Бибер. (Да не се разбереме погрешно, јас не сум фан на Бибер :!: ). Воопшто не ми се допадна ниту изборот на песна, ниту стајлингот, а најмалку пак матрицата.Во претходната епизода беше многу подобар. А тоа дека се уште му мутира гласот, да.
    - Лукијан ми беше перфектен. Сакав, но не очекував да го видам во вакво издание. Браво за него! :clap:
    - Алекса позитивно ме изненади. Со исклучок на фактот дека на повеќето тој повеќе им се допаѓаше минатиот вторник, мене во вчерашната епизода тотално ме импресионираше. Песната како да беше создадена за него.

    - Илма си беше беспрекорна како и секогаш. Се уште не сум сигурна за изборот за песна, ама навистина ми се допадна како ја изведе. Дури и ако не кажеа дека е болна немаше да приметам.
    - Александра Б. влезе во листата на моите топ пет! Премоќен, преубав вокал. Нема да ги коментирам фаците кои ги прави додека пее, мислам дека вчера успеа да ги исконтролира.
    - Александра С. ми стана одбивна. Се уште се држам до мислењето дека има убаво гласче (кое баш и не го покажа вчера), ама мислам дека премногу ми се занесува на сцена. Едит: Не ми е јасно како успеа да се врати, бидејќи сите го очекуваа Маид.
    - Тамара исто така сака да ми стане антипатична. Ме изнервира со коментарите кои ги даваше после критиките на жирито во стилот на Океј, хвала. Демек, од едното ми влегува, а од другото уво ми излегува. И не ми се свиѓаше изборот за песна, ама затоа не е она крива.

    - Маја ми беше океј. Не гледав некој голем Х фактор во неа, ама немав ни ништо против нејзе. Мислам дека барем оваа епизода не заслужи да испадне. Супер ја изведе песната „Girl On Fair“ ( ако беше таа песна).
    - Даниел има ли потреба да го коментирам? Повторно беше совршен, како што и сите очекувавме. :)

    Судиите:

    Емина позитивно ме изненади. Како што и треба да постапува еден ментор, си ги пофали нејзините кандидати, а карањето и поправањето на грешките го остави за позади камери. Не велам дека како нивни ментор треба само да ги фали и да викаСупер сте, ама не треба ни на секој испеан тон да наоѓа маани, сепак тоа се нејзини “ученици“, нели? :wasntme:
    Од Жељко очекував многу построги коментари, но сметам дека сосема му беа на место. Мислам дека беше коректен.
    Кристина почна да ми станува арогантна. Се нејзе нешто не и се свиѓа, изборот на песна бил ваков, таков.. По секоја цена да се најде замерка. А да си гледаше малце за твоите кандидати, а? :geek:
    Кики не заслужува да го коментирам, ама ајде од пуста почит.
    Како можеше откако испеа Тамара, и откако ги слушна критиките на жирито кои и ги дадоа за изборот на песна, да и рече “Нели ти реков?“. Боже мој! Па како прав ментор наместо да и наоѓаш маани треба да ја одбраниш.Или уште подобро: штом видел дека таа песна не е за Тамара, зошто едноставно не и дал друга песна за пеење уште на почетокот? (ако воопшто он ги бирал песните) Ама како што имаше погоре наведено од друга феминка: Кај Кики секој сам себеси си е ментор.
    Или кога онаа водителкана објави дека Александра С. се враќа во Х фактор, он наместо да и рече “Браво, многу сум горд што ти се врати..“ или нешто во тој стил, овој вика “ Мене се уште не ми е јасно како ти стигна до овде.“ Навистина немам коментар за човеков. Како да го симнале од друг универзум.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Амин некој здрав коментар! Ова чудо од луѓево, просто гледам и се разочарувам колку вкусот на луѓето е тап и никаков. Според мене Жељко ги имаше најдобрите таленти а еве веќе втора емисија неговите испаѓаат, овие бендовите никакви ги гласаат напалени тинејџерки, луѓе стварно нема смисла...
    Не сакам да навлезам со некого во конфликт, тоа е мое мислење, сепак после емисијата ке излезат на виделина вистинските таленти, површните имаат инстант кариера (ќе се фати како Кико ринглата кај нас во идолот што беше, а каде е сега, не може со талент па по фарми и слични глупости, го проституира паметот) а класиката и она вредното останува!
     
  6. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Така е, се сложувам со тебе. :!:
    Има многу луѓе кои што победиле на вакви шоуа,па никаде ги нема. Додека пак они кои што завршиле на второто или третото место имаат кариера и се познати.
    А инаку и јас сакам Маидчо да се врати. :inlove:
     
  7. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Сите што се останати во Х-фактор пеат убаво, имаат свој квалитет и држат струја. Но, секако тој квалитет се разликува. И јас ќе се согласам со претходниот коментар дека тинејџериве и тинејџеркиве не ги бива многу, на пример групата 4U јас ги слушнав само тие двете девојчиња што пееја, а другите само онака..:/
    Доктори групата беше ок, иако многу не ме импресионираа, но добро..
    H2O се добри, иако мислам дека Џогани се влечка покрај Фифи. Воопшто не ми се допаѓа нејзиниот глас и тоа како пее, ама воопшто. Јас сум горда и на Фифи зашто навистина има глас и став, без разлика дека се претставува како женско..Одлична е!
    Даниел како и секогаш воодушевува, едноставно човек да се наежи кога тој излага онака на сцена и сите се WAOOOOO
    А Маја Новаковиќ што испадна, мислам дека не е во ред. Повеќево од младинава денес гледаат на изгледот и надворешната страна, а ни малку не можат да го забележат квалитетот кој не се гледа туку се докажува. Маја не е толку убава според мене, но сега не е важно да ја коментирам убавината туку она што таа го поседува, а тоа е беспрекорниот и див глас. Браво за неа, вистинска ѕвезда е.
    И како што гледам повеќе поени добиваат според мене помладите, на пример Алекса, група Доктори, Тамара, Александра која се врати повторно, иако тоа не го заслужуваше...
    И колку други излезот од Х-фактор не го заслужуваа, но тоа е. Се знае кој е добар и кој е НАВИСТИНА добар. Но, како што гледам тоа многу не се гледа и не се забележува.
     
  8. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Не мора да значи дека доколку сме тинејџери или тинејџерки гледаме само на убавина, а не дали навистина убаво пее кандидатот или кандидатката и дали навистина има Х фактор. Ние немаме ли право на мислење бе? Како вие да не сте биле на наша возраст. |(
     
  9. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Х- фактор не значи само добро пеење. Има многу кои убаво пеат но немаат х-фактор.
    Незнам зошто сите коментираат дека Александра не требаше да се врати. Девојката има преубав глас, а вчера песната ја испеа прекрасно иако немала време да се спрема како и другите кандидати.
    А претходно некој коментираше дека како е можно да имаат исти гласови со Маид. Тие рекоја дека цело време биле изедначени и на крај Александра имала повеќе гласови. Тоа што го враќаат и Маид сигурно е поради Жељко, и самиот тој искоментира дека ќе го напуштел шоуто ако не го врателе Маид.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
  11. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да кажам нешто.. :D
    Да почнам од Жељко. Тој ми е најкоректен, се што мислам јас тој го кажува.
    Даниел за него нема што да се коментира најдобар :inlove:
    Мајабеше прекрасна и многу ми е мака што испадна, има навистина добар глас. :P
    Маиднајискрено сакав тој да се врати бидејќи има јак глас и мене ми е мил и забавен. :$

    Емина ми е добра, но за некој работи не е во право.
    Алекса ми е просечен, а оди понатаму бидејќи сите му го гласаат изгледот, а не гласот.
    Лукијан сношти ми беше катастрофален, значи ни песна погодено, ни стајлинг..ништоо, а што има убав глас има.
    Харис ми е многу мило детенце и сакам да оди понатаму ама да пее поубави песни, мислам на него не му одговараат песните од Бибер ниту пак личи на него.

    Кики ми е незаинтересиран, така гледа да ги помине девојчињата, а јаки таленти има кај него.
    Александра Б. ми е многу добра, супер и моќен глас има, фацички прави и тоа го оправдувам бидејќи премногу навлегува во песната и ги искажува емоциите..таа ми е еден од фаворитите.
    Илма ми е душичка, има глас и се и е на место иако сношти имаше падови на 2-3 незнам дали забележавте, ама се случува. :P
    Тамара никако не е за х фактор, значи до сега ниту еднаш не испеа како што треба само на аудицијата, но и таму пеењето не и беше нешто но внесе премногу емоции и затоа не убеди дека знае да пее, а последниот настап нема да го коментирам многу само ќе кажам катастрофа.
    Александра С. Таа дури не ни знам како се врати, нема ни глас ни ништо..се врати само за да се перчи на сцена.

    Кристина ми е добра, се труди околу групите се гледа.
    Х2О Само Фифи е добра а таа Маринела се вади со името...нема глас незнае да пее.
    Доктори се добри се гледа дека има таленти.. на последниот настап беа најдобри.
    Само Вања знае да пее другите сите така како куклички стојат на сцена..мислам тие требаа да испаднат на последниот live..


    Толку од мене си реков што ми лежи на душа.. :*
     
    На Lolo5 и jjoovvaannaa им се допаѓа ова.
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Штом публиката гласа и решава се знае дека ќе биде вака.

    Според мене Жељко како ментор ги имаше најдобрите кандидати, и не можам да поверувам дека Младен и Маја испаднаа.....

    Н2О пак поминаа... немам коментар. |(
    Чато катастрофа, Тамара песна заникаде...4U, онаа плавата се шлепа со другите, на ниеден настап гласот не и’ го слушнавме...
    Оваа Секулич што ја вратија е катастрофа невидена... помислив вчера дека ќе ја изфрлат веднаш по влагувањето. :D

    Добро е Маид што ќе се врати наредната недела. :dance:
     
    На mileystar, Gioia, ivana63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Со враќањето на Маид,Даниел добива посилна конкуренција. Многу луѓе ќе гласаат за Маид и тоа нема да е добро за Даниел. И не е фер тоа што Маид се враќа кога другиве кандидати веќе два пати настапувале. Затоа не сакам што се врати Маид.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Допирна точка нема овај со Лукијан :D
    Само колку е различен од него :D Не вервам јас да е Лукијан :) и општо се гледа дека не е тој
    [​IMG]
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.118
    Пол:
    Женски
    Што има врска тоа.
    Нека победи најдобриот.
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Стварно бе не личи овој на Лукијан,а на ЈТ личи.Иначе на страната не напишале дека и Стефан е во спотот :inlove:
     
  17. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Да појасниме, Лукијан во спотов е кај Емина, ама не е овај главниов лик.
    http://www.youtube.com/watch?v=msmAaon0uY0
    Запазете на 2:13
    еве и слика...го има и на повеќе места низ спотот ако гледате внимателно :)
    [​IMG]
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си кажам нешто. :)

    Се' на се' вчера не беше воопшто интересно освен што се изнаслушавме триста критики и зајадливи коментари од страна на жирито кон кандидативе. И со право, јас и построго би ги поредила. Мило ми е што Жељко не ме разочара. Пред неколку дена кажав за него дека го сменив мислењето кон подобро и уште стојам на тоа дека е најкомпетентен и најискусен. Најмногу знае да препознае талент, но и да процени една личност. Се' што им кажа и за се' што ги искритикува уште на првите аудиции се покажува како точно сега. За другиве од жирито не ни сакам да трошам време за коментирање. Кристина почна страшно да ме нервира, зашто за се' она има коментар, а не секогаш и' е издржан, Кики ми беше барем малку од малку мил на почеток, а сега ни тоа зашто нема ни м од ментор, а Емина сите ја критикуваат и пишуваат дека е само за украс таму ама вака-така си ја тера работата, не дава ни збор да се каже за нејзините кандидати и плус се залага премногу за нив, сега колку и како може она да ги научи е друга приказна ама барем се труди премногу за разлика од Кики на пример и тоа според мене е за почит.

    Единствено немам замерка за Даниел па и за Илма би рекла со мала замерка да се поправи понатака со изборот на песни. Двајцата се врв. Е сега лошо е што Илма е кај Кики и тука малку ја кочи зашто не знае да и' одбере песна. Штета за неа, она може цела сала на нозе да ја крене, а вака не дава ни 15% од гласот, барем не со овие песни. Даниел ми е комплетен пејач и не знам ни што воопшто бара таму, нека му снимат песни и нека си оди од циркузов. Пред се' има глас, па потоа и харизма, скромност, прати камери, движења на сцена, изгледа како воопшто да нема трема и што е најважно е свој, и со пеењето и со стилот, преубаво беше облечен и претходниот пат и вчера.

    Другиве чиста просечност. Женската група (не знам ни како се викаа ги мешам со името на Фифи и Маринела) ништо посебно. Има една, две од нив што пејат ок ама севкупно сите четири кога ќе ги видам се катастрофа. Чиста просечност. Вчера и мене да ме ставеа на сцена ќе испеев исто како нив, гарантирам, не се зафркавам, сериозна сум.

    Доктори исто, вака кога ги слушам ми се онака, ок ама ништо WOW, да ме натераат да речам дека се нешто невидено до сега. Го немаат тоа нешто и мислам дека ќе се провлекуваат само зашто тинејџерките ќе гласаат за нив, и штета ќе биде.

    Алекса има глас кој го имаат 70% од пејачиве на Балканов. Ништо посебно. Може само да пее песни како вчера што пееше од Борис Режак, Бојан Марович, и такви некои жалопојки. Исто и тој како Доктори само тинејџерки ќе гласаат за него и тој ќе остане до крајот, ќе видите.

    Фифи и Маринела, катастрофа. Фифи има подобар глас од Маринела ама не може да се споредува со другиве. Кога ги слушам срам ми е мене за нив. Жалосно.

    Лукијан под хитно дома да си оди. Како изгубен германец е. Нит знае што пее, нит знае која камера го снима, де оди понапред од матрицата, де поназад, мене воопшто не ми е пријатен за гледање на сцена. Цело време како да се брка со песната.

    Тоа малото од Босна, Џато или Чато врска немам како му беше презимето ми е чиста турбофолкерска ѕвезда. Жељко уште на првата аудиција му кажа дека е само за севдалинки и навистина така излезе. Џабе Емина го форсира, си ја имаа таа жичка во гласот и тоа е тоа. Не заслужува да биде таму, уште кога беа во куќите не требаше да го пушти понатака, наместо него требаше Милош да влезе, многу ми е криво за него.

    Александра плавата, не знам, има некако моќен глас, тоа да, ама не ми е убава за око, не мислам на физички изглед туку мислам за на сцена. Фаците не и' чинат и тоа го растура севкупниот впечаток.

    Тамара ме разочара најмногу, ми беше еден од фаворитите и мислев дека ќе растури на live настапите ама ништо и излезе нешто што не го мислев. Жељко убаво и' кажа вчера. Ама и Кики па не требаше да ја нападне, тоа не е ментор. Како и да е ако не го промени стилот на музика и облека ништо не прави. Може ќе гласаат за неа, ќе се провлекува понатака некако ама нема да изгради кариера кога ќе излезе. Штета, а мислам дека има потенцијал.

    Маја испадна и мислам дека заслужи. Мене не ми се допаѓаше уште од самиот старт. Ми нема некој потенцијал којзнае каков. Едноставно не е за таму.

    Е сега мене не ми е јасно од каде Александра излезе да се врати. Тоа е нешто сомнително. Плус кажаа дека само еден се враќа, а сега и Маид. За Маид иако не можам органски да го сварам, страшно ме нервира и е премногу препотентен, сепак морам да признаам дека има талент, а Александра се вади на трепкање со очињата, невина насмевка и фрцкање на сцена. Тоа овде не се бара и воопшто не заслужи да се врати, не знам од каде излезе тоа, најмалку очекував она да се врати.

    Водителката ми е одличен избор. Можеби и Славко се снаоѓаше ама тука не се бара снаодливост туку искуство. Ана не знам дали ја знаете ама јас ја имам многу гледано како водителка и во други вакви настани и е водител на место. И речник, и знае прашање да постави, знае кога треба да се шегува, а кога не, знае да се држи на сцена, знае тоналитетот на гласот да го менува кога е потребно итн итн. Ана им е чист погодок, требаше уште на самиот почеток да ја стават неа за водител, а не да експериментираат. Снеже, сирота, сиромашката врска си нема од животот. Не знам ни како се најде таму, ни кој ја прати неа. Брука невидена. Единствено беше добро од нејзина страна што вчера го исправи Жељко за направената грешка. Тука беше добра, фала богу една паметна работа да направи. Другата со неа што беше, иста дури и бетар од нашава Снеже. Јас не би им дала ни Среќни коцки да водат, а не X Factor.

    Мислам дека после вчерашните настапи сите малку ќе се замислат и ќе вежбаат повеќе. И менториве мислам дека уште посериозно ќе си ја сфатат работата, зашто вчера сите потфрлија. И кандидати и ментори.
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Ај и јас да прокоментирам нешто.

    Ментор: Емина Јахович Сандал- Мене Емина ми е многу слатка, а и како добра менторка се покажа, мислам дека најмногу се покажа и се потруди да им одбере добри песни.
    Алекса- Мојот нааааајголем фаворит. Мене лично многу убаво ми пее, а во првиот лајв беше навистина фантастичен. И мнооогу ми е убав. :inlove: :l:
    Харис- Мојот втор фаворит. За негови години ставрно многу ми се допаѓа како пее, а најмногу во вториот лајв, облека, песна, светла сеее. :inlove:
    Лукијан-Хмм, па според мене некако Лукијан ми пее просечно, не е баш нај нај ама шо знам...
    -----------------------------------------------------------------------------------------
    Ментор: Жељко Јоксимович- Мислам дека воопшто не се потрудува за групата негова. И онака двајца само од неговата група испаднаа.
    Даниел: Човеков навистина прекрасно ми пее. Најмногу ми се допадна во вториот лајв.
    Маја: Воопшто не ми се допаѓа како пее. Незнам зошто.
    -----------------------------------------------------------------------------------------
    Ментор:Кристина-Од нејзините групи единствени ми се допаѓаат само H2O, мислам дека е добра менторка.
    Доктори: Ич,ама ич не ми се допаѓаат. Одвратни ми се незнам зошто. Стварно не се навредувајте тие што ги сакате Доктори.
    H2O: Преубаво ми пеат и двете. Иако Фифи некогаш по малку ме нервира.
    4U:Добри се, ама не се перфектни, од нив го слушам гласот на таа со црвената коса и една со кафена коса, а таа со плава коса ми се чини дека само шепоти(или па само ја отвара устата, без глас да пушти).
    -----------------------------------------------------------------------------------------
    Ментор: Кики Лесендрич(мислам дека така се презиваше)- Е значи човеков стварно воопшто не му е гајле за неговата група, ама воопшто. Посебно ме изнервира кога и рече на Тамара дека она е крива за песната, дека они сами си ја одбирале, наместо да ја одбрани зошто и е ментор.
    Илма: Мислам дека стварно летна во облаци откако ја пофалија дека мнооогу убаво знае да пее. Почна многу да се прчосува. А и во првиот лајв беше облечена премногу сериозно за нејзините години. Како 30-35 години да имаше.
    Тамара:Кога првиот пат испеа, ме расплака. Ама во вториов лајв мноооооогу ме разочара, ама многу.
    Александра С.:Убаво испеа, ама незнам стварно зошто ја вратија, мислам дека не требаше.
    Александра Б.: Многу убаво пее, незнам зошто во првиот лајв отиде на двобој, мене многу убаво ми испеа и тогаш.

    Многу ме изнервира кога видов во првиот лајв дека скоро сите девојки(ако не и сите) носеа црвен кармин.
    А за водителката Ана немам шо да кажам, како машко е, зарем не можеа да најдат барем некоја како шо треба, а не да згрешава по 100 пати. За нашава па само нешто прича де српски де македонски, меша само.
    За фустаните немам зборови. Поголеми палта, чевли, сукњи, помали броеви на фармерки и пантолони, ланчиња со машни како украсите од елката, обетки новогодишни лампиони и шо уште не... Не, не, и НЕ! Многу слаба организација!
    Сето ова е мое мислење, немојте да се навредите. :)
    Поздрав. :hai: :*
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Ме интересира,ваше мислење зошто толку се радувате што се врати Маид? Навистина не ми е јасно.
     
    На Lella и Seashell31 им се допаѓа ова.